feature

Интер го сака Ндомбеле за крај на преодниот рок

Интер е многу активен во последните денови од трансфер пазарот и сака да доведе уште еден играч за врска.

„Нероаѕурите“ денес го потврдија трансферот на Бенџамин Павар од Баерн Минхен за 30 милиони евра, но Инзаги сака да го засили средниот ред со уште еден играч.

Прва мета е Ндомбеле, кој минатата сезона ја помина на позајмица во Наполи и добро ја познава Серија А.

26-годишниот Французин не е во плановите на Тотенхем, па Интер сака да ја искористи таа ситуација и да го доведе на едногодишна позајмица.


Ансу Фати пред потпис со Брајтон

Младиот фудбалер на Барселона, Ансу Фати, веројатно ќе оди на позајмица во екипата на Брајтон, велат последните информации од Шпанија.

Откако стана јасно дека нема да добие поголема минутажа од тренерот, Чави, напаѓачот се реши да го напушти стадионот – „Камп Ноу“.

За неговиот потпис беа заинтересирани екипите на Челзи и Тотенхем но, тој се определи изненадувачки да оди во Брајтон. 


Шпанецот Луис Алберто верен на Лацио

Луис Алберто откако ги одби понудите да се пресели во Саудиска Арабија, се определи да ја продолжи соработката со Лацио до 2028 година.

Фудбалерот од средниот ред кој беше купен од шпанската Севилја во 2016 година, е еден од најстандардните во редовите на „римските орли“.

Тој за лацијалите има одиграно 260 натпревари и постигнато 47 голови.


Нотингем Форест пред потпис со Влаходимос

Англиските медиуми објавија дека Нотингем Форест ќе плати девет милиони евра за потписот на голманот на Бенфика, Влаходимос.

Грчкиот интернационалец откако ќе се склучи договорот веднаш ќе ја напушти Португалија и ќе замине на задолжителни лекарски прегледи во Англија. Влаходимос е роден во Штутгарт и поседува германски пасош. Тој потекнува од фудбалската школа на популарните „шваби“.

Претходно има играно и за Панатинакос. За екипата на Бенфика бранеше на 151 меч.


Рафтер: Има само два кандидати за освојување на УС Опен

Започна последниот грен слен за оваа година Ју-Ес Опен на кој еден
од главните фаворити за пехарот Новак Ѓоковиќ веќе ја запиша првата победа и обезбеди место во второто коло.
Ѓоковиќ беше фуриозен и победи со чисти 3-0 и со тоа најави атак на
пехарот, поточно 24. триумф на најголемите турнир во овој спорт.
Според Патрик Рафтер кој своевремено двапати беше најдобар во
Њујорк, шампионот во САД треба да се бара токму меѓу Ѓоковиќ и
Карлос Алкараз.
„Новак секако е способен повторно да се врати на првото место.
Знаеме дека тој е еден од најдобрите на сите времиња, заедно со Рафа
и Рожер. Меѓутоа годините го стигнуваат, Алкараз станува голем
ривал.
Според мене, тие се издвојуваат од останатите. Има некои други
момци кои тропаат на вратата, но тие сè уште не се на тоа ниво.

Шампионот, според мене, треба да се бара меѓу нив двајца“, заклучи
некогашниот светски рекет број еден.


Познат идеалниот тим на Премиер лигата, доминираат ѕвездите на Сити

Професионалната асоцијација на фудаблери традиционално ги бира
најдобрите на стартот на секоја нова натпреварувачка сезона, што
всушност се дадени гласови за најдобрите на сезоната која е завршена пред неколку месеци.
Англиските фудбалски ѕвезди се собраа на едно место и Ерлинг
Халанд беше избран за најдобар играч од страна на ПФА
асоцијацијата, додека за најдобар млад играч беше избран Букајо
Сака.
Очекувано, најголемо внимание привлече изборот за тимот на
сезоната во англиската Премиер лига, а не е никакво изненадување
што доминираат играчи на Манчестер Сити и Арсенал.
Шампионот Сити има пет претставници во идеалните 11 и тоа се
Стоунс, Диаш, Родри, Де Брухне и Халанд, додека од Арсенал беа
избрани Рамздејл, Салиба, Одегард и Сака.
Единствените двајца играчи кои се најдоа меѓу најдобрите, а не се од
двата најдобри тима, се Хари Кејн кој направи трансфер во Баерн
Минхен, како и Киран Трипие кој имаше страшна сезона со Њукасл.
Во идеалниот тим сепак немаше место за Маркус Рашфорд, без оглед
на тоа што најдобриот играч на Јунајтед постигна 17 гола и запиша
пет асистенции.


Бертанс се повреди и предвреме го заврши Мундобаскетот

Капитенот на летонската кошаркарска репрезентација Даирис Бертанс се повлече од Светското првенство поради повреда на бутот, соопшти денеска Летонската федерација.
Бертанс се повреди во неделата за време на втората четвртина од
натпреварот против Франција, кој Летонија го доби со 88-86 во
Џакарта.
Тој беше најдобар стрелец на тимот со 20 поени во првиот натпревар
на турнирот на 27 август и победа од 109-70 против Либан.
Летонија првпат игра на Светско првенство, а со две победи во
групата Х се пласираше во втората фаза од натпреварувањето.
Денешниот натпревар меѓу Летонија и Канада ќе решава за првото
место во групата, бидејќи и Канада има две победи.


Ал Итихад ја зголеми понудата за Салах

Челниците на Ал Итихад се подготвени да му понудат на Ливерпул 150 милиони евра (162 милиони долари) за египетскиот фудбалски репрезентативец Мохамед Салах, пренесува ЦБС Спорт.

Салах сака да ја продолжи кариерата во Саудиска Арабија, а челниците на Ливерпул постојано негираа дека планираат да го продадат египетскиот напаѓач.

Наведениот извор тврди дека управата на Ал Итихад си поставила главна цел до крајот на преодниот рок, односно до 20 септември да го ангажира египетскиот репрезентативец.

Извори блиски до преговорите наведуваат дека Ал Итихад на Ливерпул би му платил загарантирана отштета од 108 милиони долари, а англискиот клуб преку бонуси би можел да добие уште 54 милиони долари.


Варан надвор од терените повеќе од еден месец

Тренерот на фудбалерите на Манчестер Јунајтед, Ерик Тен Хаг се соочува со големи проблеми во дефанзивниот ред.

Последните вести од Англија велат дека стоперот, Рафел Варан, ќе пропушти неколку недели поради повредата здобиена на мечот со Нотингем Форест.

Тој ќе им се приклучи во лекувањето на Лук Шо и Тајрел Маласија. Французинот беше стартер во сите три меча од почетокот на сезоната.


Бето го замени Удинезе со Евертон

Напаѓачот на Удинезе, Бето, ќе се пресели во екипата на Евртон. Англискиот тим за неговиот потпис ќе плати 30 милиони евра, велат денешните информации од „чизмата“.

Португалецот кој има 25 години, во изминатите две сезони за екипата од Удине постигна 22 гола и направи 3 асистенции на 65 средби.

Бето со „карамелите“ ќе потпише договор за наредните четири сезони.