feature

Фабрегас ја заврши кариерата во 36-тата година

Сеск Фабрегас одлучи на 36 години да објави крај на кариерата. Тој последната сезона ја одигра во италијанскиот Комо а сега ќе остане таму како тренер на вториот состав и младинските категории.

Шпанецот во долгата и плодна фудбалска кариера освои едно Светско првенство, две Европски, двапати ја освои Премиерлигата, еднаш Ла Лига, еднаш триумфираше во УЕФА Суперкупот, еднаш на Светското клупско првенство, двапати освои ФА Куп, еднаш Лига Куп, еднаш Комјунити Шилд, еднаш Копа дел Реј и двапати шпанскиот Суперкуп.

Фабрегас играше за Арсенал,  Барселона, Челзи, Монако и Комо. За шпанската репрезентација има 110 настапи и 15 голови.


Бразилецот Маркос Леонардо на чекор до Лацио

Лацио е многу блиску до постигнување на договор со бразисли Сантос за првото поголемо летно засилување на „римските орли“. Според информациите на италијанските медиуми, „бјанкочелестите“ се на чекор од потпишување на договор со напаѓачот Маркос Леонардо.

„Газета дело Спорт“ објави дека понудата од 12 милиони евра која Лацио ја доставил до Сантос вила позитивно примена од бразилскиот тим, па сега останува да се направи уште финалниот договор.

Бразилскиот клуб првичното бараше 20 милиони евра за Леандро, но се чини и 12 милиони ќе ги задоволат нивните апетити.


Тебас сака нов договор, но под услов да добие поддршка од клубовите

Првиот човек на фудбалската Ла Лига, Хавиер Тебас, е подготвен да биде реизбран доколку тоа го сакаат клубовите, објавија денеска дел од медиумите.

„Повторно ќе се кандидирам доколку тоа го побараат клубовите“, изјави Тебас во последното интервју.

Тој од 2013 година е на чело на елитната фудбалска конкуренција во Шпанија. Тебас неодамна потенцираше  дека евентуалното доаѓање на Килијан Мбапе во Реал Мадрид ќе биде голем плус за лигата.


Челзи не го сака Лукаку, иднината во Интер или Саудиска Арабија

Челзи уште мака мачи со одлуката за иднината на скапиот Ромелу Лукаку. Белгиецот минатата сезона беше на позајмица во Серија А, во дресот на Интер, а од Интер инсистираат Лукаку и следната сезона да игра за нив како позајмен играч, затоа што немаат доволно средства да го откупат неговиотдоговор.

Сепак, Челзи на тоа сега не се согласува и инсистира на целосна продажба, а Интер во моментов не може да обезбеди 60-70 милиони евра. Опција за Лукаку на крајот е и трансфер во Саудиска Арабија, каде сигурно ќе имаат можност да му дадат повеќекратно зголемување на платата, но самиот играч смета дека за него е прерано да ја напушти Европа, па најавил дека до 2025 година ќе биде дел од европскиот клупски фудбал.

Како и да е, Ромелу Лукаку ќе биде продаден од Челси ова лето, затоа што позајмица не доаѓа во предност.


Погба заминува од Јуве уште ова лето

Јувентус не ја исклучува можноста во летниот преоден рок да го продаде играчот за врска Пол Погба. Минатата сезона беше ужасна за Французинот, кој едвај играше додека се справуваше со серија повреди. Токму поради тоа во Јувентус имаат тенденција да го пуштат со добра понуда, открива „Газета дело спорт“.

Погба минатото лето се врати во Јувентус со големи очекувања. Сепак, тој го повреди коленото пред почетокот на сезоната и беше надвор од терените со месеци. Неговата одлука да не се оперира со надеж дека ќе игра на Светското првенство дополнително ги налути сопствениците на Бјанконерите. А откако се опорави од повредата на коленото, се здоби со уште неколку полесни повреди на мускулот и успеа да одигра само 161 минути на теренот во 10 натпревари.

30-годишниот Французин има договор со „старата дама“ до 2026 година и во овој момент нема желба да си замине. Тој е многу амбициозен повторно да се докаже со тимот на Јуве и да се реваншира за последната сезона. Тој дури најави дека ќе продолжи со тренинзите на 2 јули, што е 8 дена порано од денот кога тимот ќе ги започне подготовките. Сепак, можноста за негова продажба во никој случај не е исклучена. Погба е со една од највисоките плати во клубот, а Јувентус не е во добра финансиска состојба. Па со добра понуда сигурно ќе биде пуштен.


Уапсен довчерашниот тренер на ПСЖ

Од Францијa пристигнуваат изненадувачки вести, уапсен е Кристоф Галтие.

Тренерот кој заминува од Пари Сен Жермен е уапсен поради расизам и дискриминација. Жулиен Фурние, спортскиот директор на Ница го пријави него и неговиот син Џон Валовиќ Галтие за навреди периодот кога го предводеше тимот од Аѕурниот брег. Во јавноста уште пред неколку месеци се појави меил во кој Галтие барал во тимот да нема толку црномурести играчи и муслимани.

„Тоа се само црнци, половина тим на пладне е во џамија“, бил еден од коментарите на Галтие.

Полицијата го уапсила Галтие кој морал да даде изјава за целиот случај, а сослушан е и претседателот на Ница, Жан-Пјер Ривера.


Данило Д’Амброзио заминува од Интер без обештетување

Италијанскиот дефанзивец Данило Д’Амброзио го напушта Интер со слободен трансфер. Ова го објави самиот играч на своите социјални мрежи.

„Би сакал да ја завршам кариерата во тимот за кој навивав цело време, но тоа не беше можно. Интер стана вистинско семејство за мене. Тоа беше големо патување на љубов, страст, посветеност и храброст. Им благодарам на оние кои секогаш ме поддржуваа и ценеле. Сигурен сум дека еден ден ќе го донесам син ми на стадион и ќе навиваме за Интер.Со најдобри желби, твојот Данило“, се вели во пораката на 34-годишниот фудбалер.

Д’Амброзио играше за Интер девет години (од 2014 година). Со тимот на Интер освои пет трофеи: Скудетото, два Купа и два Суперкупа на Италија.

Во сезоната 2022/2023, италијанскиот дефанзивец забележа 24 настапи во сите натпреварувања, во кои постигна две асистенции. Договорот на играчот со миланскиот клуб истекува денес. Проценетата цена на овој фудбалер, според интернет порталот Трансфермаркт, е 1,5 милиони евра.


Канте со парите од Саудиска Арабија си купи клуб во Белгија

Новиот фудбалер на Ал Итихад, Нголо Канте, откако потпиша за клубот од Саудиска Арабија и си обезбеди милиони на своето конто, успеа да си купи фудбалски клуб во Белгија.

Станува збор за фудбалскиот клуб Ексцелсиор Виртон, кој ќе се натпреварува во третата белгиска лига, откако на крајот од оваа сезона бил елиминиран во понизок ранг.

„Воден од својата страст кон фудбалот, Канте има за цел да продолжи со консолидирањето на овој клуб и да ја оживее неговата традиција“, порача клубот од Белгија.

Нголо Канте пред само неколку дена го потпиша договорот со клубот од Саудиска Арабија, вреден 100 милиони долари. Французинот претходно настапуваше за Челси, Лестер, Каен и Булоњ.

За репрезентацијата на Франција има одиграно 53 натпревари и постигнато два гола.


Луис Енрике го носи Жоао Феликс во ПСЖ

Жоао Феликс играше на позајмица во Челзи до крајот на сезоната, а потоа се врати во Атлетико Мадрид.

Јасно е дека за Феликс повеќе нема место во Атлетико, па ја започна потрагата по нов клуб, а медиумите тврдат дека еден европски гигант е заинтересиран за него. Имено, Феликс е голема желба на Луис Енрике, кој сака да го доведе во Пари Сент Жермен.

„Светците“ ќе се обидат да му ја исполнат желбата и веќе почнале преговори со агентот Жорге Мендеш.

Атлетико за слободата на Португалецот бара 60 милиони евра, сума која нема да биде проблем за ПСЖ.


Реидерс од АЗ Алкмар на листата желби на Милан

Приоритет на Милан во летниот преоден рок ќе биде да го засили средниот ред, а најново име на списокот е Тижани Реиндерс од АЗ Алкмар.

После продажбата на Тонали „росонерите“ се спремни да донесат 2-3 играчи за врска, а првиот кој ќе пристигне е Лофтус Чик од Челзи. Притоа, Милан започна преговори со Алкмар за младата ѕвезда Реиндерс, кој одигра одлична сезона.

24-годишниот играч за врска оваа сезона постигна 7 гола и 12 асистенции, па веќе доби повик и од холандската репрезентација.

Милан има договор со играчот и сега преговара со Алкмар, а трансферот би требало да изнесува околу 18 милиони евра.