Фудбалерот на Наполи, Виктор Осимен, кој го освои првото место кај голгетерите во Серија „А“ и воедно успеа да се израдува на шампионската титула, вели дека за неговиот евентуален трансфер ќе реши претседателот на клубот.
„Мојата иднина? Газда Аурелио решава. Знам само дека го сакам Неапол, ги сакам луѓето тука, има неверојатна љубов“ – вели црномурестиот напаѓач.
Не е тајна дека за потписот на Нигериецот се заинтересирани големите гиганти од типот на Манчестер Јунајтед, ПСЖ и Реал Мадрид.
Специја и Верона ќе играат бараж за опстанок во Серија А
Заврши сезоната во Серија А, барем регуларниот дел, откако се одиграа преостанатите шест натпревари од 38.коло, по кои работите се јасни во однос на Европа.
Интересна беше борбата за опстанок, поточно баравме трет клуб заедно со Сампдорија и Кремонезе кој заминува од друштвото на најдобрите и видовме историски момент. Верона беше поразена од Милан со 3-1, Специја беше поразена од Рома со 2-1, па двете екипи сезоната ја завршија со 31 бод. Според новото правило на Серија А, доколку две екипи во борбата за титулата или опстанокот имаат ист број бодови, ќе се игра мајсторка.
Така во Серија А ќе гледаме уште еден натпревар, а тоа е меч меѓу Верона и Специја за опстанок во друштво на најдобрите.
Почнувајќи од следната сезона Јувентус ќе игра во Конференциската лига, додека Рома во Лига Европа. Така Старата дама од Торино ќе го игра третото најсилно натпреварување на УЕФА. Веќе е познато дека Аталанта ќе оди во Лига Европа, Наполи е шампион и ќе оди во Лигата на шампионите, а покрај наполитанците во Лигата на шампионите ќе се најдат Лацио, Интер и Милан.
Италија може да има осум екипи во Европа, во случај Фиорентина да ја освои Конференциската лига, следната сезона би отишла во Лига Европа.
Нови членови на Серија А се Џенова и Фросиноне, додека Бари и Каљари ќе се борат за последното место во Серија А во финалето на плеј-офот од Серија Б.
Ал-Итихад ќе биде новиот клуб на Карим Бензема
Карим Бензема наредната сезона ќе го носи дресот на Ал-Итихад кој сезонава ја освои шампионската титула пред Ал Наср на Роналдо.
Експертот за трансфери, Фабрицио Романо утрово само ги потврди најавите. Карим Бензема веќе потпиша поголем дел од документацијата за трансфер во Ал-Итихад, а наскоро ќе биде официјализирана и соработка до 2025 година. Французинот е во Саудиска Арабија каде што ја чека промоцијата во новиот клуб.
За договорот на две години освојувачот на „Златната топка“ ќе заработува неверојатни 400 милиони евра.
Младост 96 ја одбрани титулата во пинг-понгарскиот шампионат на Македонија
Пинг-понгарите на Младост 96 ја освоија шампионската титула во пингпонгарскиот шампионат на Македонија. Во финалните натпревари кои изминатиот викенд се одржаа во Прилеп, ППК Младост 96 со 4:1 сдлавеше на првиот дуел со Телеком Нец 2, додека вториот натпревар од финалето во плеј- офот го добија со тесни 4:3, со што со вкупен резултат 2:0 ја обезбедија шампионската титула.
Ова е втора титула за Младост 96 во последните три години. Тимот во текот а целата сезона имаше само еден пораз и покажа дека во моментов е најдобра екипа во државата.
Тен Хаг го враќа Мане во Премиер лигата?
Садио Мане е незадоволен во Германија, не се снајде најдобро во Баерн Минхен и после само една година може да го напушти клубот.
Баерн го ставил Сенегалецот на трансфер листа, а тој преферира да се се врати во Премиер лигата и да игра во Лигата на шампиони.
Интерес за него покажува Манчестер Јунајтед, кој веќе стапил во контакт со неговиот агент. „Црвените ѓаволи“ сакаат да ја победат конкуренцијата, бидејќи за Мане интерес покажува и Њукасл.
Самиот фудбалер преферира преселба на „Олд Трафорд“,па може да се пресели во најголемиот ривал на Ливерпул.
Ели Ваи од Монпелје на радарот на два италијански гиганти
Напаѓачот на француски Монпелје, Ели Ваи ова лето би можел да се пресели во Серија А.
Според информација на италијанските медиуми, два од најголемите италијански состави Јувентус и Милан во моментов се во голема битка за потписот на 20-годишниот фудбалер. Минатава сезона, Ваи на 33 натпревари за Монпелје постигна 19 гола и стана најдобар стрелец во екипата.
Според информациите, Јуве е во предност во преговорите. „Старата Дама“ сака да го донесе Ваи како замена за Душан Влаховиќ, кој би можел да го смени клубот ова лето.
Кампацо пред тригодишен договор со Реал
Сагата околу иднината на Факундо Кампацо доби нова епизод. Тој има устен договор со Реал Мадрид и кариерата ќе ја продолжи во редовите на актуелниот европски шампион.
Според овој извор, аргентинскиот ас договорил тригодишна соработка за вкупно девет милиони евра бруто, но кога од таа сума ќе се одбијат даноците во Шпанија и долгот што тој го има кон Реал, ќе му останат малку повеќе од еден милион нето по сезона. Тоа е драстично помала сума од онаа за која се шпекулираше дека ја има со Црвена Звезда, а која, наводно, изнесуваше 2,4 милиони евра за идната сезона.
За Кампацо останува да ја финишира сезоната со Звезда со која го чека завршницата од српското првенство и финалето од АБА лигата. Тој веќе беше член на Реал, од 2014 до 2020 година со тоа што две сезони (од 2015 до 2017 година) играше на позајмица во Мурсија.
Тринкиери по лошата сезона се збогува со Баерн
Италијанскиот стручњак Андреа Тринкиери официјално го напушти Баерн по елиминацијата во полуфиналето од домашниот плејоф од Улм што беше и кулминација на лошата сезона на баварскиот клуб.
И претходно се најавуваше дека тој си оди на крајот од натпреварувачката кампања, а тој тоа го потврди непосредно по третиот пораз од Улм со што Баерн испадна од конкуренција за титулата во Бундеслигата. Сезонава, овој клуб имаше катастрофален пласман во Евролигата (15. место од 18 екипи), а впечатокот делумно го спаси трофејот во Купот на Германија.
Тринкиери го презеде Баерн во 2020 година и успеа да освои два Купа, но не и пехар од Бундеслигата. Се шпекулира дека неговата позиција ќе ја преземе Пабло Ласо, а иако се поврзуваше со неколку европски гиганти, се уште не е познато каде Италијанецот ќе ја продолжи кариерата.
Почетино го сака Онана: Челзи нуди пари и Менди во трансферот
Според информациите во Франција, Челзи е подготвен да понуди Едуард Менди плус пари за голманот на Интер, Андре Онана, кој исто така е трансфер цел на Манчестер Јунајтед.
Онана беше донесен како слободен играч минатото лето кога му истече договорот со Ајакс. Камерунецот беше одличен сезонава, помагајќи им на „нероаѕурите“ да го освојат Купот на Италија, Суперкупот на Италија и да стигнат до финалето во Лигата на шампионите против Манчестер Сити.
Понудата на „сините“ од Лондон до италијанскиот тим ќе биде Менди плус одредена сума на пари за Онана.
Лукас Хернандез преговара за трансфер во ПСЖ
ПСЖ е во преговори за ангажирање на дефанзивецот на Баерн (М) и француски репрезентативец, Лукас Ернандез. Според инсајдерот Фабрицио Романо, поранешниот одбор на директори на Баерн со Салихамиџиќ и Кан сакал да го задржи 27-годишниот фудбалер, но, откако тие заминаа, работите се променија.
Забележано е дека преговорите меѓу Ернандез и ПСЖ се во ќорсокак, а фудбалерит има желба да си замине. Французинот за Баерн игра од 2017 година. Оваа сезона има 11 настапи во сите натпреварувања, постигнувајќи еден гол и една асистенција.