feature

Црногорецот Божовиќ ќе го менува Милевски на македонската клупа

Медиумите во Србија најавуваат дека црногорскиот стратег Миодраг Божовиќ – Гроф, ќе биде нов селектор на македонската фудбалска репрезентација.

Тој треба да дојде на местото на Благоја Милевски кој по поразот од Украина и посебно дебаклот во Англија со 7-0, падна во немилост кај навивачите и луѓето од Куќата на фудбалот.

Божовиќ досега главно водел екипи од Русија, Србија, Црна Гора и Кипар. Поранешниот тренер на „црвено-белите“ од Белград, немал активност како селектор.


Барса има само 13 регистрирани фудбалери!

Остануваат само неколку дена до стартот на сезоната во Ла Лига, а Барселона има големи проблеми околу тимот.

Каталонците во моментов имаат само 13 регистрирани играчи и се уште не успеваат да најдат начин да ги регистрираат новите договори на Гави, Араухо, Инаку Пења, Маркос Алонсо, Сержи Роберто како и новите засилувања, Гундоган, Иниго Мартинес и Ориол Ромеу.

Имено регистрацијата на последните тројца може да се покаже како најголем проблем. Гундоган во  договорот со Барселона има услов дека може да го раскине ако не биде регистриран за Ла Лига пред 12 август.

Барселона е во трка со времето бидејќи првенството почнува за неколку дена и доколку не успее да го регистрира Гундоган до тогаш ќе следи раскин на договорот.

Германецот се уште има доволно време да си најде нов клуб доколку го раскине договорот со каталонскиот клуб.


ПСЖ спремен да го „замрзне“ Мбапе цела сезона

Килијан Мбапе е суспендиран од првиот тим на ПСЖ директно по одлука на сопствениците од Доха откако францускиот голгетер одби да потпише нов договор.

Мбапе имаше договор со раководството на клубот од Париз да ја продолжи соработката со ветување дека ќе го продадат наредното лето, но сега Французинот го прекрши договорот. Напаѓачот го одби договорот и планира како слободен играч следното лето да си замине.

Поради тоа тој е суспендиран и ако не замине во новата сезона нема да одигра ниту секунда.

Во меѓувреме Мбаше одби и 700 милион иевра од Ал Хилал за една сезона, ако ја прифатеше ПСЖ можеже да добие 300 милиони евра.

Како и да е едно е сигурно – Мбапе повеќе нема да заигра за ПСЖ доколку не се случи некаков пресврт во ситуацијата.


Бразилецот Педрињо потпиша за Вардар

По одработените комплетни подготовки со екипата, стручниот штаб на чело со Бобан Грнчаров одлучи да го задржи 22 годишниот бразилски офанзивен играч за врска Лелис Фигуередо Педрињо кој ќе биде шесто засилување за Вардар во летниот преоден рок, објавија од ФК Вардар.

Педрињо доаѓа од екипата на Минор Перник, а во досегашната кариера настапувал и за бразилските екипи на Индепенте де Лимеира и Наутико.


Рамос ќе влезе во ЛШ ако клубот се пласира во ЛШ

Серхио Рамос е слободен агент откако му истече договорот со ПСЖ и се уште нема нов клуб.

Се поврзуваше со трансфер во Интер Мајами во МЛС, потоа со богатите саудиски клубови, но тој сака да остане во Европа. Силен интерес за него покажува турскиот шампион Галатасарај, кој веќе почнал преговори со неговиот агент.

Галатасарај игра во Лигата на шампиони, гради сериозен тим и Рамос е спремен да ја прифати понудата и да се пресели во Турција.


Лукас Пакета е желбата на Пеп, клубовите веќе преговараат

Манчестер Сити му понудил 70 милиони фунти на Вест Хем за играчот од средниот ред Лукас Пакета, тврди „Глобо“, а пренесоа англиските медиуми.

Фабрицио Романо потврдува дека интересот на европскиот шампион за Бразилецот е многу специфичен и тој се наоѓа на трансфер листата на Пеп Гвардиола. Двата клуба ќе имаат директни разговори оваа недела. Сепак, преговорите нема да бидат лесни за „граѓаните“, бидејќи Вест Хем веќе го продаде Деклан Рајс на Арсенал, а Дејвид Мојс нема да сака да го загуби својот втор клучен играч во средниот ред. Токму поради оваа причина се очекува лондончани да ја одбијат споменатата прва понуда од Манчестер Сити.

„Чеканите“ го потпишаа Пакета пред само една година од Олимпик Лион кога за него платија 53 милиони фунти. Бразилецот имаше многу силна дебитантска сезона и забележа 41 настап во сите натпреварувања, постигна пет гола и имаше седум асистенции.


Вилијам Карваљо се поведи, ќе прескокне неколку кола од новата сезона

Тренерот на фудбалерите на Бетис, Мануел Пелегрини, пред стартот на новата сезона остана без услугите на  играчот од средниот ред, Вилијам Карваљо, кој се повреди на пријателскиот меч со Севилја.

„Зелено-белите“ во првото коло во Примера ги чека гостување кај Вилјареал, потоа се домаќини на Атлетико Мадрид а во третото имаат уште едно тешко гостување кај Атлетик Билбао.

Во најдобар случај, Карваљо би можел да биде достапен за пресметката со Рајо Валјекано или за мечот со Барселона.


Наполи купи млад Швеѓанец од Ремс

Репрезентативецот на Шведска, Јенс Каjусте, потпиша договор со италијанскиот шампион Наполи за наредните пет години со плата од еден милион евра по сезона.

Фудбалерот се пресели на Апенините од екипата на Ремс. Неговиот трансфер вреди 12 милиони евра.23-годишниот играч од средниот ред помина година и половина во францускиот тим.

Каусте забележа 42 натпревари со 6 голови и 1 асистенција. Тој има 15 средби за репрезентацијата на „викинзите“.


Де Кателар пред позајмица во Аталанта

Милан претстави осум летни засилувања во досегашниот тек на летниот преоден рок и се истакна како најактивен италијански клуб, но тоа автоматски значеше дека ќе нема место за некои првотимци од минатата сезона.

Паоло Малдини си замина од клубот пред стартот на летниот преоден рок, а неполни два месеци подоцна, Милан ги договори и последните детали за заминувањето на Де Кетелар.

Белгиецот оваа вечер ќе отпатува за Бергамо и утре наутро ќе ги мине медицинските прегледи, по што ќе се претвори во второ големо летно засилување за „божицата“.


Факундо Гонзалез од Валенсија потпиша за Јуве

Јувентус не се расфрла со пари во овој актуелен летен преоден рок и досега позвучно име кое го донесе е само Тимоти Веа, но вечерва се пофали и со ангажман на талентиран стопер кој блескаше на младинското Светско првенство кое се одигра ова лето.

Факундо Гонзалес е ново засилување за клубот од Торино и тој доаѓа од редовите на шпанска Валенсија, каде мина четири сезони во младинскиот тим на „лилјаците“.

Уругваецот не доби шанса да настапува за првиот тим и такво нешто ќе бара во Јувентус, каде на него гледаат како голем фудбалски потенцијал кој во Италија може само да напредува поради фактот што се работи за дефанзивец.

Јувентус го претстави младиот Факундо како талентиран и модерен дефазивец кој најдобрите изданија ги имаше на младинското светско првенство, а позитивна вест е што за неговиот трансфер е издвоена смешна сума.