feature

Гризман е фаворит за наследник на Мбапе во ПСЖ

Пари Сен Жермен би можел да го ангажира играчот од средниот ред на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман, објави „Марка“.

Според изворот, доколку парижаните го продадат напаѓачот Килијан Мбапе во летниот преоден рок, тогаш на негово место може да биде потпишан Антоан Гризман. Во исто време, се забележува дека главниот тренер на Атлетико Диего Симеоне не сака да се раздели со Гризман, самиот играч исто така сака да остане во мадридскиот клуб. Правата на Гризман и припаѓаат на Барселона. Сега играчот игра за Атлетико Мадрид на позајмица.

Претходно беше објавено дека Мбапе испратил официјален допис до ПСЖ, каде што рекол дека во никој случај нема да го продолжи договорот со парижаните до 2025 година. Исто така е јасно дека напаѓачот би можел да го напушти тимот во летниот преоден рок.


Њукасл и Интер преговараат за транферот на Барела

Англиските медиуми објавија бомбастична вест и тврдат дека ѕвездата на Интер Николо Барела е пред трансфер во Њукасл.

Барела веќе две сезони е еден од најдобрите играчи за врска во Серија А и го привлече вниманието на многу европски клубови. Интер има финансиски проблеми и е спремен да слушне понуди за некои свои фудбалери, но Барела е еден од најважните фудбалери и клубот тврдеше дека не е на продажба.

Меѓутоа, Њукасл испратил понуда од 50 милиони фунти која Интер ја прифатил и сега трансферот е пред реализација.

„Нероаѕурите“ со продажбата на Барела ќе ги финансираат трансферите на Милинковиќ-Савиќ од Лацио и Давиде Фратези од Сасуоло.


Квадрадо како слободен фудбалер заминува од Јуве

Фудбалерот на Јувентус, Хуан Куадрадо, на крајот на месецот ќе биде слободен играч и веројатно ќе замине во друга земја, најавија денеска медиумите во Италија.

За неговиот потпис се заинтересирани екипите на Валенсија (Шпанија) и турскиот, Фенербахче. 35-годишниот ветеран  во последната сезона кај „старата дама“ имаше 47 мечеви во сите конкуренции со ефект од два гола и четири асистенции.

Репрезентативецот на Колумбија претходно играше и во Челзи, Удинезе, Лече, Фиорентина и Индепендиенте Меделин.


Мурињо останува тренер на Рома

Италијанските медиуми пренесуваат дека тренерот на фудбалскиот клуб Рома, Жозе Мурињо, ја одбил богатата понуда од Саудиска Арабија за преземање на екипата на Ал Ахли, и најверојатно ќе остане тренер на Рома.

Информациите велат дека португалскиот стручњак неодамна во Лондон имал состанок со челниците на Ал Ахли кои му понудиле износ од дури 120 милиони евра за две сезони, ако се согласи да ја води оваа екипа во наредниот период. Меѓутоа Мурињо претходно се обврзал дека ќе остане во Рома и ќе ја продолжи својата работа калчолигашот.

Мурињо за тренер на Рома беше назначен во 2021 година, а негови најголеми успеси со овај клуб се освојувањето на Лигата на Конференции во 2022. година.

Оваа година Рома под негово водство играше во финалето од Лига Европа каде беше поразена од шпанска Севиља.


Селтик го враќа Роџерс на клупата

Шкотски Селтик е блиску до договор со Брендан Роџерс кој би можел да ја преземе функцијата менаџер, пренесуваат британските медиуми.

Роџерс Селтик го водеше од 2016-та до 2019-та година и во секоја сезона ја освојуваше шампионската титула, а според информациите од Шкотска 50-годишниот тренер е пред враќање во клубот.

Според информациите од двете страни денес би требало да се одржи нов разговор, а извори блиски на „Скај“ тврдат дека соработката е на повидок.

Поранешниот менаџер на Ливерпул на почетокот на април доби отказ од Лестер по серијата лоши резулати, а „лисиците“ на крајот испаднаа од друштвото на најдобрите.


Шкрињар го потврди трансферот во Париз

Дефанзивецот на Интер, Милан Шкрињар, пред натпреварот на репрезентацијата на Словачка против Исланд потврди дека кариерата ќе ја продолжи во Пари Сен Жермен.

На 1 јули му истекува договорот со миланскиот клуб и како слободен играч ќе се пресели на „Паркот на принцовите“.

Според информациите, 28-годишниот дефанзивец потпишал четиригодишен договор со ПСЖ.

„Веќе се чувствувам добро, но без игри не можете да го најдете вашиот ритам. Ако тренерот сака да ме пушти, ќе му помогнам на тимот бидејќи сум подготвен. Да видиме што ќе се случи во Париз, во ПСЖ, но најважно е да се чувствувам добро“, рече Шкрињар на прес-конференцијата во пресрет на европскиот квалификациски натпревар Словачка – Исланд.

Минатата сезона Словакот одигра 31 натпревар за Интер со една асистенција.


Лукаку летна за Саудиска Арабија, следуваат преговори со Ал-Наср

Белгискиот напаѓач кој е член на Челзи, а настапуваше со позајмица во Интер, Ромелу Лукаку би можел да се пресели во Ал-Наср.

Според некои медиуми, Лукаку отпатувал во Саудиска Арабија за да преговара со клубот. Напаѓачот доби понуда со плата од 25 милиони евра по сезона. Саудискиот тим нуди двегодишен договор.

Се истакнува дека Лукаку веќе ја одржал првата рунда преговори со Ал-Наср. На Белгиецот му одговараат услови, но тој има договор со Челзи до 2026 година. Лондонскиот клуб планира да добие најмалку 50 милиони евра за трансферот на играчот. Ромелу Лукаку оваа сезона одигра 36 натпревари за Интер во сите натпреварувања, постигнувајќи 14 голови и седум асистенции. Цената на 30-годишен фудбалер, според порталот Трансфермаркт е 40 милиони евра.


Де Врај останува во Интер до 2025 година

Стефан де Врај стави потпис на нов договор со „нероаѕурите“ до 2025 година.

Договорот на Де Вриј со Интер истекуваше овој месец, па иако се очекуваше да си замине како слободен агент, сепак одлучи да остане на „Џузепе Меаца“. После сигурното заминување на Скриниар, Интер не сакаше да остане без уште еден стандарден дефанзивец, па почна преговори со Де Врај.

Двете страни брзо постигнаа договор, па Холанѓанецот и во наредните две години ќе остане во клубот.


Чуквуамека од Челзи најново име кое се поврзува со Милан

Милан е силно заинтересиран за 19-годишниот талент на Челзи, Карни Чуквуемека.

Станува збор за млад англиски репрезентативец со нигериско потекло, кој важи за најголем талент на Островот во моментов. Тој минатото лето пристигна во Челзи од Астон Вила за 18 милиони фунти, но не доби вистинска шанса на „Стенфорд Бриџ“.

Чуквуемека сака да ја промени средината, а Милан и минатото лето беше силно заинтересиран за неговиот потпис.

„Росонерите“ сега гледаат одлична шанса да го агажираат, а „Калчомеркато“ тврди дека Англичанецот може да се пресели на „Сан Сиро“ на позајмица со право на откуп.


Витор Роке од Атлетико Параненсе пред потпис со Барса

Барселона одлучи да ангажира ново засилување за нападот, млад напаѓач кој ќе биде алтернатива за Левандовски.

Каталонските медуми пренесуваат дека Барселона е пред комплетирање на трансферот на големиот бразилски талент Витор Роке. Станува збор за 18-годишен напаѓач на Атлетико Параненсе, кој веќе дебитираше за бразилската репрезентација.

Роке беше на мета на многу европски гиганти, но Барселона ја победи конкуренцијата благодарение на Деко, кој е последник при трансферот.

Според информациите каталонскиот гигант за неговиот потпис ќе плати 40 милиони евра на три рати.