feature

Руските клубови се враќаат во евро-куповите?

Претставникот на УЕФА, Џозеф Климент, верува дека руските клубови наскоро ќе се вратат во европските натпреварувања.

„Мило ми е што сум повторно со вас, на вашата конференција во Москва. Би сакал да ви ги пренесам најубавите желби од претседателот на УЕФА, Александар Чеферин и од целата асоцијација. УЕФА обединува 55 асоцијации, нашата мисија е еднаков развој. Го развиваме фудбалот, но мора и да го заштитиме. Пандемијата стана пример дека ако се обединиме ќе ги надминеме сите пречки. Сега сме пред уште еден предизвик, многу сериозен. Веруваме дека УЕФА ќе ги надмине и овие тешкотии. Дека наскоро ќе се сретнат не само официјалните лица, туку и играчите. Веруваме дека на руските тимови и клубови ќе им биде дозволено да се натпреваруваат против европски тимови“, изјавил Климент.


Интер има високи барања, Ливерпул се повлече од трката за Барела

Ливерпул повеќе не е заинтересиран за потписот на играчот од средниот ред на Интер, Николо Барела, пишува Liverpool Echo. Клубот смета дека сумата која Интер ја бара за него е нерална.

Ливерпул се уште нема дадено официјална понуда за Барела. Сепак, Њукасл е активно заинтересиран за него. „Страчките“ понудија 60 милиони евра, но веднаш беа одбиени.

26-годишниот Италијанец минатата сезона во дресот на „нероаѕурите“ постигна шест гола и имаше шест асистенции.


Нигериски десен бек потпиша за Тиквеш

Ракометниот суперлигаш Тиквеш следната сезона ќе биде наш претставник на меѓународна сцена, денеска донесе уште едно засилување. Станува збор за Обина Ани, интернационалец и репрезентативец на Нигерија.

Управата на кавадарчани периодов засилено работи на комплетирање на ростерот за следната сезона, како со обновување на договорите на актуелните играчи, така и со доведување на адекватни засилувања кои ќе го кренат квалитетот на екипата на едно сосема друго ниво.


Ал-Наср испрати понуда за Марсело Брозовиќ

Клубот од Саудиска Арабија Ал-Наср, за кој игра Португалецот Кристијано Роналдо, му понуди на Интер 15 милиони евра за играчот од средниот ред Марсело Брозовиќ. Ова го пренесува инсајдерот Џанлука ди Марцио.

Според италијанскиот новинар, заминувањето на хрватскиот играч ќе му овозможи на Интер да го договори трансферот на Давиде Фратези од Сасуоло.

Претходно беше објавено дека Марсело Брозовиќ е интересен за Њукасл, а пролетта англискиот клуб дури и контактираше со претставниците на играчот. Интер не се противи летово да го продаде Брозовиќ за да го растовари платниот список. Во исто време, клубот од Милано е подготвен да се раздели со 30-годишниот Хрват за сума од најмалку 20-25 милиони евра.

Брозовиќ минатата сезона во Серија А забележа 28 настапи за Интер, постигнувајќи три гола и пет асистенции. Хрватскиот играч за врска дојде во редовите на Интер во 2015 година, од Динамо Загреб.


Интер ќе биде новиот клуб на Роберто Фирмино

Роберто Фирмињо е слободен агент и ја започна потрагата по нов клуб, а интерес за него покажува Интер.

Интерес за него покажуваат неколку клубови ширум Европа, а сега во трката се приклучи и Интер.

Интер ова лето ќе се раздели со Џеко и бара негова замена, а Фирмињо може да пристигне без обештетување. „Нероаѕурите“ стапиле во контакт со агентот на Бразилецот и му нудат 3-годишен договор.

Фирмињо сака да остане во Европа и е спремен да се пресели во Серија А, а Интер сака што побрзо да ја победи конкуренцијата.


Пау Торес прв пик за одбраната на новиот Баерн

Дефанзивецот на Виљареал, Пау Торес е голема трансфер желба на Баерн Минхен, пренесуваат германските медиуми.

Баварците се во потрага по дефанзивец, па поради големата кокуренција за Ким Мин од Наполи, сега се насочуваат кон Пау Торес. Торес се етаблираше во еден од најперспективните дефанзивци во Европа и го привлече вниманието на многу европски гиганти.

Виљареал има финансиски проблеми е спремен да слушне понуди за своите ѕвезди.

Притоа, самиот Торес сака да направи чекор напред во кариерата и е спремен да ја прифати понудата од Баерн Минхен.


Заниоло се враќа во Италија, Јуве фаворит за неговиот потпис

Јувентус е силно заинтересиран за италијанскиот репрезентативец Николо Заниоло и сака да го врати во Серија А.

 Заниоло во зимскиот преоден рок се пресели во Галатасарај, откако влезе во расправија со Мурињо и самиот побара трансфер.„Старата дама“ има финансиски проблеми, но ќе се обиде да ги намали трошоците за трансферот со тоа што во својата понуда ќе ги вклучи Вестон Меккени или Моизе Кин.

Самиот Заниоло инсистира да се врати во Серија А и го притиска раководството на турскиот клуб да го пушти.

Интерес за Заниоло постои и од страна на Наполи, Милан и Тотенхем, но Јувентус е спремен да ја победи конкуренцијата.


Милан пред потпис со Французинот Маркус Турам

Маркус Турам е многу блиску до трансфер во Милан, потврдија италијанските медиуми.

24-годишниот Французин е слободен агент откако му истече договорот со Борусија Мехенгладбах. Тој со одличните игри во Бундеслигата го привлече вниманието на многу европски гиганти и имаше понуди од ПСЖ и Лајпциг.

Сепак, последните информации се дека ја избрал понудата на Милан, кој му нуди место во стартниот тим

Турам ќе потпише 5-годишен договор со „росонерите“ и годишно ќе заработува 5 милиони евра.


Португалецот Гереиро доаѓа на потпис во Минхен

Рафаел Гереиро најдоцна утре ќе ги потпише документите за трансфер во Баерн Минхен.

Фудбалерот кој си замина од Борусија Дортмунд како слободен играч ќе оди на лекарски прегледи во текот на денешниот ден, по што треба да го потпише договор со германскиот шампион до 2026 година.

Португалскиот дефанзивец забележа 27 настапи во Бундеслигата минатата сезона и имаше 12 асистенции.


Неморална понуда од Њукасл за Сандро Тонали

Сандро Тонали се сели во Премиер лигата и следната сезона ќе игра за екипата на Њукасл. Трансферот на младиот фудбалер на Милан треба да биде завршен наскоро, откако тој ја прифатил понудата на Англичаните за плата од 10 милиони евра годишно, па сега се очекува само клубовите да се договорат меѓусебно.

Според инсајдерот Фабрицио Романо, англискиот клуб и играчот од средниот ред се блиску до договор кој ќе има важност до 2029 година. Италијанецот ќе заработува во Англија 8 милиони евра годишно, со можни дополнителни два милиони како бонуси.

Њукасл продолжува да разговара за трансфер обештетувањето со Милан. Последната понуда на Њукасл се свижи околу 70 милиони евра, но Милан и натаму инсистира на сума од 80 милиони евра.