feature

Интер сака да го позајми Рашфорд од Манчестер Јунајтед

Новиот тренер на Манчестер јунајтед, Рубен Аморим, јасно стави до знаење дека сака што поскоро да се ослободи од Маркус Рашфорд.

Според последните информации кои доаѓаат од Островот, Рашфорд би можел покрај Манчестер да ја напушти Англија и кариерата да ја продолжи во милански Интер.

Италијанскиот гигант, предводен од еден од најдобрите тренери на денешницата, Симеоне Инзаги, бил сериозно заинтересирани за „отпишаниот“ напаѓач. Клубот сака да го донесе Рашфорд на позајмица до крајот на сезоната со опција за откуп на договорот за 50 милиони евра.


Јуве спремен да жртвува два фудбалери за да го доведе Тонали

Италијанскиот фудбалски репрезентативец, Сандро Тонали би можел да се пресели во Јувентус.

Торинскиот клуб ќе се обиде да го ангажира играчот од средниот ред на Њукасл во текот на зимскиот преоден рок, пренесува „Corriere dello Sport“.

Забележано е дека Британците сакаат да добијат 55 милиони евра за Италијанецот.

За да го официјализира овој можен трансфер, Јувентус, покрај Николо Фаџоли, би можел да го продаде и офанзивниот играч за врска Кенан Јилдиз за 35-40 милиони евра.

Оваа сезона Сандро Тонали забележа 14 настапи во Премиер лигата и забележа една асистенција. Пред да се пресели во Њукасл играше во Милан.


Романски тајкун ја купи Џенова

Романскиот бизнисмен Дан Суцу го презеде мнозинскиот сопственички удел на американската приватна инвестициска компанија „777 Партнерс“ во италијанскиот фудбалски клуб Џенова.

Суцу, кој веќе е сопственик на романски Рапид од Букурешт, контролира 77 отсто од акциите на Џенова откако презеде зголемување на капиталот од околу 45 милиони евра, додека компанијата „777“ останува како малцински акционер.

Новата сопственост претставува ново поглавје за Џенова, со надеж дека може да донесе економска стабилност и нови инвестиции за зајакнување на тимот и инфраструктурата, соопшти клубот.

Џенова, основана во 1893 година и најстар италијански фудбалски клуб, моментално е 13-та во Серија А, два бода над зоната за испаѓање.


Одлична идеја на Баркли: САД против остатокот на светот

Легендата на НБА лигата, Чарлс Баркли повторно го критикуваше раководството на НБА лигата за начинот на кој ќе се организира Ол-Стар натпреварот. Годинава НБА воведе полуфинални и финален меч на Ол-Стар викендот, но Баркли вели дека тоа нема да помогне за оваа манифестација да го врати сјајот од минатото.

„Сакам да направам се што можам за да помогнам за натпреварот. Видов како Кевин Дурент го критикуваше новиот формат на Ол-Старот. Не разбирам што прават. Сè што правеа во последните години не функционира. Не е забавно. Мислам дека е многу просто, но тие не сакаат да прифатат Отсекогаш сум предлагал натпревар меѓу САД и Остатокот од светот. Мислам дека би било одлично и забавно“, изјави експертот на ТНТ.


Линделоф се повреди во поразот на „ѓаволите“ од Тотенхем

Покрај поразот и елиминацијата од Лига Купот по синоќешниот меч со Тотенхем, дополнителен проблем за тимот на Манчестер Јујнајтед е и новата повреда која ја заработи Виктор Линделоф.

Во самиот финиш на првото полувреме, дефанзивецот почувствува непријатност и беше принуден да го напушти теренот. Тој беше заменет со Џони Еванс.

Оваа сезона 30-годишниот играч одигра пет натпревари во Премиер лигата, а засега останува нејасно за каква повреда станува збор.


Два миланско-римски дуели во четвртфиналето на Купот

Откако Интер синоќа го победи Удинезе со 2-0 и се пласираше во четвртфиналето на Купот на Италија, веќе се позјати и комплетните двојки за оваа рунда. Во четвртфиналето на италијанскиот куп, шампионот Интер ќе се сретне со екипата на Лацио на гостински терен, додека Јувентус ќе биде домаќин против Емполи.

Милан за ривал ја доби Рома, додека Болоња ќе ја пречека Аталанта.

Сите четвртфинални дуели од Купот на Италија според информациите треба да се одиграат на 5 февруари 2025 година, иако конкретните времиња и датуми допрва треба да бидат официјално потврдени.


Чикаго и Денвер преговараат за трејд на Портер и ЛаВин

Чикаго Булс се подготвуваат за трејдови во завршувањето на рокот за промени на играчките состави. Според информациите, Булс би можеле да го разменат Мајкл Портер од Денвер.

Според информациите, Чикаго се подготвени да го донесат Мајкл Портер, а во Денвер би го испратиле Зак ЛаВин.

26-годишниот Портер има договор со Нагетс до сезоната 2026/27, но само 12 милиони долари од неговите 40,8 милиони долари се загарантирани во последната година.


Усик и Фјури спремни за бокс-спектакл, Британецот благ фаворит

Најдобрите светски боксери во тешка категорија Олександр Усик и Тајсон Фјури ќе се борат во сабота навечер околу 22 часот во за три од четирите главни светски шампионски појаси.

Украинецот во првиот меч со одлука на судиите го совлада Британецот и стана апсолутен светски шампион. Усик во меѓувреме ја загуби титулата на ИБФ поради посебни правила на организацијата, па победникот од оваа борба нема да го освои тој појас.

Боксерите одржаа бројни интервјуа пред мечот, а два дена пред влегувањето во рингот беше одржано соочувањето. Двобојот очи в очи траеше дури 11 минути што е нов боксерски рекорд.

Соочувањето помина мирно и без поголеми инциденти, како што можете да видите на видеото.

Британските медиуми објавија дека боксерите ќе поделат 191 милион долари, што е повеќе отколку во првата борба, во која поделија 150 милиони долари. Договорот тогаш беше Фјури да добие нешто повеќе од 100 милиони, додека Усик да го добие остатокот иако победи.

Овој пат Усик наводно ќе добие поголема сума, иако не се знае колку. Британскиот боксер има само еден пораз во кариерата и тоа од Украинецот во нивниот меч на 17 февруари годинава. Усик е непоразен.


Леброн урна рекорд на Џабар, Лејкерси подобри од Сакраменто

Лос Анџелес Лејкерс го совлада Сакраменто со 113-100, натпреварот го обележа Леброн Џејмс.

Леброн стана рекордер во лигата по бројот на одиграни минути во регуларниот дел од сезоната.

На теренот мина 34 минути, вкупно 57.471 минути во кариерата и го надмина Карим Абдул-Џабар, кој го држеше рекордот со 57.446 минути.

Џејмс натпреварот го заврши со 19 поени, седум асистенции и шест скока.

Да потсетиме дека во февруари минатата година Леброн го собори рекордот на Абдул-Џабар од 38.387 поени, за кој се веруваше дека е недостижен.


Мбапе: Ако не потпишев за Реал…

Килијан Мбапе минатото лето се пресели во Реал Мадрид од ПСЖ, а сега, по освојувањето на Интерконтиненталниот куп даде многу интересна изјава.

Мбапе постигна еден од трите гола на „Кралевите“ и така беше херој на натпреварот и во своето второ финале во дресот на Реал.

Сега, по натпреварот во Доха, даде многу интересна изјава во која го спомена времето поминато во ПСЖ.

„Поминав седум години во ПСЖ, тоа за мене беше чест. Мислам дека тоа никогаш не сум го кажал и мислам дека не покажав доволно, но секогаш бев свесен за големината на клубот”, истакна Французинот, па продолжи:

Секогаш велев дека тоа е најголемиот тим во Франција и еден од најдобрите во светот. Сега стигнав до најголемиот клуб во светот. Секогаш велев дека Реал Мадрид е единствениот клуб во кој би заминал од ПСЖ.

Да не можев да потпишам со Реал Мадрид, ќе останев во ПСЖ целата кариера. Секогаш сум сонувал да играм тука и многу сум среќен што го постигнав тоа.”