feature

Влаховиќ го пропушта дербито со Интер во купот на Италија

Напаѓачот на Јувентус, Душан Влаховиќ, поради повреда најверојатно ќе го пропушти вечерашниот реванш натпревар со Интер во полуфиналето од Купот на Италија.

Според информациите од Италија, Влаховиќ се повредил на последниот тренинг со Јувентус, а постојат многу мали шанси за тој да настапи на средбата со Интер. Тренерот на Јуве Масимилиано Алегри, на средбата со новинарите изјави дека српскиот фудбалер го превиткал зглобот од ногата па така тој многу тешко ќе се најде во тимот кој ќе игра против Интер.

Првиот дуел од полуфиналето во италијанскиот куп меѓу Јувентус и Интер заврши без победник, 1:1.


Барса и Атлетико ќе започнат преговори за трампа Торес-Караско

На лето би можеле да видеме размена помеѓу Барселона и Атлетико Мадрид, станува збор за Феран Торес и Јаник Караско.

Шпанските медиуми денес пренесуваат дека Барселона и Атлетико се заинтересирани за ваква соработка, а проблем би можел да биде само Торес. Неговиот сон е да успее во Барселона, иако досега не ги оправда очекувањата, а платен беше дури 55 милиони евра. Караско на лето влегува во последната година од договорот со Атлетико, освен тоа Барса има посебна клазула да може да го доведе за 15 милиони евра. Таа клаузула беше додадена при трансферот на Мемфис Депај.

Во Барса сепак веруваат дека можат да избегнат било каква оштета, но можеби и да добијат одредена сума од Атлетико со голед на тоа дека Торес е многу помлад.

За Караско сигурно Барселона би била најголем предизвик во кариерата и последна шанса да се покаже во силно светло на европска сцена. Торес во Атлетико би имал значително поголема улога, па останува да се види дали би ја прифатил понудата.


Реал во завршна фаза околу трансферот на Габри Веига

Реал Мадрид ја победил конкуренцијата за плејмејкерот на Селта, Габри Веига, пренесуваат шпанските медиуми.

20-годишниот играч за врска игра фантастична сезона во Селта, каде досега постигна девет гола и четири асистенции, па го привлече вниманието на многу големи клубови. Тренерот Карло Анчелоти е воодушевен од Веига, кој има талент и потенцијал да стане еден од најдобрите фудбалери за врска во следните години.

Реал ја победил конкуренцијата и постигнал договор со Селта за трансфер вреден 40 милиони евра.

Притоа Веига следната сезона ќе остане на позајмица во Селта, а потоа на „Сантиаго Бернабеу“ треба да пристигне како замена за Крос.


Тен Хаг сонува за тандемот Кејн-Рашфорд

Манчестер Јунајтед сака да го ангажира напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн, кој не сака да го продолжи договрот со „Спарси“.

Трансферот може да се случи во текот на летото доколку репрезентативецот на Англија се определи да ја прифати понудата на „црвените ѓаволи“, велат последните информации од Островот.

Тимот од „Олд Трафорд“ е подготвен да му понуди на Кејн неделна плата од 300.000 фунти, со што ќе стане најплатен фудбалер во екипата.


Најдобриот фудбалер на Феенорд го одбрал Арсенал

Арсенал покажува сериозен интерес за турскиот репрезентативец и капитен на Феенорд Оркун Кокчу.

22-годишниот фудбалер за врска игра одлично оваа сезона и го води холандскиот гигант кон титулата во Холандија. Тој го привлече вниманието на многу европски гиганти, но Арсенал сака да ја победи конкуренцијата, бидејќи Кокчу е голема желба на тренерот Артета.

22-годишниот фудбалер за врска е роден во Холандија, потекнува од младинската школа на Феенорд и досега целата негова кариера ја мина во тој клуб.

Тој е најдобар фудбалер во холандското првенство оваа сезона, а Арсенал е спремен да ја победи конкуренцијата и да го донесе на „Емирати“.


Гави му ветил на Чави дека ќе остане во Барса

Младиот фудбалер на Барселона, Гави, му ветил на тренерот Чави дека нема да си замине од клубот иако засега не може да добие професионален договор.

Имено, Каталонците го надминаа лимитот за плати и затоа не добија дозвола да направат нов договор со големиот фудбалски талент.

Според медиумите, Гави му ветил на неговиот тренер дека нема да го напушти стадионот – „Камп Ноу“ иако има можност без обештетување да ја промени средината.


Легендата Фарах најави завршување на кариерата

Атлетичарот, Мо Фарах, кој има четири златни медали од Олимписките Игри, најави дека кон крајот на годинава на полумаратонот во Греј Норт ќе ја заврши богатата кариера.  

„Грејт Норт Ран ќе биде моето последно натпреварување и тоа ќе биде моето збогување“ – потенцира Фарах кој има шест златни медали на светските и пет на европските првенства.

Фарах на Игрите во Лондон (2012) и Рио де Женеиро (2016) успеа да ги освои златните медали на трките на 5 и 10 километри.


Матеус има совет до Тухел како Баерн да излезе од кризата

Лотар Матеус вели дека кризата во која е влезен Баерн Минхен може да се реши доколку играчите што беа купени како засилувања во претходното лето добијат поголема минутажа.  

„Кога имате проблем во нападот а тоа е очигледно, зошто да не го пуштите младото момче да игра. Мислам на Тел, тој ги поседува сите квалитети кои треба да ги има еден напаѓач. Матијс Тел и Рајан Гравенберх треба да добиват многу повеќе шанси“, вели Матеус.

Баварците по доаѓањето на Тухел беа елиминирани од Купот на Германија и Лигата на шампионите а по поразот од Мајн го загубија и челното место на табелата во Бундес-лигата.


Претседателот на Атлетико ги сака Меси и Роналдо повторно во Шпанија

Првиот човек на фудбалскиот состав  Атлетико Мадрид, Енрико Серезо, сака повторно да ги гледа Лионел Меси и Кристијано Роналдо како играат во шпанскиот елитен шампионат.

Во моментов поранешните ѕвезди на Барселона и Реал Мадрид кои се во третата деценија од животот се активни во Франција и Саудиска Арабија.

„Би било фантастично кога Меси би се вратил во Ла Лига исто како и Роналдо. Тие сè уште играат и би било фантастично кога се вратиле“, беа зборовите на Серезо.


Вујкото на Рафа Надал верува во негов успешен Ролан Гарос

Тони Надал кој му е роднина на шпанскиот тенисер, Рафаел Надал, вели дека некогашниот најдобар тенисер на АТП листата набрзо ќе ја санира повредата и ќе се врати на терените.

„Рафаел се опоравува, верувам дека малку недостасува да се врати но, не можеше да игра во Мадрид. Тоа е турнирот што нетрпени го очекува но, ќе мора да почекаме уште една година“, рече Тони.

„Нема играно меч од 18 јануари. Сепак, Рафа веднаш влегува во ритам а на грен слем многу зависи од ждрепката. Ако имате среќа во првите рунди, сè може да се случи“ – потенцираше Тони Надал.