feature

Ричарлисон ќе биде замената за Влаховиќ во Јуве?

Италијанските медиуми шпекулираат дека Душан Влаховиќ би можел да го напушти Јувентус во летниот преоден рок, а веќе се најавува и кој би можел да биде негов наследник.

„Калчомеркато“ пренесува дека една од опциите е Бразилецот, Ричарлисон кој како што стојат работите ќе го напушти Тотенхем. Ричарлисон има разочарувачка сезона во Тотенхем, иако се очекуваше да биде големо засилување, па сака да го напушти клубот.

Тотенхем исто така е спремен да слушне понуди, а најсилен интерес за него покажува Јувентус.

„Старата дама“ сака да го продаде Влаховиќ за 60 милиони евра, а за Бразилецот е спремна да понуди 50 милиони плус бонуси.


Реал ризикува службен пораз по голем пропуст на дуелот со Хетафе

Реал Мадрид вчера го победи Гетафе со минимални 1-0, единствениот гол на натпреварот го постигна Асенсио, меѓутоа оваа средба „кралевите“ би можеле службено да ја загубат.

Каталонскиот весник „Спорт“ потенцираше грешка поради која Реал може да остане без победата. Едуардо Камвинга го напушти теренот во 84. минута, а тогаш на негово место влезе Алваро Одраизола

Планот на Анчелоти првично бил Одраизола да влезе на местото на стрелецот Асенсио, но ситуацијата се променила кога се повреди Камaвинга.

Одриозола влегол во игра на местото на Асенсио, и во истиот момент од клупата на Реал му рекле дека тој останува во игра, а го повлекле Камавинга кој беше повреден.

„Измените ќе бидат ефективни кога резервата ќе влезе на теренот. Од тој момент, фудбалер кој го напушта теренот станува заменет играч, а резервата станува актуелен играч и може да почне да игра“, гласи официјалното правило.

Правилото стапило на сило кога во Реал се предомислија и место Асенсио од игра го извадија Камвинга.


Фиорентина се согласи да го пушти Амрабат во Барса

Фиорентина разговарала со Барселона за цената на отштетата за трансферот на играчот од средниот ред Софијан Амрабат, објавија неколку медиуми во Италија.

Според изворот, раководството на Виолетовите сака да добие 20-25 милиони евра од продажбата на нивниот фудбалер. Се известува дека сопствениците на италијанскиот тим нема да се мешаат во заминувањето на мароканскиот играч за врска. Клубот ќе му ја пружи сета можна помош на играчот и неговите претставници во преговорите со Барселона. Сезонава Амрабат има 45 натпревари за „виолетовите“ на сите турнири, на кои имаше една асистенција.

Договорот на играчот со клубот од Фиренца е со важност до крајот на јуни 2024 година (договорот има опција за продолжување на уште една сезона). Проценетата цена на овој фудбалер, според интернет порталот Трансфермаркт е 25 милиони евра.


Скариоло има понуда да се врати во НБА лигата

Серџо Скариоло е прв избор на раководството на Реал за тренер на екипата за идната сезона, но Италијанецот има и други понуди на маса.

Можно е да се врати во НБА лигата, но сега како главен тренер, првпат во својата професионална кариера. За него е заинтересиран Торонто Репторс кој неодамна се раздели со тренерот Ник Нурс и е во потрага по негова замена. Скариоло веќе работеше во Репторс, од 2018 до 2021 година, но како помошник на Нурс по што се врати во Европа и го презеде Виртус.

Италијански медиуми тврдат дека претседателот на Репторс, Масаи Уџири и генералниот менаџер Боби Вебстер пред неколку дена имале состанок со Скариоло во Болоња на кој му ги изнеле своите планови и понудата да го преземе тимот. Одговорот од искусниот стручњак не е познат, но тој ќе треба наскоро да ја донесе конечната одлука.

Иако има договор со Виртус на уште една година, извесно е дека Скариоло ќе го напушти клубот на крајот од оваа сезона, а ќе го наследи Андреа Тринкиери кој си оди од Баерн.


Мојс останува меѓу „чеканите“ и следната сезона

Вест Хем е подготвен да го задржи Дејвид Мојс како менаџер следната сезона, објави „Скај Спортс“.

Договорот на 60-годишниот шкотски стручњак истекува во летото 2024 година и покрај неодамнешните гласини дека раководството на англискиот клуб сака да го смени менаџерот следното лето, најверојатно Мојс ќе продолжи да биде тренер на „чеканите“ и следната сезона.

Пред неколку недели Вест Хем активно се бореше за одржување на место во англиската Премиер лига, но резултатите на тимот се подобрија. 

Вест Хем моментално се наоѓа на 15. место на табелата во Премиер лигата, со шест бода повеќе од зоната за испаѓање. Тимот продолжува да игра и во европските натпреварувања. Вест Хем го доби првиот натпревар од полуфиналето на Конференциската лига со АЗ Алкмар (2-1). Реваншот ќе се одигра на 18 мај во Холандија.


Де Геа е „Златна ракавица“ на Премиер лигата за сезоната 2022/23

Давид Де Геа го обезбеди признанието „златна ракавица“ сезонава во Премиерлигата.

И покрај многуте проблеми во одбраната на Јунајтед, Де Геа повторно има најмногу чисти мрежи сезонава и е далеку пред конкуренцијата.

Јунајтед вчера на домашен терен беше подобар од Волвс со 2:0 и на тој начин шпанскиот голман се промовира во најдобар сезонава во англиското првенство. Ова за Де Геа беше 16 натпревари на кој не постигна гол, а доколку Јунајтед немаше така конфузна одбрана на почеток од сезоната, таа бројка ќе беше сигурно над 20 натпревари.

Де Геа ја доби оваа награда, а за да ја потврди, односно да не ја дели со некој друг, му е потребна уште една чиста мрежа на последните три натпревари.

Неговите ривали Бекер, Рамсдејл и Ник Поуп имаат по 13 чисти мрежи, па до крајот на сезоната сите доколку ги сочуваат мрежите, ќе им доделат и на нив по една златна ракавица, а на Де Геа му е потребен само уште еден чист натпревар за да остане единствен победник.


Мендеш го понудил Кансело на Реал Мадрид

Реал Мадрид е во потрага по засилување на десната бековска позиција, а менаџерот Жорге Мендеш му нуди интересно решение.

„Дефенса Сентрал“ објави дека Мендеш на Реал Мадрид му го понудил Жоао Кансело кој во моментов е на позајмица во Баерн Минхен. Кансело беше важен фудбалер за Манчестер Сити пред почетокот на оваа сезона, но замина откако влезе во конфликт со Пеп Гвардиола.

Португалецот не се снајде најдобро во Баерн и е во потрага по нов клуб, а Мендеш му го нуди на Реал.

„Кралевите“ се во потрага по десен бек, кој следната сезона ќе биде алтернатива за Карвахал, а Кансело има искуство во Примера.


Холанѓанецот Коммајнерс на цена, го бркаат два европски гиганти

Ливерпул и Јувентус на лето ќе водат битка за играчот за врска на Аталанта, Копмајнерс.

И дават клуба се во потрага по квалитетен играч за врска и веќе подолго време ги следат настапоте на 25-годишниот Холанѓанец. Копмајнерс пристигна во Аталанта во 2021 година од АЗ за 14 милиони евра, но неговата цена драстично порасно после неговите одлични игри во Бергамо.

Во моментов Јувентус се смета како фаворит за неговиот потпис, но Ливерпул исто така спрема понуда.

Аталанта за неговата слобода бара 35 милиони евра, сума која двата клуба се спрмени да ја платат.


Челзи бара врвен напаѓач, Осимен е приоритетот

Приоритет на Челзи во летниот преоден рок ќе биде ѕвездата на Наполи, Виктор Осимен, пренесуваат медиумите на Островот.

Нигерскиот напаѓач е главна мета на Челзи за летнито преоден рок поради неговите одлични настапи во Серија А каде што блеска сезонава. Осимен не ја крие желбата дека сака да игра во Премиер лигата, но Наполи сигурно нема лесно да се откаже од него, особено после ваква одлична сезона.

Челзи сака да ја победи конкуренцијата и спремил понуда од 100 милиони евра плус Пулишиќ и уште еден фудбалер по избор на Наполи.

Наполи ќе може да бира помеѓу Чалоба, Чофтус-Чик и Ходсон Одој, па останува да видиме дали италијанскиот клуб ќе ја прифати оваа понуда.


Европските гиганти застанаа во редот за Душан Влаховиќ

Душан Влаховиќ најверојатно ќе го напушти Јувентус ова лето.

Влаховиќ требаше да биде прва ѕвезда во Јувентус кога пристигна за 80 милиони евра, но не се снаоѓа баш најдобро и не му одговара стилот на игра на Алегри. Имено, Србинот не е задоволен од третманот во Јувентус и влегол во директен конфликт со тренерот Алегри, па и „бјанконерите“ се спремни да го продадат.

Според „Газета дело спорт“, за 23. годишниот напаѓач се заинтересирани Баерн Минхен, Челзи, Њукасл и Манчестер Јунајтед, кои веќе ја почнале трката за неговиот потпис.

Јувентус за неговата слобода бара 65 милиони евра, сума која споменатите клубови се спремни да ја платат, па Влаховиќ сигурно ќе има добар избор.