feature

Нејмар се нуди, но Барса не сака враќање на Бразилецот

Нејмар и бил понуден на Барселона, но каталонскиот гигант одбил да го врати Бразилецот на „Камп Ноу“ поради две причини.

Нејмар не е задоволен од моменталната ситуација во ПСЖ, навивачите го исвиркаа на крајот на сезоната, а го загуби и статусот во тимот. Неговиот агент бара излез од клубот и го понудил во Барселона, но Каталоните рекле не поради две причини.

Барселона е во тешка финансиска ситуација и тешко може да му ги понуди на Нејмар парите што ги добива во ПСЖ.

Друга причина се однесува на атмосферата во тимот. Клубот смета дека доаѓањето на таква ѕвезда може да ги наруши односите меѓу играчите и дека тоа може негативно да се одрази во соблекувалната.


Горецка најави заминување од Баварија

Леон Горецка изминатите години беше еден од најважните фудбалери на Баерн Минхен, но неговата позиција во тимот се промени со доаѓањето на Томас Тухел на кормилото.

Горецка често беше на клупата за резерви кај Тухел, па е спремен да ја промени средината ова лето. Германските медиуми пренесуваат дека и Баерн Минхен е спремен да се раздели со играчот доколку пристигне добра понуда.

Договорот на Леон Горецка со Баерн е до летото 2026 година, а раководството верува дека ќе може да го убеди да остане.

Горецка имаше одличен однос со претходниот спортски директор, па е малку разочаран од промените во клубот.


Елије Вахи најблиску до трансфер во Челзи

Како приоритет на Чезли во летниот преоден рок ќе биде доведување на нов напаѓач.

Со оглед на потешкотиите да дојдат до потписот на Влаховиќ, „сините“ сега ќе се насочат кон младиот француски напаѓач и ѕвезда на Монпеље, Елије Вахи. 20-годишниот напаѓач оваа сезона за Монпеље постигна 19 гола и 6 асистенција и важи за еден од најголемите таленти во Европа.

Францускиот клуб за неговата слобода бара 45 милиони евра, сума која „сините“ се спремни да ја платат.

Покетино го посочил Вахи како врвен приоритет, а и самиот напаѓач сака да се пресели во Премиер лигата.


Пиоли побара промени во ростерот на Милан

Стефано Пиоли нагласи дека заминувањето на директорите, Паоло Малдини и Фредерик Масара, не влијае на неговата работа во Милан. 

„Порано разговарав со Малдини и Масара а сега со Монкада и Фурлани. Дури и во минатото контактирав играчи кои би можеле да ни се придружат. Така што мојата работа не се промени многу, Претходно кажав што ни треба. Имам голема почит кон моите играчи но, мислам дека е време за промени“, потенцираше тренерот на „росонерите“.


Џерард го носи капитенот на Ливерпул во Саудиска Арабија?

Францускиот весник Л`Екип објавува дека капитенот на Ливерпул и англиски репрезентативец, Џордан Хендерсон е блиску до потпис со клубот Ал Етифак.

Според информациите на овај медиум, новиот тренер на клубот од Саудиска Арабија, Стивен Џерард, на својата листа со нови засилувања во тимот, наводно го ставил и името на Џордан Хендерсон.

33 годишниот Хендерсон во минатото беше тимски колега со Стивен Џерард, и негов наследник на капитенската позиција во екипата од Енфилд.


Паредес ќе игра заедно со Икарди во Галатасарај

Фудбалерот, Леандро Паредес, нема да остане во редовите на ПСЖ иако се врати во Франција по една сезона помината на позајмица во Јувентус.

Медиумите објавија дека Аргентинецот сега ќе направи трансфер во Галатасарај и ќе потпише договор до 2027 година. Паредес во претходната сезона одигра 25 натпревари за „старата дама“ и постигна еден гол.

Тој со „гаучосите“ ја освои шампионската титула на последниот Мундијал во Катар.


Кампацо потпишува за Реал Мадрид

Информациите од спортските медиуми во Шпанија велат дека кошаркарот на Црвена Звезда, Факундо Кампацо, во наредната сезона ќе настапува во Реал Мадрид.

Иако навивачите на белградскиот клуб посакуваа Аргентинецот да го продолжи својот престој во Звезда, сепак тој одлучи кариерата да ја продолжи во Мадрид.

Според објавите во медиумите, новиот договор на Кампацо со Реал Мадрид ќе биде со важност од три години за што ќе заработува плата од девет милиони евра.


Шевченко можен селектор на репрезентацијата на БиХ

Репрезентацијата на Босна и Херцеговина е без селектор. Тешкиот пораз од Луксембург во Зеница во рамките на евроквалификациите го принуди Фарук Хаџибегиќ да поднесе оставка.

Изминативе денови имаше многу потенцијални кандидати за преземање на оваа функција, но наследникот на Хаџибегиќ не се најде.

Наводно во игра биле Славољуб Муслин и Славен Билиќ, а италијанските медиуми ја пренесоа сензационалната вест. Тие тврдат дека еден од кандидатите е легендарниот Украинец Андреј Шевченко.

Поранешниот освојувач на „Златната топка“ последниот ангажман го имаше на клупата на Џенова, која ја водеше од 2021 до 2022 година, додека беше селектор на Украина од 2016 до 2021 година.

Со Украина играше во четврт-финалето на последното Европско првенство.


Коларов само еден месец беше спортски директор на Пиза

Александар Коларов повеќе не е спортски директор на Пиза.

Информацијата ја објави Џанлука Ди Марцио, истакнувајќи дека Коларов заминува поради лични причини. Ретко кој се надеваше на вакво нешто кога Коларов пред нешто повеќе од еден месец потпиша двегодишен договор.

Се шпекулира дека именувањето на Алберто Аквилани на местото тренер на екипата била клучната пречка. На тоа се додава дека Коларов сакал на таа позиција да го види Андреа Пирло. Српската фудбалска легенда оставката ја поднесе еден ден пред прес-конференцијата на која ќе биде Аквилани претставен.

Прес-конференцијата на која Аквилани ќе биде промовиран во нов стратег ќе се одржи денес и се очекува да се објават и детали за заминувањето на Коларов.


Дибала одлучен да остане во Рома

Ѕвездата на Рома, Пауло Дибала, потврди дека останува во клубот и во новата сезона. Тој тоа го изјави пред почетокот на летниот тренинг камп на „волчицата“.

„Секако дека сум среќен во Рома. Дали останувам овде? Да, од утре почнуваме со тренинзи“, изјави Аргентинецот.

Дибала им се приклучи на римјаните минатото лето како слободен играч од Јувентус. Во неговиот договор има откупна клаузула за италијански тимови вредна 20 милиони евра, а за клубови од странство – 12 милиони евра.