feature

Иско се сели од Севиља во Бетис

Иско Аларкон чекаше вистинска понуда за да го одгатне прашањето за својата фудбалска иднина, која беше и тоа како неизвесна во изминатите шест месеци откако раскина со Севилја.

Поранешната ѕвезда на Реал Мадрид на крајот на минатата седмица сериозно се поврза со Реал Сосиедад како замена за тешко повредениот Давид Силва, но во изминатите 48 часа дошло до голем пресврт и Иско сега е пред промоција во Бетис.

Иско дал зелено светло за трансфер во лутиот градски ривал на Севилја и сигурно ќе го навлече гневот меѓу фановите на поранешниот клуб, а доказ за тоа се сликите кои пристигнуваат од медицинските тестови.

Најугледните медиуми како „Марка“ и „АС“ тврдат дека Аларкон ги минал лекарските прегледи и како слободен агент ќе потпише за Бетис, што значи дека клубот експресно најде замена за ѕвездата која си замина пред два дена.


Дибала ги израдува фановите и најави останување во Рим

Пауло Дибала на крајот најверојатно ќе остане член на Рома.

Калчомеркато тврди дека Дибала ќе ја продолжи соработката со Рома до 2025 година и дека одбил неколку понуди. Дибала беше поврзуван со клубови од Саудиска Арабија, но и со Челзи, но тој останува во Рим.

Минатата сезона на 38 натпревари постигна 18 гола и додаде осум асистенции.


Уапсен сопственикот на Тотенхем, Џо Луис

Сопственикот на Тотенхем, Џо Луис, им се предаде на властите во Њујорк по наводите за трговија со влијание и тргување со инсајдерски информации. Нему му се заканува затворска казна од 25 години.

Американскиот обвинител Демијан Вилијамс го обвини 86-годишниот милијардер дека ги користел неговите инсајдерски информации и ги споделувал со своите пријатели и вработени, како и дека незаконски тргувал со хартии од вредност без да ги пријави на властите.

Поради целиот случај се огласи и Тотенхем, кој е во сопственост на Луис од 2001 година.

Џо го купи Тотенхем во 2001 година и таму стекна огромен престиж.

Во 2019 година изгради нов стадион вреден 1,3 милијарди, но не успеа да освои трофеи со лондонскиот клуб.


Педро ја сака Барса во група со Лацио во Лигата на шампионите

Педро Родригез го продолжи договорот со Лацио и збогуваше за клубот како идеално место за завршување на играчката кариера, бидејќи во Рим препознал вредности кои прават на секој тренинг да замине со максимална мотивација.

Шпанскиот фудбалски ветеран ќе остане најмалку уште една сезона во синиот дрес и стави потпис на договорот три дена пред да наполни 36 години, што прави овој договор да биде уште поспецијален за него.

Педро ужива голема доверба од Маурицио Сари и тимот ќе има големи искушенија со оглед на тоа што ќе игра во Лигата на шампионите, натпреварување за кое се потребни и засилувања.

Лацио сигурно ќе се обиде да го збогати ростерот до крајот на летниот преоден рок, а едно од имиња кои се посериозно се поврзуваа е Хадсон Одои од Челси, играч кој Педро го познава од времето во Лондон.

„Подготвен сум да го споделам своето искуство како и досега, сакам да бидам важен на теренот и во соблекувалната. Сега ќе играме во Лигата на шампиони, тоа е најтешкото натпреварување и тоа за нас ќе биде награда за она што го направивме минатата сезона. Ја посакувам Барселона во групната фаза, иако знам дека ќе биде тешко против нив. Сепак, сакам да играм против нив, ќе биде специјално да се вратам на „Камп Ноу“. изјави Педро.


Мурињо го менува Абрахам со уште еден Англичанец

Тренерот на Рома, Жозе Мурињо е заинтересиран да го доведе играчот на Евертон, Доминик Калверт-Луин, објавија денеска италијанските медиуми.

Англискиот напаѓач последните две сезони имаше проблеми со повреди и не пружи импресивни партии. Ова би било седмо засилување за Мурињо од Премиер лигата откако ја презеде Рома, објави „Коријере дело Спорт“.

Португалскиот тренер на тој начин би добил играч кој би можел да го замени Тами Абрахам кој се уште се опоравува од повредата.

„Кориере дело спорт“ изјави дека Рома наскоро ќе испрати понуда до 26-годишниот англиски фудбалер.

Рома веќе е во сериозно турбулентен период поврзан со заминувањата на играчите и нивните адекватни замени.


Инзаги: Скудетото е прва цел на Интер оваа сезона

Тренерот на Интер, Симоне Инзаги, верува дека неговиот тим може да го освои Скудетото следната сезона. Инзаги, кој се подготвува со тимот во Јапонија, вели дека е свесен колку тешко ќе биде да се стигне до целта и следната сезона.

„Сакаме да се наметнеме во Европа, знаеме дека ќе биде тешко, но ќе се обидеме. Потоа, тука е големата цел, освојување на Скудетото, тоа е нашата желба. Добро се подготвуваме во Јапонија и се надевам дека добро ќе ја отвориме сезоната“, вели Инзаги.

Интер минатата сезона ја заврши играјќи во финалето на Лигата на шампионите, а во Серија А заврши на третото место зад шампионот Наполи и екипата на Лацио.


Де Геа ќе биде замена за Нојер во Баерн

Германски „Билд“ денеска пишува дека Баерн Минхен наскоро ќе почне преговори со поранешниот голман на Манчестер Ј., Давид де Хеа. Според весникот, по гласините за можното заминување на Јан Зомер и повредата на Мануел Нојер, Томас Тухел бара нов голман и Де хеа е едно од трите имиња на списокот на потенцијални засилувања.

Покрај Де Хеа, Баерн разговара и со голманот на Брентфорд, Давид Раја како и со Санчез од Брајтон.


Рамос следен пик на Бекам во Интер Мајами

Заврши договорот помеѓу ПСЖ и Серхио Рамос. Се шпекулираше дека можно е да направи трансфер во Саудиска Арабија, но во моментов работите се поинакви, па Интер Мајами е следната потенцијална дестинација на Рамос.

Тој во последните две сезони беше дел од тимот на ПСЖ кој како слободен агент пристигна од Реал Мадрид во 2021 година. Дотогаш беше чудно да се видат Меси и Рамос во ист дрес, а сега две години подоцна постои шанса да играат повторно заедно.

Според весникот „Спорт“, двете страни се многу блиску до договор и се верува дека Серхио Рамос ќе потпише едногодишен договор со Интер Мајами.

Да потсетиме дека Рамос сакаше да се врати во Севиља, но оттаму кажаа дека не го сакаат во своите редови.


Сити бара огромна сума да го продаде Кансело

Жоао Кансело последната полусезона ја мина на позајмица во Баерн Минхен, а Манчестер Сити сака да се ослободи од него.

Сепак, цената што ја одреди беше отфрлена од најзаинтересираниот клуб. По позајмицата во Баерн, каде Жоао Кансело ја мина изминатата полусезона, тој се врати во Манчестер Сити, но овој клуб не смета на него.

Пеп Гвардиола не го гледа сериозно во своите планови и слободно може да си најде нов клуб. Иако првично тимот од „Етихад“ беше подготвен да го пушти Португалецот на позајмица, сега тоа не е така и сакаат да го продадат.

Според шпански „Спорт“, дефанзивецот е ставен на трансфер-листата, а одредената цена за него е 50 милиони евра.

Барселона беше заинтересирана да го донесе на позајмица со право на откуп следното лето, но тоа нема да се случи.

Кога каталонскиот клуб дозна за одредената цена, автоматски се откажа од Кансело и тој нема да премине во редовите на овој шпански гигант.

Каталонците имаат деликатна финансиска ситуација и мора да продаваат играчи за околу 60 милиони евра за да можат да се пријават во Ла Лига. 


Валверде ослободен од обвинување за „случајот Баена“

Феде Валверде ја заврши минатата натпреварувачка сезона со најава дека ќе ги пропушти воведните пет кола во новата, но до такво нешто сепак нема да дојде.

Уругвајскиот репрезентативец ја избегна навестената тешка казна која требаше да ја добие, откако натпреварувачката Комисија во Шпанија не најде доволно докази против фудбалерот на Реал Мадрид.

Главниот судија кој го водеше овој случај предложи казна од пет натпревари за Валверде поради физичкиот напад врз Алекс Баена во подтрибинскиот простор на „Сантијаго Бернабеу“, па иако беа испрашувани и сведоци од двата тима, на крајот Комисијата не собра доволно докази за да додели казна.

Станува збор за скандал кој се случи на 8-ми април по натпреварот меѓу Реал и Вилјареал во шпанската престолнина, кога Баена се пожали дека бил физички нападнат од Валверде и добил удар во главата пред паркингот на стадионот.