feature

Мурињо го враќа Икарди во Серија А

Мауро Икарди има одлична сезона во Галатсарај, но ова лето ќе се врати во ПСЖ.

Јасно е дека за него нема повеќе место во Париз, па Аргентинецот веќе почна да си бара нов клуб, а би можел да се врати во Серија А. Најсилен интерес за него покажува Рома, која веќе спремила понуда и сака да го донесе на „Олимпико“.

29-годишниот напаѓач сака да се врати во Италија и е спремен да прифати помала плата за повторно да игра во Серија А.

Рома ова лето може да се раздели со Абрахам, а најголема желба на Мурињо е токму Икарди.


Челзи започна преговори со Нејмар

Раководството на Челзи веќе остварило првичен контакт со колегите од ПСЖ за евентуален трансфер на Нејмар, пренесуваат француските медиуми.

ПСЖ уште минатото лето се обиде да се ослободи од скапиот Бразилец, но ниту еден клуб не беше спремен да ја плати неговата голема плата. Сега „светците“ се решени да го продадат и му поставил пониска цена, а најсиле интерес покажува Челзи.

Лондонскиот клуб е спремен да плати 70 милиони евра за потписот на Бразилецот, а Нејмар е спремен да се пресели во Премиер лигата.


Промени во Брегалница: Нов договор за Силјановски и четири заминувања

Штипска Брегалница ја заврши соработката со четворица досегашни фудбалери. Со завршувањето на договорните обврски кон клубот, од Штип заминуваат офанзивецот Милан Ѓокиќ, дефанзивците Александар Борха Кордоба, Адис Хадановиќ и Даниел Мојсов.

За разлика од нив, еден од најдобрите фудбалери на Брегалница од минатата сезона, Горан Силјановски ја продолжи соработката со „сините“ и за следната прволигашка сезона. Силјановски денеска потпиша нов договор со Брегалница во желбата за нови успешни настапи во синиот дрес во елитното друштво.


Обамејанг го напушта Челзи, за да потпише во Саудиска Арабија

Пјер-Емерик Обамејанг е уште еден фудбалер кој е на пат да се пресели во некој од клубовте во Саудиска Арабија. Според информација на инсајдерот Фабрицио Романо, Ал Ахли и Ал Шабаб веќе разговарале со напаѓачот на Челзи за можен трансфер и наскоро се очекува неговата одлука.

33-годишниот Габонец летово ќе ги напушти „сините“, но приоритет му е да остане во Европа.

Во февруари, Обамејанг ја одби понудата од МЛС лигашот Лос Анџелес. 


Јуве се распрашува за Лукас Васкез

Јувентус е заинтересиран за дефанзивецот на Реал Мадрид, Лукас Васкез.

Според инсајдерот Џанлука Ди Марцио, мадриѓани го процениле 31-годишниот Шпанец на 6 до 8 милиони евра.

Јувентус е подготвен да преговара до крај, затоа што го сметаат Васкез за кандидат број еден за позицијата десното крило. Страните веќе биле во контакт, но нема информација дали има договор.

Оваа сезона дефанзивецот одигра 23 натпревари и постигна 4 гола.


Тен Хаг подготвува чистка во Јунајтед

Тренерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, подготвува сериознa „чистка“ во тимот за наредната сезона.

Медиумите во Англија пренесуваат дека Холанѓанецот е спремен да се одрекне од услугите на барем осум играчи ова лето, од кои повеќето беа носители во периодот на тренерот Оле Гунар Солскјер.

Според информациите, од клубот ќе заминат голманот Дин Хендерсон кој минатата сезона играше на позајмица во Нотингем Форест, Алекс Тевез, Фред, Скот Мектоминај.

Тен Хаг најверојатно ќе се одрекне и од напаѓачот Антони Марсијал, капитенот Хари Мегваер, како и од бековите Брендон Вилијамс и стоперот Ерик Бајли.

Најважна тема во клубот од Манчестер овој период е промената на сопственичката структура. по што многу работи ќе станат појасни.


Алексис Санчез ќе го фати патот за Саудиска Арабија

Како што изгледа клубовите од Саудиска Арабија тргнаа во вистинска офанзива да направат револуција на фудбалот во нивната земја.

Кристијано Роналдо веќе неколку месеци го носи дресот на Ал Наср, а неговиот трансфер изгледа беше само почеток. Таму ќе игра и Бензема (Ал Наср), а секојдневно и голем број други фудбалери се поврзуваат со фудбалските клубови од оваа земја.

Сега редот дојде на Алексис Санчез.  Според последните информации тимот на Ал Фатех веќе испратил официјална понуда.

Наводно, платата на Санчез би му изнесувала 10 милиони евра по сезона за договор до 2024 година.


Севиља спремна да го врати Рамос во матичниот клуб

Серхио Рамос го напушти Париз Сен Жермен по две години поминати во овој клуб и сега е слободен во изборот на новата средина.

Шпанецот има неколку понуди, очекувано најбогатите се од Саудиска Арабија која полека станува атрактивна дестинација за многу фудбалери. Сепак, денес се појавија информации дека Рамос може да остане во европскиот фудбал и тоа во Шпанија. Наводно Севиља е спремна да го врати своите редови. Рамос дресот на Севиља го носеше осум години од 1996 до 2004 година кога премина во Реал Мадрид.

Рамос е роден во Камас, место блиску до Севиља и тоа за него би било враќање дома. Се наведува дека главната причина поради која Рамос би можел да ја избере Шпанија е неговото семејство.

Освен тоа Севиља со освојувањето на Лигата на Европа во изминатата сезона си обезбеди учество во Лигата на шампионите, па така Рамос повторно ќе има прилика да игра на највисоко ниво.


Касемиро задоволен од првата сезона во новиот клуб

Бразилскиот фудбалер, Касемиро, кој беше еден од најдобрите во редовите на Манчестер  Јунајтед, се осврна на дебитантската сезона кај „црвените ѓаволи“.

Тој преку социјалните мрежи им се заблагодари на фановите за поддршката и вети дека тимот ќе се врати на шампионските патеки.

„Славните денови мора да се вратат. Јас дојдов за тоа, напред Јунајтед“, беa зборовите на одличниот играч за врска.


Спортските обложувалници Евротип со поддршка на спортот во Зрновци

Спортските обложувалници Евротип, како општествено одговорна компанија и постојан помагател на спортот во нашата држава, секогаш се вклучува во настани кои се од значење за промоција на здравиот начин на живот и социјализација преку спортот.

Овој пат Евротип со своја поддршка им излезе во пресрет на Општина Зрновци и Локален Младински Совет кои се организатори на меморијалниот фудбалскиот турнир „Капетан Синиша Стоилов“ кој се одржува од 01.06 до 10.06 во општина Зрновци.

 На турнирот учествуваат 12 екипи, а свој тим учесник има и компанијата Евротип.

Евротип и во наредниот период ќе продолжи со поддржување на настани кои се важни од спортски и социјален аспект.