feature

Хакими и Лаутаро желби на Анчелоти за новиот Реал

Карло Анчелоти посочил две идеални засилувања за Реал Мадрид.

„Кралевите“ после доаѓањето на Белингам и Брахим Дијаз ова лето сакаат да донесат напаѓач и десен бек. Прв избор за Анчелоти е ѕвездата на Интер, Лаутаро Мартинез, во кого гледа одлична замена за Бензема. Аргентинецот имаше уште една одлична сезона и Интер не сака да го пушти, но Реал е спремен да понуди 100 милиони евра.

Ашраф Хакими не е среќен во ПСЖ и сака да го напушти клубот ова лето.

Негов сон е да се врати во Реал Мадрид, каде ја започна кариерата, но никогаш не доби вистинска шанса.


Падна договор: Крос останува уште една сезона во Мадрид

Долго време една од главните теми во Реал Мадрид е Тони Крос, поточно неговото повлекување од фудбалот или продолжувањето на играњето за Реал Мадрид.

Неговата одлука се чекаше долго, но може да се каже дека вредеше, барем ако сте навивач на Реал Мадрид, бидејќи Крос останува во тимот.

„Реал Мадрид конечно е подготвен да потврди дека Тони Крос ќе го продолжи договорот на уште една година. Се е потпишано од февруари. Првиот чекор е претставување на Белингем, а потоа потврда за продолжување на соработката со Крос, Начо, како и некои други играчи“, тврди Фабрицио Романо.

Анчелоти често во своите изјави кажуваше дека Крос е еден од неговите најважни играчи кому многу му верува.

Крос во Реал Мадрид е девет сезони, а за овој клуб одигра дури 405 натпревари и постигна 27 гола и додаде 88 асистенции.


Бредли Бил заминува од Вашингтон

Бредли Бил, започна преговори со Вашингтон за да добие дозвола да замине во друг состав.

Тој е единствениот играч во НБА кој има анти-трејд клаузула во неговиот петгодишен договор кој го потпиша во 2022 година. Преодниот рок во САД започнува на 1 јули а за Бил наводно се заинтересирани: Филаделфија, Милвоки и Мајами.

Играчот на Вашингтон во претходната сезона поради проблеми со повредите одигра 50 средби со просек од 23,2  поени.


Французинот Гарсија е нов тренер на Елмас во Наполи

Наполи ја заврши потрагата по нов тренер и официјално потврди дека на кормилото ќе седне Руди Гарсија. Спалети оваа сезона го освои Скудетото и реши да го напушти кормилото на Наполи.

Многу тренерски имиња се споменуваа како негови наследници, а денес на големо изненадување претседателот Де Лаурентис го објави името на новиот тренер.

Руди Гарсија до неодамна беше тренер на Ал Наср, каде доби отказ поради лошите резултати.

Претходно со успех ги водеше екипите на Лил и Рома, а сега се враќа во Серија А на кормилото на италијанскиот шампион.


Вест Хем задоволно трие раце, многу клубови го сакаат Деклан Рајс

Арсенал понудил 80 милиони фунти плус 10 како дополнителни бонуси за потписот на Деклан Рајс но, челниците на Вест Хем експресно одбиле, наведуваат попладнево медиумите во Англија.

Популарните „чекани“ за одличниот фудбалер бараат најмалку 100 милиони фунти. Познато е дека за англискиот репрезентативец се заинтересирани Челзи и Манчестер Јунајтед а од  денеска и шампионот Манчестер Сити.

Наводно, „граѓаните“  започнале да бараат замени за Илкај Гундоган и Бернардо Силва кои се на излезната врата од стадионот„Етихад“.


Ричарлисон желен да го докаже квалитетот во Тотенхем

Фудбалерот на Тотенхем, Ричарлисон, ги коментираше шпекулациите дека за неговиот потпис е заинтересиран Реал Мадрид кој бара замена на Карим Бензема кој замина во Саудиска Арабија.

„Се разбира, Реал Мадрид е најголемиот клуб во светот. Секој играч сака да го носи тој дрес. Но, имам договор и морам да докажам зошто Тотенхем ме купи по голема цена“, изјави Ричарлисон.

Бразилецот  дојде кај „спарси “ пред една година за големи 60 милиони фунти. Тој во првата сезона во лондонскиот клуб постигна само три гола и направи четири асистенции на 35 натпревари во сите конкуренции.


Сити ќе ја започне одбраната на титулата со дуел против Барнли

Екипата на Манчестер Сити, која пред само неколку дена освои историска тројна круна, започнува уште една одбрана на титулата во Премиер лигата со гостувањето кај шампионот од Чемпионшип Барнли, чиј менаџер е поранешниот капитен на „граѓаните“ Винсент Компани. Тимот на Пеп Гвардиола има за цел да стане првиот тим кој ја освоил титулата во Премиер лигата во четири последователни сезони.

Големиот конкурент на „граѓаните“ за првото место минатата сезона – Арсенал, новиот обид за напад на врвот на англиската елита ќе го започне со гостување кај Нотингем Форест. Манчестер Јунајтед, исто така, има за цел да се врати во трката за титулата откако обновениот тим на Ерик тен Хаг ја прекина шестгодишната пауза за трофеи со освојувањето на Карабао купот претходната сезона. Клубот најверојатно наскоро ќе има нови сопственици, па навивачите на „црвените ѓаволи“ со големи надежи ја очекуваат сезоната која ќе започне со меч на „Олд Трафорд“ против Вулверхемптон.

Њукасл се проби во топ 4 и ќе игра во Лигата на шампионите. Достигнувањето е огромно, но сопствениците и менаџерот Еди Хау се стремат уште повисоко. Во својот прв натпревар од новата сезона на „Сент Џејмс Парк“ ќе и гостува Астон Вила, која заврши на седмото место и ќе игра во Конференциската лига.


Руски Акрон Тољати нов клуб на Бојан Димоски

Фудбалерот на Академија Пандев и повремен македонски репрезентативец Бојан Димоски направи трансфер во Русија.

Димоски беше претставен како нов фудбалер на Акрон Тољати. Димоски потекнува од школата на Тетекс, потоа заигра за Вардар каде што дебитираше во сениорска конкуренција. Најдобрите настапи ги покажа во Академија Пандев каде што во изминатите три сезони беше еден од најважните фудбалери.

Во овој момент Димоски е со репрезентацијата на Македонија и по натпреварот со Англија на 19-ти јуни (понеделник) ќе се придружи на Акрон кој изминатата сезона во Втората лига во Русија заврши на деветтата позиција.


Галтие ќе биде наследникот на Спалети во Неапол

Зад Наполи е историска сезона. Клубот од Неапол на доминантен начин ја освои Серија А и по трет пат стана шампион на Италија, а првпат по ерата на Диего Армандо Марадона.

Спалети го предводеше од клупата до скудетото, но тоа не беше доволно за да му ја спаси работата. Влегол во конфликт со сопственикот, го напуштил тимот и решил да одмори една година и да не работи никаде.

Веќе извесно време се шпекулира кој би можел да го наследи, а утринава, според неколку италијански и француски медиуми, Кристоф Галтие, кој го водеше Пари Сен Жермен, ја освои титулата во Франција, но доби отказ поради неуспех во Лигата на шампионите.

Пред ПСЖ, Галтие раководеше со Сент Етјен, кој го предводеше од 17. до четвртото место, потоа Лил со кој пред две години го освои францускиот шампионат и стави крај на доминацијата на ПСЖ. Од Лил замина во Ница, а минатото лето се пресели во Париз. Заминувањето во Неапол би било негов прв странски ангажман во кариерата.


Хаверц приоритет на Артета во летниот преоден рок

Арсенал се вклучи во трката за потписот на германскиот репрезентативец, Каи Хаверц, пренесуваат медиумите на Островот. Хаверц веќе го известил Челзи дека сака да игра во Лигата на шампиони и побарал да му биде дозволен трансфер.

За него интерес покажува и Реал Мадрид, но „кралевите“ не се спремни да платат 70 милиони фунти, колку што бара Челзи. Арсенал ова лето нема да штеди пари и сака да донесе големи засилувања, а ќе има и голем буџет за трансфери.

Покрај Деклан Рајс, за кого „топџиите“ се спремни да платат 100 милиони евра, другата голема желба на Артета е токму Каи Хаверц.