feature

Почнува шпанскиот Суперкуп, домаќин пак Саудиска Арабија

Саудиска Арабија од денес ќе биде домаќин на заршницата на шпанскиот Суперкуп. Веќе денеска на програмата го имаме првиот полуфинален меч во Џеда.

Барселона во битката за ново фунале во Суперкупот ќе се сретне со екипата на Атлетик (Б), додека утре Реал Мадрид ќе се соочи со Мајорка.


Дешамп заминува по Мундијалот во 2026 година

Селекторот на француската фудбалска репрезентација, Дидие Дешамп најави заминување од позицијата по Светското првенство во 2026 година.

„Не сум тука да објавам, но тоа ќе се се случи во 2026 година. Со репрезентацијата работам од 2012 година, договорот е до 2026 година, до следното Светско првенство. И тогаш тоа е тоа, во одреден момент треба да завршите. Во мојата глава созреа јасна одлука. Мојата работа ја извршувам со постојана желба и страст да се осигурам дека француската репрезентација го одржува највисокото ниво. 4 години е многу време. Не сум тука за рекорди, најважно е францускиот тим да остане на врвот, каде што е долги години“, рече Дешамп.

Под негово водство, „триколорите“ ги освоија Светското првенство 2018 и Лигата на нации 2021/22, а станаа и сребрени на Евро 2016 и Светско првенство 2022 година.


Саинц по само две етапи се откажа од релито Дакар

Шпанецот Карлос Саинц влезе на релито како актуелен шампион, но 48-часовната втора етапа се покажа како точка од која рели ветеранот не може да го продолжи настапот со својот копилот Лукас Круз.

Саинц се извртел со својот Форд Рептор по излетување од песочна дина со брзина од 327 км/ч, при што го оштетил заштитниот кафез, а стјуардите по деталната истрага процениле дека тој е сериозно оштетен и поради не постојат услови за продолжување на релито.

Оценката на одговорните е дека Саинц и Круз би биле во голема опасност при повторување на сличен инцидент, па го искористиле правото да ја елиминираат шпанската посада од настапот на Рели Дакар.

Негативното сценарио е удар и за Форд, кој се врати на релито со големи амбиции, а веќе имаше проблеми и со Нани Рома, кој и покрај техничките проблеми ќе може да продолжи со настапот во третата етапа.

Поврзани теми


Сем Декер од Хувентуд се сели во Реал

Реал Мадрид сака да го доведе Сем Декер, крилниот центар на Хувентуд од Бадалона.

Американецот кој е висок 203 сантиметри има привремен договор со тимот од Каталонија кој истекува на 18 јануари, а по тој датум би можел да премине во кралскиот клуб.

Еден од најзаслужните е што Хувентуд е меѓу клубовите кои изборија пласман на завршниот турнир од Купот на кралот.

Во Ендеса лигата просечно бележи 14,3 поени со 52 отсто шут за два и 50 отсто за три поени.


Сон доби нов договор во Тотенхем

Тотенхем ја искористи клаузулата од договорот и го продолжи договорот на Сон до летото 2026 година, беше потврдено во вторникот.

Хјеон Мин Сон пристигна во Тотенхем во 2015 година од Баер Леверкузен. Оттогаш, тој одигра 431 натпревар за Спарс, постигнувајќи 169 гола.

Само во Премиер лигата, јужнокорејскиот репрезентативец забележа 320 настапи, 125 гола и 68 асистенции.

Оваа сезона одигра 17 натпревари во Премиер лигата за Тотенхем, постигнувајќи пет голови и асистенција на шест пати.

Тотенхем веста за продолжување на соработката ја објави ден пред полуфиналниот натпревар од Лига купот во кој ќе ги одмери силите со Ливерпул.


Консеисао: Освојувањето на Суперкупот е подвиг на моите фудбалери

Тренерот на Милан, Серхио Консеисао е импресиониран од својот тим по победата над Интер (3-2) во финалето на италијанскиот Суперкуп.

„Многу сум среќен за тимот – не беше лесно, атмосферата не беше најдобра. Тоа е подвиг што го истакнаа и солзите на крајот од мечот. Имавме неколку дена да работиме на важни детали, а се соочивме со две многу силни екипи. Магијата ја создадоа играчите кои ги прифатија моите идеи“, рече тренерот на прес-конференцијата по натпреварот.

Милан губеше со 0-2 во текот на натпреварот, но на крајот од натпреварот успеа да се врати и да ја одземе победата со гол во судиското надополнување.

Милан го освои италијанскиот Суперкуп по осми пат во својата историја и се изедначи со Интер. Последен пат црвено-црните го освоија турнирот во 2016 година.


Инзаги: Лошо ја контролиравме играта при 2-0

Тренерот на Интер, Симоне Инзаги се осврна на поразот од Милан (2-3) синоќа во финалето на италијанскиот Суперкуп.

„Пред сè, мора да му честитаме на Милан бидејќи не се откажаа и покрај тоа што загубија со два гола разлика. Кога резултатот стана 2:1, лесно ја губевме топката, иако требаше да ја контролираме ситуацијата, потоа имавме неколку шанси да го вратиме водството со два разлика, но нивниот голман имаше одлични одбрани. Тоа е болен пораз, но имаше болни порази низ годините и тимот секогаш се креваше. Одиме дома да ги излечиме нашите рани, имаме неколку нови повреди, но имаме шест натпревари за 18 дена, така што треба веднаш да се вратиме на вистинскиот пат“, изјави Инзаги.

Милан губеше со 0:2 во текот на натпреварот, но на крајот од натпреварот успеа да направи пресврт и да го освои Суперкупот на Италија по осми пат.


Два бренда прават коалиција: Адидас влегува во Мерцедес

Германскиот производител на спортска опрема најави почеток на повеќегодишна соработка со „Мерцедес“. Тимовите на „Мерцедес“ ќе бидат облечени од глава до пети во „Адидас“ кој ќе ја произведува нивната облека, обувки и сите додатоци. Опремата ќе ја добијат сите – возачи, механичари, инженери…

Јавноста за прв пат ќе види во февруари како изгледа новата опрема на „Мерцедес“.

„Планиравме и неколку лимитирани производи за оваа сезона“, соопштија од „Мерцедес“.

Ова секако е голема промена за самиот „Мерцедес“, кој досега како спонзори на опремата ги имаше „Пума“ и брендот „Томи Хилфигер“.


Гвардиола го опомена Грилиш и му порача да ја врати старата форма

Џек Грилиш треба да се врати во старата форма и да се бори за стартно место во англискиот фудбалски клуб Манчестер Сити, изјави менаџерот на тимот Пеп Гвардиола, цитиран од медиумите на Островот. Англискиот репрезентативец беше клучен играч во тројната круна во 2023 година, но беше изоставен од стартната постава оваа сезона и беше на клупата за резервната победа од 4-1 против Вест Хем викендот.

Грилиш, кој долго време беше надвор од теренот поради повреда, има само шест премиерлигашки старта во новата сезона. Наместо него, игра Бразилецот Савињо.

„Савињо е во подобра форма од Џек и затоа игра. Дали го сакам тој Џек кој ја освои тројната круна? Да, но се обидувам јасно да размислам за тоа. Секој треба да се бори за своето место во стартната постава, и не мислам дека со овие зборови можам да навредам некого“, изјави Гвардиола.

Гвардиола вели дека сите во тимот мора да се докажуваат.

„Џек треба да се мотивира да се бори за своето место со Савињо и да ја заработи својата стартна позиција. Тој мора да го прави тоа ден за ден, недела по недела, месец по месец. Џек беше повреден и треба повторно да влезе во ритам. Треба да игра, но пред тоа треба да тренира. Не се сомневам во неговите квалитети, ниту во оние на останатите наши играчи. Да немаа нив, тие не би биле тука“, истакна тренерот на Сити.


Маркињос е најтрофејниот: 31 трофеј во ерата во ПСЖ

Со освоената титула во францускиот Суперкуп вчера, капитенот на Пари Сен Жермен, Маркињос стана рекордер на клубот по освоени трофеи. Уште повеќе, Бразилецот веќе е играчот со најмногу одличја во историјата на францускиот фудбал.

Маркињос има импресивен 31 трофеј зад своето име – девет титули во Лига 1, седум Купови на Франција, шест Лига купови и девет домашни Суперкупа. Со трофејот освоен вчера против Монако (1:0), централниот дефанзивец го престигна својот до неодамна соиграч, Марко Верати кој има 30 трофеи.

Маркињос (30) ги има сите шанси да го зголеми бројот на трофеи во својата витрина, бидејќи ПСЖ води на табелата и е во конкуренција за Купот на Франција.

По Бразилецот и Верати, Тиаго Силва и Преснел Кимпембе со по 23 трофеи, како и Единсон Кавани, кој има 21, се меѓу првите топ 5 освојувачи на почести во дресот на „принцовите“