feature

Зенит го врати ветеранот Швед во руската Премиер лига

Рускиот кошаркар Алексеј Швед се враќа во европската кошарка по авантурата во кинескиот клуб Шанши Лунгс откако Зенит го потврди потписот на 36-годишникот на договор кој важи до крајот на сезоната 2024/2025.

Кошаркарот својата професионална кариера ја започна во 2006 година и во текот на истата постигна бројни успеси. Тој е освојувач на Евролигата, два пати најдобар стрелец во тоа натпреварување, МВП на Еврокупот и бронзен олимписки медалист со руската репрезентација.


Алкараз прв четвртфиналист на Австралија опен

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз, се пласираше во четвртфиналето на АО, откако неговиот ривал Џек Дрејпер му го предаде мечот кога беше 2-0 во сетови за Шпанецот.

Алкараз „тесно“ го доби првиот сет со 7-5, но во вториот беше фуриозен и го доби со 6-1, по што Дрејпер не можеше да го следи ритамот, и му го предаде мечот. Алкараз во 1/4 финалето го чека победникот од Ѓоковиќ – Лехечка.

Во 1/4 финалето се пласираше и Тому Пол, кој со 3-0 (во сетови 6-1, 6-1, 6-1), го совлада Давидович-Фокина од Шпанија. Пол го чека победникот од Умберт – Зверев.


Арсенал испушти двојна предност во дербито со Астон Вила

Арсенал и Астон Вила ремизираа 2-2 во Лондон во возбудливото дерби од 22. коло на англиската Премиер лига.

Менаџерот на Астон Вила, Унаи Емери, повторно беше кобен за својот поранешен клуб, откако минатата сезона буквално ги остави без титула, тогаш со неговиот тим победи во Лондон. Од тој натпревар Манчестер сити го презеде првото место и ја задржа предноста.

Сега тој повторно ги оддалечи „топчиите“ од трофејот што го чекаат од 2004 година, бидејќи Арсенал е на второто место со шест бода помалку и натпревар повеќе од Ливерпул.

Ниту водството од 2:0 во 55. минута, кое го обезбедија Мартинели во 35. и Хаверц во 55.минута, вечерва не му беше доволно на Арсенал.

Тимот на Микел Артета го шокираа Тилеманс во 60. и Воткинс во 68.минута.

По ова реми, Вила е седма на табелата со 36 бодови, но е на само два бода помалку од позицијата која води во Лигата на шампионите.


ИХФ парична ја казни РФМ по мечот со Холандија

Светската ракометна федерација (ИХФ) ја казни Ракометната федерација на Македонија, но и Ракоментниот сојуз на Хрватска за случувањата по завршувањето на натпреварот Македонија-Холандија, во Вараждин.

Натпреварот заврши со победа на Холандија 37-32. Македонските навивачи, незадовлни од судењето на данската двојка Хансен-Мадсен, во финишот на натпреварот фрлаа предмети на теренот, а откако натпреварот заврши продолжија поради што Холанѓаните веднаш се повлекоа во соблекувалната.

ИХФ соопшти дека Ракометната федерација на Македонија е казнета со 10.000 швајцарски франци за инцидентот кој го иницираа македонските навивачи. Со 10 швајцарски франци е казнет и Ракометниот сојуз на Хрватска како организатор на натпреварот.

Во соопштението ИХФ потенцира дека дека секој сличен инцидент ќе значи бркање на македонските навивачи од натпреварите, а Хрватска како домаќин ќе остане без организација на натпревари во Вараждин.

ИХФ му налоѓи на организаторот , да го затвори просторот за гледачи зад тимските клупи.


Конте го освои Бергамо, Наполи се зацврсти на врвот

Фудбалерите на Наполи остварија голема победа во натпреварот од 21. коло на Серија А против Аталанта со 2-3.

Ова беше дуел меѓу првиот и третиот тим во Серија А, а по оваа победа Наполи има седум бода повеќе од тимот од Бергамо.

Избраниците на Антонио Конте ја забележаа шестата победа во низа и сега се на врвот на табелата, а главениот ривал Интер со два натпревари заостанува шест бода зад Наполитанците.

Спектаклот на стадионот во Бергамо го отвори Матео Ретеги со својот гол во 16. минута од натпреварот. Наполи имаше одговор на предноста на Аталанта. Во 27. минута Матео Политано го израмни резултатот.

Целосен пресврт Наполи направи во финишот на првиот дел Скот Мектоминај го совчада Карнесеки.

Драмата продолжи и во второто полувреме. Изедначи најдобриот играч на Аталанта, Адемола Лукман.

Голема шанса потоа имаше Лазар Самарџиќ се најде сам пред Мерет, но голманот на Наполи успеа да одбрани.

Наполи до нова предност, која ја задржа до крајот дојде во 78. минута, кога погоди Лукаку по центаршутот на Ангиса.


Само реми за Барса на теренот на Хетафе

Фудбалерите на Хетафе ремизираа 1-1 на домашен терен со Барселона во 20. коло од шпанската Примера.

Избраниците на Ханси Флик поведоа уште во деветтата минута по брилијантната асистенција на Педри, стрелец беше десниот бек, Жил Кунде.

Кунде подоцна можеше да запише асистенција, но по неговото додавање ударот на рафиња заврши крајот голот.

Хетафе изедначи од првата вистинска шанса, во 34. минута стрелец беше Мауро Арамбари.

Овој резултат остана до крајот на натпреварот, иако гостите драстично имаа повеќе посед и многу повеќе удари кон голот.

Каталонците имаа идеална можност, по неочекуваниот пораз на Атлетико Мадрид од Леганес, да се доближат до лидерот во Примера на само три бода. Вака по денешните резултати најмногу причини за задоволство имаат во Реал Мадрид.


Сахин: Лошо прво полувреме, дозволивме Ајнтрахт да прави што сака

Фудбалерите на Борусија Дортмунд продолжија со лошите партии во Бундес-лигата откако загубија на вчерашното гостување кај Ајнтрахт Франкфурт. Нивниот тренер, Нури Сахин, не крие дека е разочаран.

„Во првиот дел заостанувавме зад противникот. Им дозволивме на домаќините лесно да дојдат до ситуација да постигнат погодок.

„Второто полувреме беше многу подобро. Дејствувавме енергично но, за жал, повторно останавме со празни раце“, потенцираше тренерот на „милионерите“.


Лазаров: Фаворити сме, но очекувам тежок меч против Гвинеја

Селекторот на Македонија, Кирил Лазаров внимателен пред меќот со Гвинеја иако Македонија на оваа средба е голем фаворит. Лазаров вели дека двата исцрпувачки натпревари кои ги одигравме ,не смеат да ни направат проблем за мечот со Гвинеја.

„Натпреварот со Гвинеја ни е од круцијално значење. Мораме да се мобилизираме и да го добиеме натпреварот. Нема да калкулираме воопшто, победата ни е потребна за пласман во втор круг. Можеби сме фаворити на хартија, но со оглед дека имавме два тешки и исцрпувачки дуели, очекувам тежок натпревар”, рече селекторот Лазаров.

Натпреварот меѓу Македонија и Гвинеја се игра в недала од 18 часот во Вараждин.


Де ла Фуенте добива нов договор како шпански селектор

Шпанската фудбалска федерација се чини дека постигна договор со селекторот на репрезентацијата Луис де ла Фуенте за обновување на неговиот договор, по повеќемесечните шпекулации дека тој не е задоволен од актуелниот договор.

Селекторот ги надмина сите очекувања откако ја презеде „фуријата“ и федерацијата одлучи дека треба да ги задоволи неговите барања и да му понуди нов договор.

Де ла Фуенте ја предводеше Шпанија до триумф на ЕП 2024 и уште тогаш посочи дека е подготвен да го продолжи договорот. Сепак, тоа не можеше да се случи додека не се избере нов претседател. Сега Рафаел Лузан постигна договор со Де ла Фуенте за договор кој ќе биде вреден над 2 милиони евра годишно, вклучувајќи бонуси. Ова е помалку од 3-4 милиони евра на кои се надеваше тренерот, но неговиот договор ќе биде продолжен најмалку до 2028 година, а можеби и подолго, тврди Кадена СЕР.

Се чинеше малку веројатно дека Де ла Фуенте ќе замине на друго место по неговиот успех со Шпанија на 63-годишна возраст, откако помина повеќе од една деценија тренер на различни репрезентации. Сепак, несомнено беше важно за шпанската федерација да го реши овој случај. Се верува дека неговиот нов договор е повеќе од двојно повеќе од она што го заработувал досега.

Бидете информирани следете не на Facebook


Анчелоти: Свирежите против Селта беа предупредување за сите нас

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти зборуваше по победата од 5-2 (2-2) во регуларното време) над Селта во Кралскиот Куп.

„Белиот балет“ имаше два гола предност, но на крајот прими израмнувачки гол. Потоа од трибините се слушнаа свирежи кон играчите на „кралскиот клуб“, а според Анчелоти токму тие му помогнале на неговиот тим да се крене.

„Свирежите од трибините беа како предупредување за нас. Разбирлив е односот на навивачите, особено по поразот од Барселона. Кога „Бернабеу“ почна да не исвиркува, не разбуди. Кога навивачите ни помагаат, тоа е нешто посебно“, изјави Карло Анчелоти.