feature

Перез по третпат го враќа Зидан во Мадрид?

Зинедин Зидан и Реал Мадрид заедно по четврти пат?! Првиот пат Французинот дојде како играч, потоа уште двапати како тренер, а сега би можел како десна рака на Флорентино Перез.

Шпанските медиуми пренесуваат дека Перез сака да го има Зидан во својот клуб, но сега не како замена за Карло Анчелоти. Наводно, Перез сака да го искористи тоа што Зидан и понатаму е без ангажман и нема тренерски ангажман и сака да му понуди улога на советник, но и да биде врска помеѓу соблекувалната и управата. Сепак, се наведува дека тоа е потенцијален „таен мотив“, Зидан да биде спремен веднаш да го наследи Анчелоти ако не му оди добро наредната сезона.

Перез неколку месеци ја разгледуваше опцијата за смена на Италијанецот кој се уште има понуда од Бразил. Се шпекулира и дека Анчелоти не е задоволен од плановите на Перез за ово јпреоден рок.

Анчелоти го сакаше Хари Кејн, Перез се согласи, но мислењето му се променило кога Мбапе порача дака нема да го продолжи договорот и спремен е да го чека уште една сезона ако не успее да го доведе ова лето. Наредното Мбапе ќе биде слободен.

Зидан во изминатиот период ги одби ПСЖ и Јувентус, ја чекаше Франција, но Дешам доби нов договор.


РБ Лајпциг бара сто милиони евра за Гвардиол

Maнчестер Сити сака да го освежи тимот откако освои тројна круна, а Јошко Гвардиол е голема желба на Пеп Гвардиола за последната линија од тимот.

Според информациите на фудбалскиот портал „Goal“ кој се повиквуа на информацијата на новинарот Флоријан Плетенберг од „Скај Спорт“, Гвардиол нема ништо против трансфер во европскиот шампион.

Наводно, германскиот бундеслигаш се согласил да го пушти хрватскиот дефанзивец ако пристигне понуда од 100 милиони евра. Од друга страна во Сити сакаат да ја завршат работата за 15-тина милиони помалку.

Гвардиол во Лајпциг пристигна во 2021 година како 21-годишник и за германскиот клуб одигра 87 натпревари во кои постигна пет гола и запиша три асистенции. Успеа со Лајпциг двапати да го освои германскиот куп, а освен со Манчестер Сити се поврзуваше и со Реал Мадрид, Ливерпул и Челзи. Неговиот договор со Лајпциг има важност до летото 2027 година.


Мончи промовиран во нов спортски директор на Астон Вила

Астон Вила објави дека нивни нов спортски директор е поранешниот оперативец на Севиља и Рома, Мончи.

Познатиот Шпанец доаѓа на местото на Кристијан Персолу кој објави пензионирање во понеделеникот. Мончи е воодушевен што повторно добива прилика да соработува со Унаи Емери откако претходно беа одлични во Севиља.

„Со нетрпение чекам повторно да работам со Емери, тој е еден од најдобрите тренери во светот“, изјави Мончи.

Мончи и тоа како помогна во освојувањето на седумте трофеи на Севиља во периодот од 2000 до 2023 година, во три од тие седум трофеи на Севиља соработуваше со Емери. Работеше и во Рома Мончи од 2017 до 2019 година, а тогаш „волчицата“ играше во полуфиналето од Лигата на шампионите.


Почетино го носи Џексон од Виљареал во Челзи

Челзи потроши многу во изминатите два преодни рока, но и покрај тоа на тимот му е потреба реконструкција предводена од Маурицио Покетино кој се враќа во англискиот фудбал.

Кристофер Нкунку беше договорен уште во зимскиот преоден рок и наскоро се очекува официјализација на ово јтрансфер, од Лион треба да пристигна Мало Густо за 30 милиони евра, а денес пристигна и нова информација. Според последните информации, Челзи ја активирал клазулата и ќе го доведе Никола Џексон од Виљареал за 35 милиони евра.

Станува збор за Сенегалец кој на 20-ти јуни ќе наполни 22 години и игра на позицијата напаѓач. Сезонава играше одличен фудбал, постигна 13 голови и подели пет асистенции. Челзи беше најконкретен, а шпанскиот тим е спремен да прифати и исплата во три рати.

Челзи се поврзуваше и со фудбалери како Лаутаро Мартинез и Виктор Осимен, меѓутоа тие трансфери во овој момент не изгледаат така реално.


Валверде одбива да си замине од Реал Мадрид и покрај понудите

Федерико Валверде, кој имаше одлични партии во дресот на Реал Мадрид вели дека сака да остане на стадионот – „Сантијаго Бернабе“ и повтoрно да освојува нови трофеи за „кралевите“.

Неговата изјава доаѓа по шпекулациите дека луѓето од Челзи сакаат да испратат понуда за неговиот потпис.

„Јас сум во Мадрид и се обидувам да оставам траг во најдобриот клуб во светот. Сакам да продолжам да освојувам трофеи“, потенцираше играчот на „белите“.


Алкараз: Не се подготвив добро за дуелот со Новак

Карлос Алкараз уште еднаш прокоментира што се случи во полуфиналето од Ролан Гарос и проблемите кои ги имаше против Ѓоковиќ.

Момчето од Мурсија на почетокот од третиот сет од дуелот со Новак Ѓоковиќ, почувствува грчеви во целото тело, не сакаше да го предаде мечот, па со болки и грчеви играше до самиот крај.

Сето тоа влијаеше на неговата игра во третиот и четврти сет, па на крајот мораше само да го следи Ѓоковиќ во неговата игра и не успеа да пружи некој поголем отпор.

„Не се подготвив добро за овој меч, за она што ме очекуваше. Премногу бев под стрес, под притисок. По два сета, кои беа доста тешки за мене, ако на тоа се додаде и напнатоста на која бев изложен, се случи тоа што се случи..“, порача Алкараз.

Алкараз пристигна во Лондон, каде евентуално би се борел за титула во Квинс и повторно би станал прв светски рекет на АТП листата.


Мбапе руши историски рекорд со француската репрезентација

Килијан Мбапе го искористи натпреварот против Гибралтар за повторно да испише историја. Имено, тој го искористи квалификацискиот натпревар за ЕП за израмнување на рекорд стар 65 години, а тоа го направи постигнувајќи гол.

Франција победи со 3-0 против Гибралтар, а еден од головите беше дело на Мбапе, кој го израмни овој рекорд.

Тоа е бројот на голови на француски фудбалер во истата сезона, а ова беше негов 39-ти гол за националниот тим.

Во однос на вкупните голови, ова беше 53-ти гол за Мбапе во сезоната, израмнувајќи го рекордот на Џаст Фонтен од 1958 година. Тој тогаш на Мундијалот постигна 13 гола, што се уште е рекорд за еден фудбалер.

Одигра шест натпревари, постигна 13 гола, а Франција ја освои бронзата.

Најдобар стрелец на последното Светско првенство беше Мбапе, а во Катар постигна осум гола, а оваа сезона за националниот тим постигна 12 гола.

Покрај тоа, тој беше најдобар стрелец во францускиот шампионат со 29 постигнати голови, а во Лигата на шампионите постигна седум гола. Кога станува збор за Купот на Франција, Мбапе додаде пет гола во тоа натпреварување.

Ако во понеделник постигне гол против Грција, Мбапе ќе го собори рекордот поставен од Фонтен.


Сколари ја прекина пензијата и се врати во Атлетико Параненсе

Луис Фелипе Сколари по една година пауза ќе се врати во тренерските води. Легендарниот бразилски стратег последниот ангажман го имаше кај Атлетико Параненсе во финалето од Копа Либертадорес.

Тој тогаш порача дека се повлекува од фудбалот но, сега се предомисли и потпиш договор за една сезона со екипата на Атлетико Минеиро.

Бразилецот има работено со Гремио, Крузеиро, Гоиас, Челзи, Палмеирас и Коритиба. Тој во еден период беше селектор на Кувајт и на Бразил.


Нагелсман одби да седне на клупата на ПСЖ

Француските медиуми објавија дека фудбалскиот тренер, Јулијан Нагелсман, дефинитивно нема да го презеде кормилото на ПСЖ откако пропаднале сите преговори.

Младиот стратег кој последен пат седеше на кормилото на Баерн Минхен не ги прифатил условите за да замине на „Паркот на принцовите“.

Тоа значи дека „светците“ и натаму не можат да најдат нов тренер откако претходно пропаднаа шансите да ги ангажираат Зинедин Зидан и Луис Енрике.


Балогун на пат кон „Сан Сиро“

Милан и Интер се силно заинтересирани за младиот напаѓач на Арсенал, Фоларин Балогун.

21-годишниот младински репрезентативец на Англија минатата сезона играше на позајмица со Ремс и блесна во Лига 1.

Талентираниот фудбалер постигна 21 гол на 37 натпревари во Лига 1, а Арсенал е спремен да го продаде ова лето.

Балогун има договор со Арсенал до 2025 година, а најсилен интерес за него покажуваат миланските гиганти.

Спортскиот директор на Интер, Аусилио веќе спремил понуда од 25 милиони евра, но Арсенал за неговата слобода бара 40 милиони евра.