feature

Славната Малага испадна во третата шпанска категорија

Вчера Малага беше поразена со 2-1 на гостувањето кај Алавес во 41. коло од шпанската Сегунда и со тоа и официјално го потврди испаѓањето во третата лига на шпанскиот фудбал.

Алавес поведе во 46. минута со голот на Асиер Вилалибре, а Луис Муњоз израмни за Малага во 77. минута. Конечните 2:1 ги постави Тони Моја во 87. минута. Малага со овој пораз остана 19-та во првенствениот поредок со 43 освоени бодови, а пред крајот на првенството има седум бода помалку од Б тимот на Виљареал и Спортинг Хихон, па веќе немаат шанси да стигнат до место што гарантира спасение. Освен Малага, лигата ја напуштаат Луго, УД Ибица и Понферадина

Неизвесно е и на врвот, каде продолжува грчевитата борба за влез во Ла Лига. Гранада со 72 бода, Лас Палмас со 71, Алавес со 70 и Леванте со 69 ќе бараат клучни победи во последното коло за директен пласман во првата лига, а двете екипи кои нема да стигнат ќе одат во баражот.


Алегри: Би останал во Јуве, но тоа не зависи од мене

Масимилиано Алегри проговори за својата иднина на кормилото на „бјанконерите“.

Јувентус има турбулентна сезона, не освои ниту еден трофеј, а сега ја чека казната и може да остане без пласман во Лигата на шампиони.

Веќе подолго време се шпекулира дека Алегри може да биде заменет на крајот на сезоната, а сега тој потврди дека сака да остане. „Имам уште две години од договорот со клубот и 100% останувам ако се прашувам јас. Но, јас одлучувам за себе, не можам да носам одлуки за други, менаџментот ќе одлучи на крајот“, изјави Алегри.

„Не можам да знам што мислат другите, јас го знам само мојот избор. Факт е дека наша задача на теренот е да обезбедиме пласман во Топ 4, а со победа против Емполи тоа и теоретски ќе биде потврдено“, додаде Алегри.


Реал и Милан преговараат, Брахим Диаз сака да остане на „Сан Сиро“

Брахим Дијаз, кој игра во Милан како позајмен фудбалер на Реал Мадрид, сака да остане во италијанскиот гигант.

Синоќа против Сампдорија Дијаз одигра одлично, запиша две асаистенции и постигна гол, а потоа појде пред навивачите и го бакна логото на клубот.

„Го бакнав логото бидејќи во тој момент го почувствував тоа. Среќен сум тука во Милан, се чувствувам многу добро во овој клуб, не знам што ќе се случи со Реал Мадрид“, изјави Брахим Дијаз. Двата клуба наскоро ќе седнат на преговарачка маса, бидејќи и Милан исто така сака да го задржи Шпанецот.


Ливерпул или Манчестер? Рабио ја бира својата иднина

Иднината на Адриен Рабио во Јувентус е неизвесна бидејќи неговиот договор со „старата дама“ истекува на крајот на сезоната. Французинот има договор со Јувентус до крајот на сезоната, па многу е веројатно дека ќе замине како слободен агент.

Со оглед на фактот дека Французинот игра одлична сезона, за него постои интерес од многу клубови ширум Европа. Најсилен интерес за него покажуваат Ливерпул и Манчестер Јунајтед, кои веќе ја започнале битката за неговиот потпис.

„Црвените“ се во потрага по квалитетен играч за врска и сакаат да ја искористат ситуацијата да го доведат Рабио без обештетување.

Меѓутоа, Манчестер Јунајтед уште минатото лето го сакаше Французинот и Тен Хаг го убедува да се пресели на „Олд Трафорд“.


Барди доби понуда да потпише за ЛА Галакси

Енис Барди се поврзува со многу клубови, откако Трабзонспор му соопштил дека нема да смета на него во следата сезона.

Трабзонспор не ја одбрани шампионската титула, па раководството најавува дека ќе прави голема реконструкција на тимот.

Последните информации говорат дека Барди има понуда од ЛА Галакси и дека може кариерата да ја продолжи во МЛС лигата.

ЛА Галакси има многу ѕвезди во тимот како Рики Пуиг, Чичарито, Даглас Коста, а сега може да им се придружи и Барди.


Конте ќе го менува Спалети на клупата на Наполи

Лучијано Спалети на крајот на сезоната ќе го напушти Наполи, откако му донесе титула на тимот после цели 33 години.

Спелети влегол во расправија со претседателот Де Лаурентис, двајцата имаат различни погледи за иднината на тимот, па Спелти одлучил да го напушти клубот.

Официјалната потврда се чека веднаш по завршувањето на сезоната, а Наполи веќе ја започна потрагата по нов тренер. Прв избор за Де Лаурентис е Антонио Конте, кој е слободен во моментов и сака да се врати во Италија.

Се очекува двете страни да го имаат првиот состанок веднаш после завршување на сезоната, а проблем може да биде високата плата на стратегот.


Баварците во криза, Кан ја презеде одговорноста

Фудбалерите на Баерн Минхен вчера загубија на домашен терен од РБ Лајпциг во 33 коло во Бундес-лигата и влегоа во ситуација да останат без титулата за прв пат од сезоната 2011/12. Тој пораз го натера извршниот директор на Баерн (Минхен) – Оливер Кан, да ја искоментира состојбата во клубот.

„Се чувствувам како се да се распаѓа. Како што одминуваше играта имав чувство дека не можеме да го направиме тоа. Длабоко сме разочарани што ја пропуштивме можноста“, изјави Кан.

Доколку Борусија Дортмунд победи на денешното гостување кај  Аугсбург, тогаш „милионерите“ ќе избијат на првото место на табелата со два бода предност пред Баварците.


Павар бира меѓу понудите на миланските клубови

Бенџамин Павар би можел кариерата да ја продолжи во Серија А, пренесуваат италијанските медиуми.

Иднината на 26-годишниот Французин е прилично неизвесна во Баерн и тој уште во летниот преоден рок сакаше да ја промени средината.

Интер и Милан будно ја следат ситуацијата околу дефанзивецот и се спремни да се борат за Французинот во летниот преоден рок. Тухел сака да го задржи, но доколку Павар не стави потпис на нов договор, Баерн е спремен да го продаде за 20 милиони евра.


Лампард го сакал Халанд во Челзи, но управата не го послушала

Френк Лампард открива дека им го препорачал Ерлинг Халанд на луѓето во клубот, но тие едноставно не биле заинтересирани.

Лампард ќе биде предводник на Челси уште 2-3 натпревари, а потоа од следната сезона доаѓа Маурисио Покетино, кој ќе се обиде да го оживее Челси и да го врати на славните патеки.

Но интересно е тоа што Лампард го откри, дека Челси доколку биле паметни, па и видовити, можеле да го имаат Халанд.

„Притискав за тоа да се случи, конкуренцијата за него беше голема и на почеток, бидејки беше страшен фудбалер, но во Челси не беа расположени за него. Сметам дека доколку го доведовме во Челси, тој лесно ќе се вклопеше во составот“, тврди Лампард.

Халанд беше посакуваниот трансфер на Лампард во Челси во 2019 година, кога Лампард беше постојан тренер на Челси, но очигледно не го послушале и сега ја гледаат грешката. Во тој период Челси се уште беше во сопствеништво на Роман Абрамович.


Влаховиќ спремен да ги слушне понудите за заминување од Јуве

Душан Влаховиќ на лето би можел да ја промени клупската средина.

Подолго време српскиот напаѓач се поврзува со одредени клубови, а каде и дали ќе замине тешко е да се каже во овој момент. Неодамна беше објавено дека за Влаховиќ се заинтересирани, Баерн, Челзи, Манчестер Јунајтед и Њукасл. Сега се појавија нови информации.

„Во игра се три клуба. Според мене Јувентус сериозно ќе ги разгледа овие понуди. Сите имаа важен профил, затоа што станува збор за Челзи, Баерн Минхен и Атлетико Мадрид“, изјави фудбалскиот агент, Масимо Брамбати. Влаховиќ сезонава во дресот на Јувентус постигна 14 гола во сите натпреварувања. На последниот натпревар против Севиља во полуфиналето од Лигата на Европа Влаховиќ постигна гол откако влезе од клупата, но тој не беше доволен затоа што Севиља направи пресврт и го елиминираше Јувентус.