feature

Де Лихт поради повреда ја пропушта завршницата од Лигата на нации

Фудбалскиот репрезентативец на Холандија, Матијс Де Лихт, поради повреда ќе го пропушти завршниот турнир во Лигата на нации, соопшти фудбалскиот сојуз на оваа земја.

Како замена за повредениот дефанзивец во националната селекција е повикан неговиот досегашен соиграч од Баерн Минхен, Дејли Блинд.

Холандија која е домаќин на завршниот турнир во Лигата на нации, својот полуфинален натпревар против Хрватска го игра во среда.

Во второто полуфинале се сретнуваат репрезентациите на Шпанија и Италија.


Ливерпул му нуди на Реал 80 милиони евра за Валверде

Шпанските медиуми излегоа со информација дека англискиот премиерлигаш Ливерпул доставил понуда до Реал Мадрид во висина од 80 милиони евра, за Уругваецот Федерико Валверде

Според овие информации, целиот трансфер доколку би се реализирал, треба да достигне цифра од 100 милиони евра.

Раководството на Реал ја одбило првата понуда за играчот од средниот ред која првично изнесувала 60 милиони евра. Останува да се види дали Ливерпул и тренерот Јирген Клоп, ќе одат до реализирање на трансферот, или пак цената што ја побарува кралскиот клуб сепак ќе биде превисока.

24 годишниот Валверде е играч на Реал од 2016.година каде пристигна од уругвајскиот Пењарол. Во белиот дрес на клубот од Мадрид тој изминатава сезона постигна 12 гола на 56 натпревари.


Манчестер Јунајтед го очекува избор на нови газди

Фудбалскиот состав Манчестер Јунајтед до крајот на неделава може да добие нов сопственик, најавуваат медиумите во Англија.

Според наведеното, британскиот милијардер, Сер Џим Ретклиф, е главниот фаворит иако инвеститорите од Катар на чело со шеикот Џасим бин Хамад ал Тани, дале нова понуда која е блиску до шест милијарди фунти што ги бара семејството Глејзер.

Процесот на продажба на Манчестер Јунајтед започна уште во ноември а навивачите се надеваа дека ќе биде завршен пред отворањето на летниот преоден рок на 14 јуни.


Швајцарецот Фандрих ќе го води дуелот Македонија – Украина

Фудбалската репрезентација на Македонија со натпреварот во петок против Украина го стартува овој репрезентативен прозорец во кој ќе играме уште и со Англија.

УЕФА веќе ги објави судиите за овој дуел, па главен на центарот во Скопје ќе биде Швајцарец. Станува збор за Лукас Фандрих од Луцерен кој во професионалниот фудбал суди од 2012 година, а со знакот на ФИФА е од 2020-та година. Негови помошници ќе бидат Александар Дидиќ и Еми Јонас, додека четврти судија е Стефан Де Алмеида сите доаѓаат од Швајцарија.

Прв натпревар на интернационалната сцена за Фандрих беше дуелот помеѓу Албанија и Сан Марино во 2021 година.

Покјрај дуелот со Украина, во понеделеник фудбалерите ќе гостуваат на Англија на „Олд Трафорд“. Во овие квалификации Македонија одигра еден натпревар во кој беше подобра од Малта со 2-1.


Гвардиол ќе го скокне завршниот турнир на ЛН

Фудбалерот на Хрватска, Јошко Гвардиол, не успеа да се опорави од повредата и ќе мора да ја пропушти завршницата во Лигата на нации.

„Коцкестите“ ќе се соочат со Холандија на 14 јуни во Ротердам во првото полуфинале додека во второто на 15 јуни ќе играат Италија и Шпанија. Победниците ќе се сретнат на 18 јуни во финалето.

21-годишниот  дефанзивец има истегнување на стомачниот мускул.


Унгарецот Собослај на пат кон „Сент Џејмс Парк“

Њукасл е силно заинтересирано за ѕвездата на Лајпциг, Домоник Собислај.

22-годишниот унгарски репрезентативец игра одлична сезона во Бундеслигата, каде на 31 меч постигна 6 гола и запиша 9 асистенции Собослај е мета на многу европски гиганти, а тренерот на Њукасл смета дека идеално ќе се вклопи во неговиот стил на игра.

Тој има договор со Лајпциг до 2026 година и германскиот клуб за неговата слобода бара 40 милиони евра.

Њукасл избори пласман во Лигата на шампиони и ќе има голем буџет за засилувања, па таа сума нема да претставува проблем.


Една милијарда за освојување на ЛШ на Сити на Пеп

Манчестер Сити ја освои титулата во Лигата на шампиони со победата над Интер во Истанбул.

Сити сезоната ја заврши со три трофеи, но најважно е дека „граѓаните“ дојдоа до најпосакуваниот трофеј, тој во Лигата на шампиони.

Тоа пред дваесетина години беше незамисливо, бидејќи Сити пред да добие богати газди, беше просечен англиски клуб.

Според пресметките од 2016 година откако дојде Пеп Гвардиола и започна со доминација во англискиот фудбал освојувајќи пет шампионски титули, шеикот потрошил 1.24 милијарда евра.

„Граѓаните“ играа и уште едно финале пред две години, но тогаш загубија од Челзи, а сега конечно стигнаа до најпрестижниот трофеј.


Венгер: На Сити му требаат 2-3 засилувања за следната сезона

Легендарниот фудбалски тренер, Арсен Венгер, проценува дека Манчестер Сити мора да направи одредени промени во ростерот доколку сака да го повтори успехот и да дојде до повеќе пехари.

„Граѓаните“ во сезоната што заврши ја освоија Лигата на шампионите, Премиер конкуренцијата и ФА Купот на Англија.

„Сити ќе мора да обезбеди најмалку две до три засилувања за да остане конкурентен“, потенцира Французинот


Белингем ќе го скокне дуелот со Македонија на „Олд Трафорд“

Фудбалерите, Џуд Белингем и Луис Данк, поради повреда ќе мора да ги пропуштат јунските дуели за селекцијата на Англија.

Белингем паузира подолг период и не успеа да и помогне на Борусија Дортмунд да ја освои титулата во Бундес-лигата додека дефанзивецот на Брајтон не може да се опорави навреме поради повредата што ја заработи во финишот на сезоната во Премиер-лигата.

Англија на 16 јуни ќе гостува кај Малта а на 19 јуни ќе ја пречека Македонија.


Хабиб Диало ќе биде замената за Тони во Брентфорд

Англискиот фудбалски состав, Брентфорд, ќе се обиде да обезбеди времена замена за првиот напаѓач, Ајван Тони, кој отслужува суспензија од осум месеци поради обложување.

Според медиумите, челниците на тимот ќе се насочат кон играчот на Стразбур, Хабиб Диало. Тој во сезоната што заврши одигра 38 мечеви во сите конкуренции со ефект од  20 голови и една асистенција.

Договорот на играчот со францускиот клуб е до крајот на јуни во 2025. Неговата трансферна вредност е 14 милиони фунти.