feature

Бонучи објави дека ќе игра само уште една сезона, па ќе замине во пензија

Дефанзивецот на Јувентус, Леонардо Бонучи објави дека ќе стави крај на својата кариера на крајот од следната сезона. 36-годишниот фудбалер зборуваше на каналот на „Бјанконерите“ по повод 500-от настап во тимот на „Старата дама“ и токму тогаш ја објави веста. 

„Кога ќе се повлечам од фудбалот на крајот на следната сезона, ќе дојде крајот на ерата на одбранбен стил на игра. Прашање на гордост е да се биде меѓу најголемите. Се надевам дека многу идни дефанзивци ќе не гледаат како луѓе кои ќе бидат нивните идоли“, рече Бонучи.


Шеикот од Катар не се откажува од купување на Манчестер Јунајтед

Како што пренесуваат англиските медиуми, синот на поранешниот катарски премиер, шеикот Јасим Бин Хамад Ал Тани, поднел нова подобрена понуда во обидот за купување на фудбалскиот клуб Манчестер Јунајтед.

Според информациите кои се појавија во медиумите, новата и подобрена понуда на шеикот Јасим упатена до актуелните сопственици на Јунајтед, семејството Глејзер изнесува 5,5 милијарди фунти. По се изгледа дека ова ќе биде последна понуда која ќе ја испрати шеикот од Катар.

Главен ривал на шеикот во обидот за купување на Манчестер Јунајтед е Англичанецот Џим Ратклиф кој важи за најбогат човек на островот.

Во моментот јавноста за нов сопственик го преферира шеикот Ал Тани од Катар, меѓутоа конечната одлука сепак ќе ја донесе семејтвото Глејзер.


Од Челзи си ја признаваат грешката: Тухел не требаше да добие отказ

Челзи жали поради одлуката да го отпушти германскиот стручњак Томас Тухел.

Според „Дејли мејл“, новите сопственици на клубот не сакале да продолжат да соработуваат со Тухел, но во моментов од Челзи знаат дека залудно го отпуштиле. Лондонскиот клуб смета дека требало да го остават Тухел на нивната клупа до крајот на сезоната, па дури потоа да бара замена за него.

По заминувањето на Тухел, Челзи го презеде Греам Потер. Работеше со тимот седум месеци и доби отказ. Тренер на „сините“ во моментов е  Френк Лампард кој ќе остане до крајот на сезоната 2022/23. По 36. коло во англиската Премиер лига, Челзи се наоѓа на 11. Позиција  на табелата. Тимот има освоено 43 поени од 35 натпревари.


Бернардо Силва прва опција за засилување на ПСЖ

Бернардо Силва и понатаму настојува да ја промени средината на крајот на сезоната.

Португалецот минатото лето беше блиску до преселба во Барселона, но Сити му постави восока цена и тој остана на „Етихад“. Манчестер Сити ова лето нема да му стои на патот и е спремен да го продаде доколку пристигне добра понуда.

Најсилен интерес за Португалецот покажува ПСЖ, кој нема да жали пари да го доведе во Париз.

Бернардо Силва ќе биде примарна трансфер цел на „светците“ кои веќе почнале да работат на трансферот.


Банасер го чека пауза од четири месеци

Фудбалерот на Милан, Исмаел Бенасер, кој се повреди потешко на првиот натпревар со Интер во полуфиналето во Лигата на шампионите, бил успешно опериран, објави денеска тимот од Милано.

Според наведеното, репрезентативецот на Алжир кој имаше операција на коленото во болницата во Лион, ќе биде надвор од терените најмалку шест месеци. Операцијата е успешно изведена од д-р Бертранд Сонери Коте во присуство на клупскиот лекар на Милан, Стефано Мацони.

Одличниот фудбалер од средниот ред во сезонава се појави на 40 натпревари во сите конкуренции и постигна три гола.


„Волците“ бараат 50 милиони евра за Рубен Невеш

Од Вулверхемптон се помирија со фактот дека на лето речиси сигурно ќе загубат еден од најважните играчи – Рубен Невеш и за него одредиле цена од 50 милиони фунти, пренесува печатот во Шпанија.

Португалскиот играч за врска е дел од тимот на „волците“ од летото 2017 година, а со своите настапи во овие години го привлече интересот на голем број клубови. Тој долго време е предмет на интерес од Барселона, па сега по официјалното заминување на Серхио Бускетс, речиси е сигурно дека Каталонците ќе направат сериозен обид да го ангажираат.

Раководството на Волвс ја прифатија ситуацијата и нема да се двоумат да го продадат Невеш, но немаат намера да отстапат од определената цена. Играчот од средниот ред има договор со „волците“ уште една сезона и тимот процени дека бараната сума е сосема реална. Може да се промени ако случајно еден или повеќе тимови од Премиер лигата се вклучени во потенцијална понуда за која цената би била повисока.


Пике ја прескокна шампионската прослава на Барса

Поранешниот дефанзивец на Барселона, Жерар Пике не се појави на шампионската парада, објави „Мундо Депортиво“.

Во понеделникот, играчите на Барселона се собраа пред стадионот „Камп Ноу“ за да се возат низ улиците на градот со отворен автобус пред навивачите.

Тренерот на Каталонците, Чави , претходно изјави дека на прославата ќе биде поканет Жерар Пике, кој ја заврши кариерата, но Пике не бил виден во автобусот. Да потсетиме дека долгогодишниот предводник на Барселона и шпанската репрезентација се ја заврши кариерата оваа сезона. 

Дефанзивецот одигра 616 натпревари за Барселона, на кои постигна 53 гола и направи 15 асистенции. Дефанзивецот има шест настапи оваа сезона во Ла Лига. Пике е светски и европски шампион со Шпанија.


Артета добива богатство за летниот преоден рок

Арсенал е подготвен да инвестира повеќе од 230 милиони евра за да го засили својот тим во летниот преоден рок, пренесува „Тајмс“.

Според изворот, тренерот на Арсенал, Микел Артета, добил зелено светло од управата за големи трошоци во летото. Менаџерот на „топчиите“ е заинтересиран да ги ангажира играчите од средниот ред на Вест Хем и Брајтон, Деклан Рајс и Мојсес Кајседо.

Исто така, Арсенал може да се врати на опцијата за потпис на Рафиња од Барселона и Муса Дијаби од Баер Леверкузен.

„Топчиите“ остануваат заинтересирани за играчот од средниот ред на Челзи, Мејсон Маунт. Арсенал во моментов е втор во Премиер лигата по 35 одиграни натпревари со 81 бод, 4 помалку од лидерот Манчестер Сити.


Арсенал спремен да го доведе Ферлан Менди

Реал Мадрид го стави на трансфер пазарот левиот бек Ферлан Менди,а  веќе е познат фаворитот за неговиот потпис.

Менди оваа сезона имаше проблеми со повреди и „кралевите“ сакаат на лето да доведат нов лев бек, па му ја отворија вратата. Најсилен интерес за Менди покажува Арсенал, кој наводно веќе постигнал договор со неговиот агент.

Французинот има уште две години од договорот,  „кралевите“.се спремни да го пуштат за 20 милиони евра.

Арсенал е спремен да ја плати таа сума, па се очекува Французинот да биде прво засилување за „топџиите“ ова лето.


Интер и Лацио несогласни околу откупот на Ачерби

Интер сака да го откупи дефанзивецот Франческо Ачерби на крајот на сезоната, но Лацио постави висока цена.

Имено, Лотито за откуп на Ачерби бара четири милиони евра, а Интер смета дека таа сума е превисока за еден 35-годишник. Ачерби влезе во расправија со раководството на Лацио минатото лето и беше исфрлен од тимот, па Интер ја искористи ситуацијата и го доведе на позајмица.

Дефанзивецот игра добра сезона, па Интер сака да го задржи, но Марота смета дека сумата која ја бара Лацио е превисока и е спремен да плати само 1 милион.

Ачерби не сака да се врати на „Олимпико“, па се очекува двата клуба наредните недели да седнат на преговарачка маса.