feature

Манчестер Јунајтед се вклучува во трката за Жоао Феликс

Жоао Феликс игра на позајмица во Челзи до крајот на сезоната, а потоа ќе се врати во Атлетико Мадрид.

Феликс сакаше да ја промени средината, па Атлетико се согласи да го пушти на позајмица, но без дефинирана опција за откуп на крајот на сезоната. Челзи сака да го откупи и ќе има предност во преговорите, но самиот фудбалер се предомислува да остане на „Стенфорд Бриџ“ бидејќи сака да игра во Лигата на шампиони.

Сега во трката за неговиот потпис се вклучи и Манчестер Јунајтед, кој сака да го „украде“ пред носот на „сините“ и е спремен да плати 80 милиони фунти за неговиот потпис.


Алварез размислува за промена на клубот за да игра во континуитет

Напаѓачот на Манчестер Сити, Хулијан Алварез, кој потпиша долгорочен договор (до 2028 година) со англискиот тим, размислува за преселба во друг клуб поради конкуренцијата со Ерлинг Халанд. Ова го објави новинарот Флоријан Платенберг на „Твитер“. Баерн Минхен е подготвен да го ангажира 23-годишниот Аргентинец.

Алварез знае дека ќе му биде тешко да го исфрли Норвежанецот од стартниот состав на Манчестер Сити, според изворот, па може да размисли за преселба во друг тим. 

Баерн е во потрага по нов напаѓач и е подготвен да го повика овој играч во својот тим. Алварез оваа сезона на 48 натпревари постигна 17 голови и имаше пет асистенции.


Махичух и Ел Бакали со рекорди се вратија од митингот во Рабат

Украинската атлетичарка Јарослава Махучих со скок од 201 сантиметар победи на натпреварот во скок во височина на митингот од престижната Дијамантската лига во Рабат синоќа. Таа постави нов рекорд во ова натпреварување, а воедно и најдобар резултат сезонава во оваа дисциплина.

Најдобриот резултат досега во Рабат го имаше познатата хрватска рекордерка Бланка Влашиќ, која победи во 2011 година со скок од 197 см.

Најдобриот резултат на митингот во Рабат го постигна актуелниот светски шампион, олимписки победник и минатогодишен освојувач на Дијамантската лига на 3000 метри стиплчез, Мароканецот Суфиане Ел Бакали, кој делницата ја истрча за 7:56,68 минути. Со ова тој го подобри рекордот на митингот за 1,60 секунди, а воедно е и најубедливо најдобар резултат во оваа дисциплина во 2023 година.


Одржан третиот по ред хуманитарен турнир во бељот “Битолски Бељотџија”

Во неделата на 28.05.2023 во Голд Фелициа се одржа третиот по ред хуманитарен турнир во бељот “Битолски Бељотџија” организиран од Ротаракт клубот од Битола.

Меѓу 32-те екипи учесници Евротип како подджувач на настанот зеде учество со свој тим на турнирот, а тука беа и Голд Слот и Голд Фелиција како и многу други учесници од битолските компании.

Наградени беа најдобрите 3 тимови, а како победници на крајот беше тимот на СН Сервис.

Турнирот станува традиционален и интересот од година во година е се поголем, со што хуманитарниот карактер на бељотџиите е видно изразит.

Собраните средства ќе бидат донирани во зоолошката градина во Битола истакнаа од Ротаракт клубот.

Погледнете дел од турнирскиот амбиент и убавата атмосфера во Голд Фелициа на следната фотогалерија:


Граѓаните ќе добијат рекордна премија за освојувањето на Премиер лигата

Манчестер Сити ќе добие рекордна парична награда за освојувањето на шампионската титула во Премиер лигата. „Граѓаните“ оваа сезона ќе ја завршат со премија од 165,7 милиони фунти.

Во сумата се вклучени пари од договорите за тв-преноси во Англија и странство, паричната награда за титулата, дел од профитот и настапи на британската телевизија во живо. Вкупниот награден фонд за сезоната за 20 клубови беше 2,6 милијарди фунти.

Минатата сезона Сити за титулата заработи 153 милиони фунти.


Белингам е фудбалер на сезоната во Бундеслигата

Најголемата ѕвезда на Борусија Дортмунд, Џуд Белингем, е прогласен за „Играч на сезоната“ во германското првенство.

19-годишниот плејмејкер и Борусија ја испуштија титулата во последното коло, но играчот од средниот ред со одличната сезона покажа дека ја заслужува наградата. Тој постигна вкупно 14 гола и имаше 7 асистенции во тековната сезона во германската елита.

Англискиот интернационалец, кој е младински играч на Бирмингем, веќе го одигра последниот натпревар за Борусија и на лето ќе се пресели во Реал Мадрид.


Турам се сели во Италија, двата милански клуба во борба за неговиот потпис

Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан и Интер ќе водат битка за потписот на францускиот напаѓач, Маркус Турам. 24-годишниот Французин игра одлично во дресот на Борусија Мехенгладбах и го привлече вниманието на многу европски гиганти.

Неговиот договор истекува на крајот на сезоната, а Турам потврди дека нема намера да го продолжува и сака да направи чекор напред во кариерата.

Миланските клубови имале средба со неговиот агент и ќе се обидат да ја победат конкуренцијата бидејќи сакаат да го доведат напаѓачот без обештетување.

Турам е отворен за преселба во Италија, па останува да видиме каков ќе биде неговиот избор.


Куртоа го издвои својот фаворит во финалето во Истанбул

Реал Мадрид уште кратко време ќе биде актуелен европски шампион, односно до 10 јуни каде круната ќе биде преземена од Манчестер Сити или Интер кои ќе го одмерат силите во Истанбул.

Околу својот фаворит во финалето се изјасни голманот на „кралевите“, Тибо Куртоа кој обелодени дека ќе навива за тимот од Милано. Со оглед на тоа што неговите сонародници Ромелу Лукаку и Кевин Де Брујне се инволвирани во мечот, Куртоа требаше да избере, посочи за кого ќе навива, а тој го избра напаѓачот.

„Се надевам Лукаку ќе ја освои ЛШ. Секако тоа е дуел негов со Де Брујне, ама Лукаку го знам малку подолго. Имам голема почит кон него“, порача Тибо.


Амир Рахмани доби нов договор во Наполи

Наполи по чекање од 33 години сезонава ја освои шампионската титула, меѓутоа и покрај тоа тренерот Лучијано Спалети ќе си замине. Аурелио Де Лаурентис сака да го задржи играчкиот кадар, па така потпис на нов договор стави дефанзивецот, Амир Рахмани.

Потписот на Рахмани е првиот важен пред наредната сезона и навивачите секако се задоволни што и во наредната сезона ќе го гледаат во тимот.

Фудбалерот роден 1994 година во Приштина го продолжи договорот со Наполи до летото 2027 година и во него има опција за продолжување на уште една.

Рахмани сезонава беше неизоставен дел од првиот состав на Спалети и во тандем со Кореецот Мин-Јае Ким беа вистински бедем пред голот на новиот италијански шампион.


Иднината на Барди е во англискиот фудбал?

Трабзонспор не ја одбрани шампионската титула, па раководството најавува дека ќе прави голема реконструкција на тимот.

Последните информации говорат дека во трката за неговиот потпис влегува и англиски Хал.

Хал сака да се засили за следната сезона да се обиде да се врати во Премиер лигата и го означил Барди како идеално засилување за средниот ред.