feature

Пеп го сака Хакими во Сити

Манчестер Сити ќе се обиде да го привлече Ашраф Хакими од Пари Сен Жермен.

Пеп Гвардиола го посочи Мароканецот како совршена замена за Кајл Вокер, кој е блиску до преселба во Баерн. Хакими е во многу блиски односи со Килијан Мбапе и евентуалното заминување на француската ѕвезда би можело да биде придружено и со негов трансфер. ПСЖ нема желба да се раздели со мароканскиот интернационалец, но се очекуваат сериозни промени во клубот со доаѓањето на новиот тренер, кој најверојатно ќе биде Луис Енрике.

Ќе има промени во Манчестер Сити по историската тројна круна. Покрај Вокер, се очекува да замине и Илкај Гундоган, а „граѓаните“ се обидуваат да го привлечат Матео Ковачиќ како негова замена. Во битка за потписот на Деклан Рајс влезе и англискиот и европски шампион.


Баерн спрема понуда за Келвин Филипс

Челниците на Баерн Минхен се заинтересирани за играчот од средниот ред на Манчестер Сити, Келвин Филипс.

27-годишниот англиски репрезентативец е резервна варијанта за Баварците за летна селекција. Фудбалерот во летото во 2022-ра пристигна кај „граѓаните“ за 42 милиони фунти од Лидс, но одигра само 12 натпревари.

Тој се повреди во првиот дел од сезоната а потоа не успеа да се наметне во тимот.


Џон Мекгин доби нов договор во Астон Вила

Астон Вила, очекувано го обнови договорот со капитенот Џон Мекгин. Тој потпиша нов четиригодишен договор до 2027 година.

„Ова е мојот дом . Веќе пет години сум дел од оваа авантура и не можев да одолеам на уште четири. Навистина сум возбуден што ќе го продолжам проектот“ – изјави 28-годишниот репрезентативец на Шкотска.

Мекгин дојде во Астон Вила во летото 2018 година кога беше купен од Хибернијанс.


Бенитез ја презема Селта од следниот месец

Познатиот фудбалски тренер Рафаел Бенитез ќе ја предводи шпанската екипа Селта Виго. Ова беше објавено на официјалниот сајт на клубот.

Договорот со тренерот е потпишан за период од три сезони. Се очекува Бенитез да му се приклучи на тимот во јули, на почетокот на претсезоната.

Бенитез претходно беше тренер на Реал Мадрид, Наполи, Интер, Валенсија и Ливерпул, со кои ја освои Лигата на шампионите во 2005 година. Последната работа на Бенитез беше на клупата на Евертон, од каде си замина во 2022 година.

Селта Виго минатата сезона ја заврши на 13. место во шпанската Ла Лига со освеони 43 поени.


Три гиганти во трката за дефанзивецот Тодибо

Манчестер Јунајтед, ПСЖ и Ливерпул покажуваат силен интерес за дефанзивецот на Ница, Жан Клер Тобидо.

Скаути на трите клубови ги следеа настапите наТобидо оваа сезона и се заинтересирани да го доведат во своите редови ова лето. 23-годишниот Тобидо во 2019 година се пресели во Барселона како слободен играч, но никогаш не доби шанса на „Камп Ноу“ и беше испраќан на позајмици.

Во 2021 година Ница го откупи неговиот договор, а тој игра одлично во Франција и го привлече вниманието на многу европски клубови.

Ница за неговата слобода бара 45 милиони евра, сума која споменатите клубови се спреми да ја платат.


Јуве и Милан го враќаат Фабиан Руиз во Серија А

Фабиан Руиз минатото лето беше еден од најбараните фудбалери на трансфер пазарот, а тој одлучи кариерата да ја продолжи во ПСЖ.

Шпанецот блескаше неколку сезони во Наполи, а „светците“ за 24 милиони евра го доведоа во своите редови. Меѓутоа, Руиз не се снајде баш најдобро во Париз и во системот на игра на Галтие, па сака да ја промени средината.

ПСЖ исто така е спремен да го продаде, а најсилен интерес за него покажуваат италијанските гиганти Јувентус и Милан.

„Светците“ се спремни да го пуштат дури на позајмица со право на откуп, а Руиз сака да се врати во Серија А.


Атлетико го краде Амрабат пред носот на Барса

Атлетико Мадрид почнал преговори за ѕвездата на Мароко, Софијан Амрабат.

Имено, Симеоне сака да го засили средниот ред, а Амрабат е на врвот на листата желби. Мароканецот потврди дека ова лето ќе ја напушти Фиорентина, а Атлетико Мадрид ја победил конкуренцијата и постигнал договор со неговиот агент.

Амрабат беше желба на неколку европски гиганти во јануари, особено на Барселона, но Фиорентина одлучи да го задржи до крајот на сезоната.

Сега за неговата слобода бара 30 милиони евра, додека Атлетико е спремен да понуди 20 милиони евра.


Јунајтед кокетира со Кејн, но Леви е тежок преговарач

Челниците на Манчестер Јунајтед сакаат преку фудбалерот, Хари Кејн, да издејствуваат негов трансфер на „Олд Трафорд“.

Тие побарале од напаѓачот на „спарси“ да се обиде да го убеди претседателот, Даниел Леви, да го пушти да си замине за помала сума.

„Црвените ѓаволи“  не сакаат да платат 100 милиони фунти за репрезентативецот на Англија кој има договор само за уште една сезона.


ВАР-системот има многу противници во Англија

Националното здружение на навивачите во Англија спроведе анкета за ВАР технологијата во тамошниот т фудбал. Во неа биле вклучени 9.645 луѓе во март и април.

67,3% од навивачите навеле дека се против ВАР системот во Премиер лигата а 79,1% од тие што редовно одат на натпревари навеле дека нивното искуство со ВАР е „лошо“ или „многу лошо“.

Речиси 92% од испитаниците рекле дека донесувањето на судиските одлуки трае предолго а само 26%  се задоволни со ВАР технологијата и ја поддржуваат нејзината употреба.


Милан планира да ги купи Фрарези, Лукаку, Пулишиќ со парите од Тонали

Првите луѓе на Милан планираат парите од продажбата на Тонали во 

Њукасл да ги искористат за неколку нови фудбалери.

Во преден план е Давиде Фратези од Сасуоло а како опции се појавуваат и Ромелу Лукаку, Рубенс Лофтус –Чик и Кристијан Пулишиќ. Најтешко ќе биде да стигнат до потписот на Лукаку кој е на платниот список на Челзи а игра како позајмен во Интер.

Сепак, тимот од „Сан Сиро“ се надева дека со понуда од 40 милиони ќе успее да го ангажира белгискиот напаѓач.