feature

Балогун прва опција за нападот на Интер

Микел Артета ќе има далеку поширока клупа во новата натпреварувачка сезона со засилувањата кои ги донесе во летниот преоден рок, а Каи Хаверц ќе биде играчот кој треба да има значајна улога во нападот.

Германецот играше како „лажна деветка“ против Манчестер Сити и одличо одоговори на оваа позиција, но офанзивните квалитети кои ги поседуваат „топчиите“ со играчи како Жезус, Сака, Мартинели и Тросар прави да нема место за Фоларин Балогун.

Напаѓачот кој беше на позајмица во Ремс минатата сезона го сврте вниманието на себе со постигнатиот 21 гол во Франција, а еден од големите клубови кои преговара за него и Интер.


Зомер продаден, Нојер повреден – Баерн без голман во новата сезона

Баерн по само половина година реши да го продаде Јан Зомер, кој вчера и официјално потпиша за Интер, но веќе денеска во Минхен се чешаат по глава поради ваквата одлука бидејќи добија многу лоши вести од лекарскиот тим.

Свен Улрајх ќе биде првиот голман на Баерн до закрепнувањето на Нојер, а од минхенскиот клуб беа сигурни дека ќе бидат потребни само неколку недели, но информацијата која утрово ја доби од лекарскиот тим силно ги погоди.

Билд пишува дека веќе денеска Баерн жали што го продал Сомер бидејќи добил информација дека Нојер нема да се врати на теренот така брзо бидејќи искусниот голман има нови проблеми со коленото.

Нојер мора да оди на операција, а Баерн веруваше дека ќе се врати на теренот за неколку недели, но лекарите рекоа дека закрепнувањето ќе трае неколку месеци и според се, Нојер ќе може да се врати на головите дури на почетокот на следната година.


Вокер се предомисли, ќе остане уште една сезона во Сити

Кајл Вокер ја донел конечната одлука да остане во клубот, објави познатиот инсајдер Фабрицио Романо на својот Твитер.

Според Романо, во блиска иднина 33-годишниот фудбалер ќе потпише нов договор со „граѓаните“. Претходно беше објавено дека за услугите на Кајл Вокер е заинтересиран Баерн Минхен и лично главниот тренер на Минхен Томас Тухел. За Манчестер Сити, Вокер, кој потекнува од академијата на Шефилд Јунајтед, игра од 2017 година. Со „граѓаните“ пет пати стана шампион на Англија и ја освои Лигата на шампионите.

Во сезоната 2022/2023, Вокер забележа 38 настапи за Манчестер Сити во сите натпреварувања во кои постигна една асистенција. Договорот на играчот со Граѓаните е со важност до крајот на јуни 2024 година. Проценетата цена на фудбалерот, според интернет порталот Трансфермаркт, е 13 милиони евра.


Торино го откупи Никола Влашиќ од Вест Хем

Никола Влашиќ се приклучи на италијанскиот Торино. Ова го соопшти прес-службата на клубот. Претходно, фудбалерот му припаѓаше на лондонски Вест Хем.

Играчот од средниот ред потпиша договор со Торино до 30 јуни 2027 година со опција за продолжување на уште една сезона. Претходно имаше информации дека Италијанците ќе платат 12 милиони евра за трансферот.

Минатата сезона Никола Влашиќ играше за Торино на позајмица. Во италијанската Серија А, Влашиќ одигра 34 натпревари на кои постигна пет гола и постигна шест асистенции. Играчот од средниот ред има и три натпревари во Купот на Италија и две асистенции. 

Фудбалерот одигра шест натпревари за хрватската репрезентација на Светското првенство во Катар 2022 година. Трансфермаркт го цени Влашиќ на 17 милиони евра.


Ван де Вен го напушти Волфсбург и потпиша за Тотенхем

Мики Ван де Вен кој во последните две сезони играше за Волфсбург потпиша нов шестгодишен договор со Тотенхем, потврди лондонскиот клуб.

Трансферот на 22-годишниот фудбалер според медиумите на Островот изнесува околу 50 милиони евра. Тотенхем добил 40 милиони евра веднаш и уште десет преку бонуси.

Во текот на изминатата сезона во Бундеслигата Ван де Вен одигра 36 натпревари. Кариерата ја започна во Волендам, а во 2021 година премина во Германија. Тој е петтото засилување за Тотенхем во овој преоден рок откако претходно пристигнаа: Џејмс Медисон, Ешли Филипс, Гиљермо Викарио и Манор Соломон.

Тотенхем новата сезона ја започнува во недела со гостувањето кај Брентфорд.


Динамо и АЕК добија нови термини за европскиот двомеч

Динамо во Атина синоќа требаше да игра натпревар против АЕК во третото коло од квалификациите за Лигата на шампионите, но натпреварот беше одложен по големите нереди во кои 29-годишен навивач на АЕК го загуби животот.

Се чека казната која сигурно ќе ја добие Динамо, некои медиуми шпекулкираа и за можно исфрлање на Динамо од Европа. Сепак, тоа е помалку веројатна опција.

Ако Динамо не биде исфрлен од Европа се најавува и можниот датум за натпреварот. Според најавите домаќинството ќе биде заменето и Динамо ќе биде домаќин на 15 август, тоа беше планирано да биде реванш дуел, но сега ќе биде прв натпревар.

Денешниот одложен дуел би можел да биде одигра три или четири дена подоцна. Ќе потсетиме, подобриот од овој двомеч ќе оди на Антверпен и тие натпревари се играат на 22 и 30 август.


Мејтланд-Најлс потпиша за Лион

Ејсли Мејтланд-Најлс е нов играч на Лион, соопшти францускиот клуб.

Овој 25-годишен фудбалер за врска во Лион пристигнува како слободен фудбалер откако му истече договорот со Арсенал. Мејтланд-Најлс со Лион потпиша договор на четири години и стана четвртото засилување за овој клуб во летниот преоден рок.

За Арсенал, Најлс дебитираше на 9 декември 2014 година во натпреварот против Галатасарај, а потоа беше испраќан на неколку позајмици, минатата сезона ја помина во Саутемптон.

Во дресот на Арсенал настапи на 132 натпревари освојувајќи два ФА Купа и два Комјунити Шилд. За репрезентацијата на Англија собра пет настапи.


Вест Хем сака двајца прекубројни во Манчестер Јунајтед

Екипата на Вест Хем ќе се обиде да ги ангажира во пакет Хари Мегваер и Скот Мектоминеј од составот на Манчестер Јунајтед. Понудата од Лондон е во висина од 70 милиони евра.

Менаџерот на „чеканите“, Дејвид Мојс, сака да ја засили дефанзивата и средниот ред и затоа испратил понуда за двајцата фудбалери.

„Црвените ѓаволи“ пред неколку денови одбија понуда за Мегваер од 23 милиони евра иако тренерот, Тен Хаг, јасно стави до знaење дека нема да го користи во новата сезона.


Стоичков: Дембеле во мое време ќе чистеше копачки

Легендарниот бугарски фудбалер Христо Стоичков жестоко го критикуваше Осман Дембеле.

Поранешниот фудбалер на Барселона гостуваше во ТВ емисија каде што не штедеше критики на сметка на Французинот. Дембеле пред шест години пристигна во Барселона за 140 милиони евра и никогаш не ги оправда очекувањата. Сега сака да се пресели во ПСЖ за 50 милиони евра.

„Јас научив што е Барселона. Учев во ерата на сите најголеми фудбалери во клупската историја. Знаев што е историјата на Барселона. А ти? Ти никогаш нема да сфатиш што е Барселона, тоа ти го кажува Христо Стоичков. Ако не сакаше да останеш во Барселона, барем немој да го срамиш овој грб. Кажи дека не сакаш да бидеш во клубот, фрли го дресот и замини. Измами многу луѓе дека знаеш да играш фудбал“.

„Тоа ти го кажувам затоа што и јас играв на истата позиција. Не се обиде ништо да научиш од играчите на твојата позиција кои беа пред тебе. Ако не ти се допаѓа клубот, никој не те држи со сила. Господине Лапорта, отворете му ја вратата и не ка си замине. Во мое време таквите фудбалери ќе чистеа копачки“, изјави Стоичков.

Стоичков за Барселона играше од 1990 до 1995 година и од 1996 до 1998 година. На 214 натпревари постигна 108 голови, освои пет титули шампион на Шпанија, два домашни купа и четири суперкупа, Лига на шампиони и Куп на победниците на куповите.


Давид Раја нов голман на лондонски Арсенал

Eкипата на Арсенал го договори и четвртото засилување за ова лето, во прашање е голманот Давид Раја.

Раја пристигнува од Брентфод за сума од 30 милиони евра и веќе утре би требало да ги заврши лекарските прегледи и да потпише договор со „топџиите“. Во прашање е одличен голман, репрезентативец на Шпанија, има 27 години и ќе биде сериозна конкуренција за Арон Рамсдајл.

Уште како тинејџер Раја пристигна во Англија кога во 2012 година потпиша за Блекбурн, потоа собираше искуство во Соутпорт, а во 2019 година го доведе Брентфорд.

Беше еден од најзаслужните за историскиот пласман во Премиер лигата, а веќе две сезони е еден до најдобро оценетите голмани во Премиер лигата. Току поради тоа на Островот сметаат дека може да има солидна минутажа и покрај тоа што Рамсдајк е недопирлив кај Артета.

Сепак, голман од 30 милиони евра во своите најдобри години веројатно не е опција само за куп натпревари, па останува да се види како Артета ќе ги подели улогите.