feature

Шахин три месеци без Никлас Суле

орусија Дортмунд неколку месеци ќе биде без дефанзивецот Никлас Суле, откако во саботата го повреди скочниот зглоб на мечот со Борусија Менхенгладбах (1-1), откри тренерот Нури Сахин во пресрет на натпреварот од Лигата на шампионите против Барселона.

„На 30 ноември, Суле се врати од својата прва повреда на зглобот на натпреварот против Баерн Минхен. Сега ја обнови повредата. Вестите не се добри, за жал“, рече Сахин на прес-конференцијата пред дуелот со Барселона во среда.

„Тој ќе биде надвор од терените неколку месеци. Има сериозна повреда. Тоа е истата повреда”, рече Сахин, а потоа додаде: “Не е добро кога ќе се обнови стара повреда. Не сме среќни, бидејќи ни требаше”, дополни Сахин.

Дортмунд кој се наоѓа на шестото место во Бундес лигата од почетокот на сезоната има проблеми со повредени играчи. Во еден момент Сахин не можеше да смета на 10 фудбалери.


Скопје слави службена победа, суспендиран теренот на Саса

Комисијата за натпревари во рамки на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), службено со 0-3 во корист на гостинската екипа го регистрираше натпреварот ФК Каменица Саса – Скопје од 15. коло во Втората фудбалска лига.

Натпреварот во Македонска Каменица беше прекинат во 71. минута при резултат 1-1. Исто така, комисијата донесе одлука за суспензија н атеренот на Каменица Саса во Македонска Каменица за одигрување на натпревари. Одлуката е во сила се до донесување на конечна одлука на Дисциплинската комисија на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).  

Одлуките на Комисијата за натпревари се донесени врз основа на извештаите на официјалните лица од натпреварот (судии и делегат). Натпреварот Каменица Саса – Скопје беше прекинат поради вербален и физички напад на претставници на гостинската екипи.

Комисијата за натпревари во рамки на ФФМ, исто така, го предаде на дисциплинска комисија тимот на Башкими. За евентуални санкции за екипата од Куманово ќе решава дисциплинската комисија на ФФМ поради лоша организација на мечот Башкими – Брегалница од 15. коло во ВМФЛ.


Вардар – Силекс највозбудлив пар во четвртфиналето на Купот

Денес на „Куќата на фудбалот“ беа извлечени четвртфиналните парови за најмасовното натпреварување во нашата земја, Купот на Македонија. Осум екипи ќе се борат за трофејот кој минатата сезона го освои Тиквеш од Кавадарци.

Четвртфинале:
Струга Трим Љум – Гостивар
Детонит Плачковица – Шкендија
Брера Струмица – Арсими
Вардар – Силекс

ВАРДАР – СИЛЕКС

Натпреварите се играат на 26 февруари 2025 година со почеток во 14:00 часот.


Започна реконструкцијата на новата трибина во Охрид

Фудбалската федерација на Македонија направи уште еден значаен чекор во подобрувањето на спортската инфраструктура, со започнување на изградбата на новата јужна трибина на стадионот „Билјанини Извори“ во Охрид.

Новата трибина ќе има капацитет од 3.500 седишта и ќе вклучува современи содржини како осум скај-боксови за ВИП зони, медиумски центар и други простории според меѓународни стандарди.

На свеченоста за отпочнување на работите присуствуваа претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини, градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, членовите на Управниот Одбор на ФФМ, Тони Иваноски и Џевад Дибрани, како и претседателот на Општинскиот Фудбалски Сојуз на Охрид, Цане Милошоски.

Во своето обраќање пред присутните и медиумите, претседателот Сејдини ја истакна важноста на овој проект:

“Горди сме што инвестираме во проект кој не само што ја подобрува инфраструктурата за фудбал, туку и му овозможува на Охрид да добие модерен објект од меѓународен ранг. Новата трибина, заедно со постојната, го исполнува нашиот ангажман за стадионот во Охрид. По завршувањето на оваа трибина, Општина Охрид ќе ги изгради двете трибини зад головите и ќе го постави осветлувањето, со што стадионот ќе се трансформира во модерен објект подготвен за меѓународни натпревари, вклучувајќи ги и оние на нашата репрезентација. Со туристичките капацитети и близината до аеродромот, Охрид има потенцијал да стане значајна фудбалска дестинација покрај туристичката. Благодарност до УЕФА за поддршката и до Општината за соработката во овој голем проект.”

Изградбата на новата трибина претставува значаен чекор кон реализирање на визијата за модерна спортска инфраструктура во Охрид, обезбедувајќи подобри услови за играчите, навивачите и организацијата на меѓународни настани.


ФИБА работи на враќање на Русија во кошаркарскиот календар

Претседателот на Меѓународната кошаркарска федерација (ФИБА), Андреас Заглис, одговори на прашањето за преговорите со Руската кошаркарска федерација за враќање на меѓународните турнири.

Руската репрезентација, како и нејзините клубови, беа исфрлени од сите натпреварувања под покровителство на ФИБА по почетокот на војната во Украина.

„Во врска со ова прашање, Централниот совет минатиот четврток одлучи да го продолжи сегашниот статус до состанокот во мај. Водиме постојани и активни преговори со Руската кошаркарска федерација. Руската Федерација, како Белорусија, не е суспендирана од работа. Нема сомнеж дека треба да се чека пошироката геополитичка слика. Колку и да мислите дека кошарката е важна, за жал, во овој случај има многу поважни теми кои треба да се решат“, изјави Заглис.


Лукас Хернандез подготвен, Луис Енрике го повика за дуелот во Салцбург

Фудбалерот на ПСЖ, Лукас Хернанадез, кој паузираше седум месеци поради тешка повреда на лигаментите на коленото, конечно се врати во тимот.

Левиот бек се најде во составот на парижаните за денешното гостување кај РБ Салцбург во Лигата на шампионите.

Се претпоставува дека дефанзивецот кој тренира само десетина дена, нема да биде во првата постава на мечот во Германија.


Ференцварош добива големо засилување, потпишува Наби Кеита

Наби Кеита кој на времето се гледаше како еден од најдобрите фудбалери во средината на теренот, веројатно ќе го напушти составот на Вердер и ќе се пресели во унгарскиот Ференцварош.

Репрезентативецот на Гвинеја кој беше ангажиран како слободен играч во летото во 2023 година, не успеа да се наметне во бундес-тимот и сосема реално ќе побара нова средина.

Тој за екипата од Бремен одигра 56 средби на кои постигна 11 голови. Неговиот договор е активен до 2026 година.


Литвански боксер ненадејно си го одзел животот

Литванскиот боксер Генадиј Крајевски, кој живеел во Англија, се самоубил на 37 годишна возраст.

Крајевски беше познат по прекарот „Балтички бомбаш“, а најмногу борби имал во Ливерпул, каде што живеел.

Неговата најпозната борба беше во 2020 година против братот на Тајсон Фјури, Томи.

„Би сакале да ги испратиме нашите сочувство и размислувања до семејството и пријателите на Генадиј Крајевски во овој момент. Балтичкиот бомбардер бил во гостинскиот агол во Мидлендс (централниот дел на Англија) многу пати“, се вели во соопштението на сочувство од Британската боксерска организација.
Последната борба Крајевски ја имаше во август 2024 година.


Гасперини: Никој не може да биде фаворит против Реал Мадрид

Тренерот на Аталанта, Џан Пјеро Гасперини, покажа голема почит кон Реал Мадрид пред дуелот на двете екипи во Лигата на шампионите. Со оглед на некои несигурни настапи на шпанскиот гигант оваа сезона, има многу експерти кои ја прогласија Аталанта како фаворит во пресметката, но Гасперини не се согласува со тоа.

„Мислам дека нема тим кој може да се нарече фаворит против Реал Мадрид. Не очекува возбудлив натпревар на нашиот стадион и тоа е нешто неверојатно за луѓето од Бергамо. Знаеме каков противник имаме против себе. Местото на Реал на табелата е привремено. Уживаме во пофалбите, но да тврдиме дека сме супериорни во однос на Реал Мадрид е малку премногу. Сигурно ќе дадеме се од себе, но мора да бидеме внимателни и да не ѝ се предадеме на еуфоријата“, изјави Гасперини.

Аталанта на лето се соочи со денешниот противник во натпреварот за Суперкупот на Европа и загуби со 0-2. Сепак, тренерот на тимот од Бергамо е убеден дека претстојниот натпревар ќе биде поинаков.


Црвена Звезда исплати висока премија за победата против Штутгарт

Фудбалерите на Црвена звезда добија добри премии за победата на Штутгарт во Лигата на шампионите. Според српските медиуми ќе бидат финансиски наградени и доколку изборат поволен резултат утре на „Сан Сиро“ против Милан.

За убедливата победа над Штутгарт (5-1), стартерите добија по 65.000 евра, а оние кои беа на клупата за резерви 32.000 евра.

УЕФА секоја победа ја наф=градува со 2.100.000 евра, што значи дека клубот нешто повеќе од еден милион им подели на фудбалерите. Секако, наградени беа и сите членови на стручниот штаб.

Натпреварот Милан – Црвена звезда во 6. коло во Лигата на шампионите се игра во среда на 11 декември од 21:00 часот.