feature

Серија А е следниот предизвик на Жорди Алба

Жорди Алба би можел да биде еден од оние кои ќе ја напуштат Барселона ова лето.

Според информациите од Каталонија ова лето. Барселона е спремна да спогодбено да го раскине договорот со Алба ако добие понуда која ги задоволува нивните апетити.

Наводно, во опција е Атлетико Мадрид кој би го довел Алба на местото на Серхио Регулион кој нема да биде откупен. Сепак, Атлетико не единствена опција за Алба, ситуацијата ја следат Јувентус и Интер кои се во финаниски проблеми и бараат играчи кои можат да ги засилат без да потрошат многу.

Алба во наредната сезона во Барселона треба да ја има најголемата плата од кога е во клубот поради претходното прифаќање за намалување на платата кога Бартомеу беше претседател. Тогаш договорот беше тој дел од парите да му се исплати во последната година од договорот.

Сепак, Барселона се уште не е излезена од кризата, па платата би била големо оптеретување за буџетот на Барселона. Алба би можел да остане само ако прифати драстично намалување на платата.


Касано: Јуве игра како ѓубре, Алеггри е најголем виновник

Јувентус во четвртокот беше елиминиран во полуфиналето од Лигата на Европа од Севиља по продолженија, па така оваа сезона ја заврши без освоен трофеј.
Поради тоа поранешниот италијански репрезентативец, Антонио Касано жестоко го критикуваше тренерот на „старата дама“, Масилијано Алегри.„Севиља заслужено го елиминираше Јувентус. Одигра навистина добро и знаеше што прави со топката во тешки ситуации. Беше тоа натпревар во кој Шпанците играа од почетокот до крајот. Јувентус имаше две контри и две шанси од перекин, откако постигнаа гол се затворија. Јувентус секогаш е така во Европа изгледа како ѓубре“, порача Касано.
За Касано виновник за ваквата игра на Јувентус е само Алегри.

„Две години не одиграле пристоен натпревар, а сега Алегри кој е виновник за таквата игра ќе зборува за потешкотиите кои ги имал. Дефинитивно не заслужија да играат финале во Лигата на Европа“, изјави Касано.


Кварацхелија ќе го скокне дербито со Интер

Крилниот напаѓач на Наполи, Хвича Кварацхелија се повреди на тренингот пред натпреварот со Интер кој е дел од 36. коло од италијанското првенство, објави клубот на својата официјална веб-страница.
Репрезентативецот на Грузија вчера тренираше одвоено од главната група. Така, играчот може да ја пропушти пресметката со Интер, која според програмата е утре од 18:00 часот на стадионот „Диего Армандо Марадона“.
Оваа сезона 22-годишниот Кварацхелија забележа 40 настапи за „наполитанците“, постигнувајќи 14 гола и 17 асистенции.


Онана негира опција да си замине од Интер

Алберт Ботинес, агентот на голманот на Интер, Андре Онана, зборуваше за иднината на играчот со оглед на информациите за интерес од англиските клубови за неговиот клиент.
„Гласините за можен трансфер се нормални во оваа фаза, но претпочитам да не зборувам за тоа бидејќи се уште е многу рано. Сега е фокусиран само на настапите на теренот. Имаме петгодишен договор со Интер, па му остануваат уште четири години. Во моментов тој е фокусиран само на преостанатите натпревари во Серија А и финалето на Лигата на шампионите. Тој има долг договор, не грижете се. Тој е многу среќен бидејќи игра за најсилниот тим во Италија“, изјави Ботинес.
27-годишниот Камерунец игра за Интер од минатото лето, а неговиот актуелен договор е до јуни 2027 година. Онана оваа сезона забележа 38 настапи во сите натпреварувања и прими 30 гола во нив. Тој, исто така имаше 19 пати чиста мрежа во текот на тековната сезона.


Саутгејт има план за дуелите со Малта и Македонија

Селекторот на Англија, Герет Саутгејт ќе ги одмора играчите на Манчестер Сити против Малта во квалификациите за УЕФА Евро 2024 година во Германија во јуни 2024 година, пренесува „Daily Mail“.

Средбата со Малта ќе се одигра на 16 јуни, шест дена по финалето на Лигата на шампионите, во кое Манчестер Сити ќе игра со Интер. 

Во овој поглед, учеството на дефанзивците Џон Стоунс и Кајл Вокер и играчите од средниот ред Џек Грилиш, Фил Фоуден и Калвин Филипс во натпреварот со Малтежаните речиси и не доаѓа предвид. Во исто време, фудбалерите на Манчестер Сити, повикани од Саутгејт на подготовки, ќе треба да пристигнат на локацијата на репрезентацијата на 13 или 14 јуни и да одлетаат за Малта.

Фудбалерите на Манчестер Сити можат да играат на мечот со Македонија на 19 јуни.


Себаљос ќе биде замената за Рабио во Јуве?

Масимилиано Алегри сака да го засили тимот со играч на Реал Мадрид, пренесуваат италијанските медиуми. Адриен Рабио на лето најверојатно ќе го напушти Јувентус, а Алегри како негова замена го сака Себаљос од Реал Мадрид.

Договорот на Шпанецот со „кралскиот“ клуб истекува во јуни и нема најави за негово продолжување, па „бјанконерите“ сакаат да ја искористат ситуацијата.

Себаљос не добива голема минутажа во Реал, но Алегри верува дека идеално би се вклопил во неговиот тим.

Раководството на „старата дама“ стапило во контакт со агентот на Себаљос и спремни се да му понудат четиригодишен договор.


Почетино го носи Дибала во Лондон

Маурицио Покетино најверојатно ќе биде нов менаџер на Челзи, а Аргентинецот ќе добие одврзани раце да направи тим по своја мерка.

Англиските медиуми пренесуваат дека најголема желба на Покетино е неговиот сонародник Пауло Дибала, кој има одлична сезона во Рома.

Дибала има договор со Рома до 2025 година, но и клаузула од 12 милиони евра доколку „волчицата“ не игра во Лигата на шампиони.

Дибала вети дека ќе остане во Рома ако клубот обезбеди учество во Лигата на шампиони, а тоа може да се случи само ако „волчицата“ победи во финалето и ја освои Лига Европа.


Џонс по дванаесет години заминува од „Олд Трафорд“онс по дванаесет години заминува од „Олд Трафорд“

Фил Џонс по дванаесет години во Манчестер Јунајтед ќе си замине од „Олд Трафорд“.

Договорот на Џонс истекува на лето и во него има опција да го продолжи на уште една, но клубот одлучи да не ја активира таа клазула. Сер Алекс Фергусон во 2011 година го доведе Фил Џонс од редовите на Блекбурн и за него плати 19.3 милиони евра.

Сепак, во последните години Џонс има проблеми со повредите и повеќе е надвор од терените отколку што игра. Со клубот од Манчестер во минатото освои шест трофеи и собра вкупно 229 настапи во кои постигна шест гола и запиша 10 асистенции.

„Размислував како најдобро да ги претставам моите зборови и почувствував дека сакам да допрам до навивачите на Манчестер Јунајтед. Секогаш е тешко да заминете од еден клуб, го направив тоа со Блекбурн, тогаш имав 19 години и не можев да замислам што ќе следи. Моето време во Јунајтед беше неверојатно. Го претставував мојот клуб од детството и живеев вистински сон, бев мотивиран да им покажам на сите што можам“, стои во дел од пораката која Џонс ја остави на социјалните мрежи.


Шампионскиот тренер го напушта Наполи?

Лучијано Спалети би можел да се раздели и да бара нова средина, иако овој тим стигна до Скудетото по чекање од 33 години.

Наводно Спалети бил лут на раководството на Наполи бидејќи не бил повикан на продолжување на соработката и најавил заминување.

Овие информации секако се изненадувачки бидејќи Спалети му ја донесе на Наполи титулата на која тимот чекаше повеќе од три децении, а освен тоа играше и ¼ финале во Лигата на шампионите.

Во италијанските медиуми веќе се шпекулира за негов наследник и според последните информации, Де Лаурентис разговарал со поранешниот тренер Рафаел Бенитез, а се споменува и Кристоф Галтие.


Саудискиот шампион ја зголемува понудата за Меси

Ал-Хилал продолжува да прави обиди да го ангажира напаѓачот на Пари Сен Жермен, Лионел Меси, објави „Мундо Депортиво“.

Според истите, клубот ја зголемил понудата на Меси и му нуди 500 милиони евра за една сезона. Претходно беше објавено дека Ал-Хилал е подготвен да му плати на аргентинскиот напаѓач околу 400 милиони евра за една сезона, што може да биде најголемиот договор во историјата на фудбалот.

Друга можна опција за продолжување на кариерата на Меси е враќањето во каталонската Барселона. Меси е во ПСЖ од 2021 година. Договорот на напаѓачот со клубот е до крајот на оваа сезона. Меси оваа сезона настапи на 38 натпревари во сите натпреварувања, постигнувајќи 20 гола и 19 асистенции.