feature

Вокер заминува од „Етихад“, Баерн фаворит за неговиот потпис

Освоената тројна круна во сезоната која штотуку заврши беше украс за актуелната генерација на Манчестер Сити, а според најавите од Островот, победникот на Лигата на шампионите и Премиер лигата го чека чистка во чии рамки конкуренцијата на позицијата десен бек значително ќе се промени.

Како што дознава Атлетик, покрај Жоао Кансело, летово Сити ќе го напушти и Кајл Вокер, 33-годишниот дефанзивец кој изрази незадоволство од улогата што ја имаше во претходниот период. Англискиот дефанзивец незадоволен од минутажата во сезоната 2022/23 изразил желба за промена на средината, а според истиот извор се водат преговори околу трансферот на Вокер во Баерн Минхен. Иако клубовите допрва треба да разговараат за обештетувањето, се претпоставува дека нема да има пречки во реализацијата на оваа работа.

Во текот на пролетта, Вокер успеа да ја врати довербата на Пеп Гвардиола и да заработи стартно место на 11 од последните 13 натпревари, но еден од натпреварите што започна на клупата беше финалето на Лигата на шампионите против Интер. Тоа што паѓа во втор план со актуелниот шеф на стручниот штаб беше причина десниот бек да ја иницира приказната за разделба една година пред истекот на договорот, а за очекување е епилогот на оваа тема да биде познати во наредните денови.

Вокер, кој е стандарден англиски репрезентативец, кариерата би можел да ја продолжи во Баерн, а како еден од приоритетите, островските медиуми ја наведуваат амбицијата на дефанзивецот да го задржи континуитетот и да остане во конкуренција за репрезентативниот дрес на Европското Првенство во 2026 година. Воедно, евентуалното доаѓање на Вокер во Минхен би претставувало и решение за позицијата покрај десната надворешна линија по најавата на Бенџамин Павар дека не планира да го продолжи договорот и дека неговата намера е да го промени средниот ред ова лето.


Мареска започнува самостојна кариера, го презема Лестер Сити

Поранешниот италијански репрезентативец Енцо Мареска и официјално е потврден за нов тренер на Лестер, новопечениот англиски второлигаш. Поранешниот тренер Дин Смит не успеа да го спаси шампионот на Англија во 2016 година од испаѓање и тоа го плати со отказ.

Ова е втора независна работа за Марсека на сениорско ниво, до која доаѓа откако беше дел од стручниот штаб на Пеп Гвардиола во Манчестер Сити претходната сезона, каде што придонесе за освојување на тројната круна. Претходно раководеше со У-23 тимот на Сити, од кој замина во Парма, но таа епизода беше неуспешна, па набрзо повторно стана соработник на Гвардиола.

Како играч беше вистински номад и играше за Вест Бром, Болоња, Јувентус, Пјаченца, Фиорентина, Севиља, Олимпијакос, Малага, Сампдорија, Палермо и Верона. Тој ја освои шампионската титула со Јувентус во 2001 година и два последователни Купа на УЕФА со Севиља во 2005 и 2006 година.

Гвардиола, кој освои пет првенствени титули во последните шест сезони и го направи Сити незапирлива сила, почна се повеќе да влијае на потезите на другите клубови, кои се повеќе ги избираат неговите ученици за нови тренери.


Реал се распрашува и за Адејеми од Борусија Дортмунд

Реал Мадрид сигурно нема да застане со трансферот на Џуд Белингам и сега сака да го засили нападот. Шпанските медиуми откриваат дека „кралевите“ сакаат уште една ѕвезда на Борусија Дортмунд, а станува збор за Карим Адејеми.

21-годишниот германски фудбалер пристигна во Борусија од Салцбург и веднаш почна да го покажува својот квалитет.

„Билд“ пренесува дека Реал е силно заинтересиран за Адејеми и веќе подолго време ги следи неговите настапи.

Борусија нема лесно да се откаже од својот „бисер“ и за неговата слобода бара 80 милиони евра, но сака да го задржи барем уште една година.

Реал ги информирал колегите од Дортмунд дека е заинтересиран и сака да има предност во преговорите при евентуален трансфер на младиот Германец.


Ковачиќ замена за Гундоган во Сити, Челзи ќе добие 40 милиони евра

Играчот од средниот ред на Челзи, Матео Ковачиќ е многу блиску до шампионот на Премиер-лигата, Манчестер Сити.

Според двата клуба, постигнат е начелен договор за трансфер на Хрватот за околу 40 милиони евра. Сите детали за трансакцијата ќе бидат разјаснети во рок од две недели.

Ковачиќ ги договорил личните услови со „граѓаните“ што во голема мера ќе го олесни комплетирањето на трансферот.


Торино спремен да го откупи договорот на Миранчук

Челниците на фудбалскиот состав Торино преговараат за откупување на правата на играчот од средниот ред на Аталанта, Алексеј Миранчук.

Првично, сумата за откуп требаше да биде 9,5 милиони евра, плус уште 1,5 милиони во форма на бонуси. Сепак, Торино не е подготвен да плати повеќе од 7 милиони.

27-годишниот Русин може да остане кај „биковите“ до 30 јуни кога ќе му истече договорот за позајмица. Правата на играчот до летото во 2024 година и припаѓаат на Аталанта.


Мбапе, Лорис и Варан ќе играат за Франција на олимпискиот турнир во Париз

Напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе ќе игра за Франција на престојните Летни Олимписките игри во Париз 2024 година.

Според весникот „Л’Екип“, во францускиот олимписки тим ќе има најмалку тројца играчи од првиот тим, а меѓу нив дефинитивно ќе биде и Мбапе. Забележано е дека францускиот напаѓач сонува за победа и злато од Олимпијадата. За Франција можат да играат и голманот на Тотенхем, Уго Лорис и дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Рафаел Варан.


Салах демантира преговори со ПСЖ

Рами Абас Иса, агентот на напаѓачот на Ливерпул, Мохамед Салах, реагираше на гласините дека фудбалерот разговарал со претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Хелаифи за наводен трансфер во редовите на францускиот првак.

„Не е точно. Немаше никаква средба со Ал-Келаифи“, изјавил Иса.

Претходно беше објавено дека 31-годишниот Салах разговарал со претседателот на ПСЖ во Катар за преселба во клубот.


Јунајтед се огласи: Нема договор со Де Геа, разделбата евидентна

Манчестер Јунајтед денеска потврди дека договорот на Давид Геа е завршен и засега нема договор за продолжување на соработката.

Во краткото соопштение „црвените ѓаволи“ потврдуваат дека нема продолжување на договорот со шпанскиот голман, меѓутоа се истакнува дека и понатаму ќе се водат преговори.

За разлика од Де Геа договорот го продолжиле Том Хитон и Нејтан Бишоп, во нивните договори се активирени клазулите за автоматско продолжување.


Фратези од Сасуоло желба на три италијански гиганти

Ѕвездата на Сасуоло и италијански репрезентативец, Давиде Фратези ќе биде жешка тема летово на Апенините.

Фратези после одличната сезона се етаблираше во еден од најголемите италијански таленти и еден од најдобрите играчи за врска во Серија А. За него сериозен интерес покажуваат Интер, Милан и Јувентус и ќе водат голема битка за неговиот потпис.

Сасуоло за Фратези бара 40 милиони евра и тоа може да биде проблем бидејќи споменатите клубови не се спремни да ја платат таа сума.

Интерес за Фратези покажува и Брајтон, но тој преферира да остане во Серија А.


Адеми се враќа во Европа, преговара за трансфер во Трабзонспор

Енис Барди како што стојат работите ова лето ќе го напушти Трабзонспор, меѓутоа друг наш репрезентативец може да го облече дресот на овој турски клуб.

Изненадувачки, Трабзон сака во своите редови да го доведе Аријан Адеми кој неодамна се пресели во Пекинг Гуан. Адеми се раздели со Динамо и три месеци игра во Кина, а во овој период забележа гол и асистенција на стартот од кинеската лига.

Најголема причина за интересот од Трабзонс е Ненад Бјелица кој е тренер на турскиот клуб. Бјелица одлично го познава македонскиот репрезентативец, двајцата соработуваа еден период во Динамо. Сепак, засега не може да се каже колку е навистина реален ваков трансфер и дали Пекинг ќе го пушти Адеми толку брзо.

Исто така во Трабзон се најавуваше кратење на плати за 30% на целиот беуџет, токму најмногу поради тоа Барди е пред заминување. Останува наредниот период да покаже дали навистина има нешто сериозно или станува збор за шпекулација од турските медиуми, кои и не се ретки во последниот период.