feature

Познати сите учесници на Купот на Африкански нации

Со натпреварот од групата Ц во кој репрезентацијата на Камерун го совлада Бурунди со 3-0, станаа познати сите учесници на завршниот турнир од Купот на Африканските нации 2024. Победата синоќа на Камерунците, но и на Намибија им гарантираше учество на завршниот турнир.

Комплетниот список на патници на финалниот турнир на КАН 2024 кој е закажана за 12 октомври во Абиџан го предводи селекцијата домаќин: Брегот на Слоновата коска, како и актуелниот шампион на Африка, репрезентацијата на Сенегал.

Останатите учесници на КАН 2024 се: Мароко, Алжир, Јужна Африка, Буркина Фасо, Тунис, Египет, Замбија, Екваторијална Гвинеја, Нигерија, Гвинеја-Бисао, Зеленортските Острови, Мали, Гвинеја, Гана, Ангола, Танзанија, Мозамбик, ДР Конго, Мавританија, Гамбија, Камерун и Намибија.


Букер ќе игра за САД на олимпискиот турнир во Париз

Ѕвездата на Феникс Санс, Девин Букер, ја изрази својата подготвеност да биде дел од тимот на САД на Олимпијадата во 2024 година. Букер му одговори на Кајл Кузма, кој смета дека проблемот со тимот на САД е неможноста на играчите да ја прифатат улога во тимот.

„Ќе го направам тоа. Ќе играм за САД на ЛОИ во Париз следната година“, потврди Букер.

Тимот на САД го освои четвртото место на Светското првенство во 2023 година, што се смета за комплетно фијаско.


Пелистри добива нов договор на Олд Трафорд

Раководството на Манчестер Јунајтед ќе му понуди нов договор на 21-годишниот уругвајски крилен напаѓач, Факундо Пелистри.

Фудбалерот има тековна соработка со „црвените ѓаволи“  до јуни во 2025 година а преговорите за продолжување на истата се започнати некаде во април годинава.

Според англиските медиуми, Уругваецот поради многуте проблеми во составот би можел да го има првиот меч на домашен терен против Брајтон во петтото коло од Премиер лигата.


Четиригодишна суспензија за Симона Халеп

Симона Халеп е суспендирана на четири години поради кршење на антидопинг правилата. Двократната Грен слем шампионка беше обвинета за два одделни прекршоци. Првично, забранетата супстанција роксадустат беше пронајдена во нејзиниот примерок од УС Опен 2022 година, а потоа се појавија наводи во врска со биолошкиот пасош на спортистот.

На 28 и 29 јуни 2023 година се одржаа состаноци на независниот трибунал во Лондон. Тие слушнаа докази од експерти кои зборуваа во име на Халеп и Меѓународната тениска агенција за интегритет (ITIA), а Романката исто така сведочеше пред панелот.

На 11 септември, Трибуналот потврди дека ја прогласил Халеп за виновна за намерно прекршување на анти-допинг правилата. Трибуналот ги прифати аргументите на Халеп дека земала контаминиран додаток, но пресуди дека количината што ја консумирала не можела да резултира со концентрација на супстанцијата пронајдена во позитивниот примерок. Халеп е суспендирана од октомври 2022 година. Трибуналот овој период го вброи во периодот на дисквалификација, па истиот ќе трае до 6 октомври 2026 година.


Баерн го претстави споменикот на Герд Милер

Баерн му подигна споменик на легендарниот Герд Милер.

Статуата на најдобриот стрелец во историјата на Баерн и целиот германски фудбал денеска беше откриена пред домот на Баварците, „Алијанц Арената“.

Герд е рекордер на Баерн со 568 гола во 611 натпревари, шампион од Евро 1972 и Светското првенство 1974 како дел од германската репрезентација, трикратен освојувач на европскиот куп, освојувач на Златната топка 1970 и Златна копачка (1970, 1972) .

Милер почина на 14 август 2021 година на 75-годишна возраст.


Ел Гази од ПСВ Ајндховен ќе го менува Санчо во Јунајтед

Манчестер Јунајтед би можел бесплатно да го ангажира поранешниот крилен напаѓач на ПСВ.

Од Манчестер Јунајтед размислуваат да го ангажираат  Анвар Ел Гази како слободен играч, пренесува „Дејли Мејл“. Минатата недела 28-годишниот фудбалер со заедничка согласност го раскина договорот со ПСВ .

Покрај Манчестер Јунајтед, за екс-играчот на Евертон и Астон Вила конкурираат и клубови од Саудиска Арабија.

Манчестер Јунајтед ја гледа опцијата за трансфер за Ел Гази поради проблемите со Ентони и Џејдон Санчо. Бразилецот привремено нема да игра за клубот поради обвинувања за насилство, иднината на Англичанецот во тимот е доведена во прашање поради конфликт со тренерот Ерик тен Хаг.


Арсенал не го пријави Тимбер за ЛШ

Дефанзивецот на Арсенал, Јуриен Тимбер, неочекувано беше изоставен од 25-члениот тим на Микел Артета за натпреварите од групната фаза во Лигата на шампионите.

Холанѓанецот кон средината на август ги скина вкрстените лигаменти на десното колено и ќе мора да закрепнува околу половина година. Сепак, тој би можел да биде вклучен во јануари, кога списокот би можел да се ажурира доколку Арсенал ја помине групната фаза.

Наместо Тимбер, на списокот се ветеранот Седрик Соарес и 18-годишниот одбранбен играч Лино Соуса. Остатокот од летните засилувања – Деклан Рајс, Каи Хаверц и Дејвид Раја логично се пријавени за натпреварите од Лигата на шампионите, од кои првиот е против ПСВ Ајндховен на 20 септември.


Бернардо Силва и Дани Олмо следи трансфер желби на Барса

Барселона за една година може да ги купи играчот од средниот ред на Манчестер Сити, Бернардо Силва или играчот од средниот ред на Лајпциг, Дани Олмо, со плаќање на сума за обештетување. Ова го пренесува „Мундо Депотриво“.

Се дознава дека овие играчи, кои неодамна ги обновиле договорите со своите клубови, вклучиле дополнителна клаузула во нив, според која ќе можат да ги напуштат своите сегашни тимови по една година доколку клубот заинтересиран за нивните услуги плати приближно 60 милиони евра. Се нагласува дека минатото лето Барселона имала намера да го земе Силва на бесплатна позајмица за сезоната со обврска да го откупи дополнително, но управата на Сити не била задоволна од таквата понуда.

Да потсетиме дека оваа сезона Бернардо Силва учествуваше на 3 премиерлигашки натпревари, на кои не беше ефикасен. За возврат, Олмо одигра три натпревари за РБ Лајпциг во Бундеслигата, во кои постигна два гола


Три големи ѕвезди одбиле да се преселат во Саудиска Арабија

Напаѓачот на Барселона, Роберт Левандовски, играчот од средниот ред на Манчестер Сити, Кевин Де Брујне и дефанзивецот на Реал Мадрид, Давид Алаба, не сакале да се преселат во Саудиска Арабија, објави новинарот Фабрицио Романо.

Според Романо, тројцата играчи добиле неколку понуди од арапски клубови. Сите одбија. Конкретни клубови не се наведени. Левандовски сакаше да остане во Барселона, како и Де Бруин во Манчестер Сити. Алаба не сакаше ниту да ги разгледа предлозите.

Претходно беше објавено дека Кевин Де Брујне ќе ги одбие сите понуди да се пресели во шампионатот на Саудиска Арабија, бидејќи сака да ја заврши кариерата во Манчестер Сити. Де Брујне е целосно задоволен од животот во Манчестер.

Да потсетиме, белгискиот играч за врска стана играч на „граѓаните“ во 2015 година. За ова време, тој учествуваше на 243 натпревари во Премиер лигата, на кои постигна 64 гола и 107 асистенции.


Блан доби отказ, Гатузо најсериозен кандидат да го наследи

Поранешниот француски репрезентативец и поранешен селектор на Французите, Лоран Блан доби отказ во Лион, а веќе е познат и првиот кандат за негов наследник.

Лион во првите четири кола освои само еден бод и запиша дури три порази со што се прели чашата на „Жерлан“. Поради тоа клубот го отпушти Блан кој во октомври го наследи Петер Бош.

Со Лион Блан имаше договор на три години, меѓутоа си замина по само 11 месеци. Медиумите најавуваат дека прв фаворит да дојде на негово место е легендарниот Италијан Џенаро Гатузо. Ако преговорите со Гатузо не успеат, резервна опција е Оливер Гласнер од Ајнтрахт Франкфурт.