feature

Анчелоти незадоволен од тревникот на „Сантијаго Бернабеу“

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти се осврна на синоќашниот натпревар со Селта (2-0) во 30. коло на Ла Лига.

„Мислам дека атмосферата околу нас многу ни помага и ни овозможува да го дадеме максимумот, па дури и повеќе. Затоа мислам дека сите играчи им се благодарни на нашите навивачи кои секогаш ни даваат многу љубов. Има проблем со теренот, се работи на него и се надеваме дека ќе најдат решение. Јасно е дека тековната работа влијае на квалитетот на тревата и тоа не е чудно. Мораме да издржиме. Но, ситуацијата ќе се промени пред натпреварот со Манчестер сити во Лигата на шампионите“, изјави Анчелоти.

Реал Мадрид е на второто место во Ла Лига со 65 бодови, но главните шанси за трофеј сезонава ги гледа во Купот на Кралот и Лигата на шампионите.


Ливаковиќ рекордер по бројот на минути и натпревари оваа сезона

Доминик Ливаковиќ кој блескаше на Светското првенство во Катар одиграл најмногу минути од сите фудбалери во светот.

Според податоците на „Трансфермаркт“, голманот на Динамо и хрватската репрезентацијата во сезоната 2022/2023 на теренот помина 5.010 минути. Втор на оваа листа е Бруно Фернандеш од Манчестер Јунајтед со 4.996, а трет голманот на Нов Зеланд Макс Крокомбе кој брани во англискиот четвртолигаш Гримсби Таун.

Ливаковиќ во актуелната сезона има 43 натпревари за клубот од Загреб и 12 за репрезентацијата. Во двата состави е незамнелив првотимец. Фернандеш има 49 клупски и девет репрезентативни натпревари, додека Крокомба сите 55 натпревари ги забележа во клубот.


Маунт како Жоргињо: Од јуни се сели од Челзи во Арсенал

Во Челзи на лето ќе следуваат големи промени откако и по потрошени над 600 милиони евра клубот не успева да има резултати какви што се очекува.

Секако дека и дел од ривалите ќе се обидат да ја искористат таа ситуација за да доведат некое засилување. Медиумите на Островот најавуваат дека одново би можеле да видиме трансфер од Челзи во Арсенал.

Претходно Жоргињо направи ваков трансфер, а сега следен би можел да биде Мејсон Маунт. Наводно, Челзи за услугите на Маунт ќе бара најмалку 60 милиони евра.

Покрај Маунт Челзи би можел да се ослободи и од неколку други играчи како: Зијеш, Кулибали, Лукаку, Галагер, Лофтус-Чик…


Белгиецот Ориги по една сезона се враќа во Премиер лигата

Дивок Ориги минатото лето го напушти Ливерпул и се пресели во Милан, но не се снајде баш најдобро во Серија А.

Ориги беше слободе агент и имаше многу понуди, а тој избра да се пресели во Милан, каде требаше да биде големо засилување. Меѓутоа, Ориги главно ја грее клупата за резерви и оваа сезона постигна само два гола, па Милан е спремен да се ослободи од него. Најсилен интерес за Белгиецот покажуваат Астон Вила и Вест Хем, кои веќе стапиле во контакт со неговиот агент.

Ориги сака да се врати во Премемиер лигата, па ќе треба да избере помеѓу двата споменати клуба.


Дрогба го советува Осимен: Не оди во ПСЖ, одбери друг клуб!

Дидие Дрогба го советува Виктор Осимен да го напушти Наполи, но му препорача да не оди во ПСЖ.

Осимен е вистинска сензација оваа сезона во Серија А и е мета на многу европски гиганти. Дрогба смета дека Осимен треба да го напушти Наполи за да напредува, но верува дека ПСЖ не е клуб за него.

„Доколку ПСЖ навистина го сака Осимен, тоа е сериозна потврда за неговиот талент и настапите кои ги покажа оваа сезона. Но, ПСЖ не е клубот за кој треба да размислува доколку сака да напредува во кариерата“, изјави Дрогба.


ПСЖ ќе испрати понуда за Бруно Гимараеш

Реал Мадрид и ПСЖ се силно заинтересирани за играчот на Њукасл и бразилски репрезентативец, Бруно Гимараеш.

25-годишниот играч за врска игра фантастично и го привлече вниманието на многу европски гиганти. ПСЖ нема да жали пари и спрема план како да го донесе Бразилецот во Париз следното лето.

Секако, нема да биде лесно да го убедат Њукасл да го пушти бидејќи клубот има големи финансиски ресурси, но двата клуба се спремни да платат 80 милиони евра.

Доколку Њукасл не избори пласман во Лигата на шампиони за следната сезона, тука Гимараеш и самиот ќе притиска за трансфер.


ПСЖ сака да го врати Мањан, Милан бара 80 милиони

Пари Сент Жермен ја признава грешката и сака да го врати голманот Мајк Мањан во своите редови.

Мањан е дете на Пари Сент Жермен, кој за еден милион евра беше продаден во Лил, а сега во Милан се етаблираше во еден од најдобрите голмани во Европа.

Мањан брани фантастично, стана прв голман на француската репрезентација, а од друга страна ПСЖ не е задоволен од Донарума. „Светците“ се спремни на лето да понудат 80 милиони евра и со тоа да го направат Мањан најскап голман во историјата.

Но тоа нема да биде лесна задача бидејќи 27-годишниот голман започна преговори за обновување на договорот со Милан.


Ковачиќ ќе биде замената за Гундоган во Сити

Матео Ковачиќ на лето може да го напушти Челзи, но да остане во Премиер лигата.

Според најавите „сините“ се спремни да го пуштат 28-годишниот Ковачиќ на кого договорот му истекува следното лето доколку пристигне понуда од 35 милиони евра. Најсилен интерес за Хрватот покажува Манчестер Сити, бидејќи Гвардиола е голем симпатизер на неговите квалитети.

„Граѓаните“ сакаат да ја искористат ситуацијата и веќе стапиле во контакт со неговиот агент, кој отпатувал во Лондон на прва рунда преговори со раководството на Сити.


Реал застана во редот за потписот на Данецот Хојлунд

Реал Мадрид се вклучи во трката за потписот  на напаѓачот на Аталанта, Расмус Хојлунд.

19-годишниот Данец игра одлично од почетокот на сезоната и има 14 гола за Аталанта, а беска и на натпреварите за репрезентацијата. Реал Мадрид е во потрага по класичен напаѓач и верува дека Хојлунд е идната ѕвезда на светскиот фудбал и може многу години да го предводи нападот.

„Кралевите“сакаат да ја победат конкуренцијата бидејќи за младиот Данец интерес покажуваат уште Арсенал, Милан и Барселона.

Хојлунд минатото лето пристигна во Аталанта како голем талент за 15 милиони фунти, но неговата цена драстично порасна после оваа сезона.


Помладиот син на Лилијан Турам желба на Клоп и Ливерпул

Ливерпул покажува сериозен интерес за играчот за врска на Ница, Кефрен Турам, пренесуваат англиските медиуми. Кефрен е син на легендарниот француски дефанзивец Лилијан Турам и брат на напаѓачот на Борусија Мехенгладбах, Маркос Турам.

21-годишниот играч за врска игра фантастична сезона во дресот на Ница и важи за еден од најголемите француски таленти.

Познато е дека Ливерпул е во потрага по квалитетни играчи за врска, а Клоп во Турам гледа одлично засилување.

Меѓутоа, конкуренцијата за неговиот потпис е голема бидејќи интерес за Французинот покажуваат уште Реал Мадрид и ПСЖ.