feature

Манчестер Јунајтед го продава Ван Бисака, ќе го замени со Џереми Фримпонг

Џереми Фримпонг е на радарот на многу европски гиганти, а најсилен интерес покажува Манчестер Јунајтед.

Агентот на 22-годишниот Холанѓанец веќе имал средба со претставници на Манчестер Јунајтед, кој сака да го доведе на „Олд Трафорд“. Како фаворит за неговиот потпис важи Манчестер Јунајтед, а и самиот фудбалер преферира да се пресели во Премиер лигата.

Оваа сезона Фримпонг има 26 меча за Леверкузен во Бундеслигата на кои постигна 8 гола.

„Црвените ѓаволи“ се спремни на лето да го продадат Ван Бисака, а во Фринпонг гледаат идеална замена.


Артета без Зинченко и Салиба против Саутемптон

Менаџерот на фудбалерите на Арсенал, Микел Артета, потврди дека на утрешниот меч со Саутемптон ќе ги нема на располагање стоперот Салиба и бекот, Зиченко.

Французинот ги пропушти последните четири натпревари повреда на грбот додека Украинецот има проблеми со мускулот.

„Мораме да почекаме уште малку со Вилијам. Тој не напредува толку брзо како што се надевавме. Не сме сигурни ниту за Зинченко. Тој допрва треба да заздрави“, беа зборовите на Артета.


Боели спремен да ги стави сите свои фудбалери на трансфер-листа

Сопственикот на Челзи, Тод Боели потроши над 600 милиони евра откако е во клубот, но резултатите на теренот се далеку од очекувани, медиумите сега пренесуваат дека се одлучил на радикален потег.

Имено, Боели наводно ги намалил платите на сите кои пристигнале во зимскиот преодниот рок 30%, а освен тоа буквално сите играчи 32 кои ги има на располагање во првиот тим ги ставил на продажба.

Ваквата одлука, посебно првата може да донесе раздор во тимот и уште полоши резултати во финишот од сезоната.

Се потенцира дека на продажба се и фудбалерите кои пристигнале во јануари како што е и Енцо Фернандез за кого платија 100 милиони евра.


Тотенхем и Барселона покажуваат сериозен интерес за дефанзивецот на Интер, Алсендро Бастони.

Два гиганти го сакаат Бастони од Интер

Минатото лето Бастони беше голема желба на Антонио Конте, но Интер не сакаше да го продаде еден од најдобрите играчи во тимот. Меѓутоа, сега ситуацијата е поинаква, бидејќи Бастони на лето влегува во последната година од договорот и двете страни се далеку од договор за продолжување на соработката.

Интер сака да избегне нов случај Скриниар, кој заминува како слободен агент, па доколку Бастони не стави потпис, „нероаѕурите“ сигирно ќе го продадат.

Бастони има само 23 години и во Тотенхем веруваат дека може да биде столб на одбраната долги години, па се спремни да понудат 50 милиони евра.

Барселона исто така покажува интерес, но Каталонците не се во можност да ја израмнат понудата на Спарси во моментов.


Стивен Жанг демантира дека ќе го продава Интер

Претседателот на Интер, Стивен Жанг негира дека би ќе влезе во процес на продажба на италијанскиот клуб. Интер се радува на полуфиналето во Лигата на шампионите, откако во синоќа ја исфрли Бенфика од турнирот.

Така, италијанскиот голем клуб повторно е меѓу најдобрите во Европа, а тоа е достигнување што носи голема радост во Милано. Претседателот на Интер, Стивен Жанг, демантираше дека има процес за продажба на „нероаѕурите“.

„На сите ни значи многу ова полуфинале во Лигата на шампионите. Во моментов мислиме на тоа. Не, не сме разговарале за продажба. Целосно сме фокусирани да одиме напред“, вели Жанг.

Интер оваа сезона има можност да освои два трофеи. Покрај во Лигата на шампионите, тие се и во полуфиналето на Копа Италија.


Мајк Браун од Сакраменто е тренер на сезоната во НБА лигата

НБА лигата за тренер на годината го прогласи предводникот на Сакраменто, Мајк Браун.

Две од трите досега доделени награди му припаднаа на некој од редовите на Сакраменто Кингс. Диерон Фокс е најдобар „клач“ играч, а сега неговиот „командант“ од клупата Мајк Браун е прогласен за најдобар тренер. Браун веќе доби признание за овогодинешните резултати, но од Здружението на тренери во НБА, додека ова е гласање на новинарите.

Инаку, ова не е првпат Браун да добива награда. Првиот пат беше во 2009 година на клупата на Кливленд Кавалирс во првиот мандат на Леброн.


Рафаел Надал го откажа учеството на турнирот во Мадрид

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал објави дека поради повреда го откажува настапот на турнирот Мадрид Опен.

Надал не учествува и на турнирот во Барселона бидејќи уште се опоравува од повредата која во јануари ја заработи на Австралија Опен.

22-кратниот Гренд Слем победник сега е во трка со времето за да земе учество на Ролан Гарос кој започнува на 28 мај. Доколку се биде во ред и шпанскиот тенисер успее да се опорави за турнирот во Париз тогаш тој ќе цели на освојување на рекордна 23 Гренд Слем во кариерата. Негов најголем ривал во битката за рекордни титули е Новак Ѓоковиќ кој исто така има 22 трофеи.


Шмит: Одигравме одличен турнир, само еднаш загубивме и елиминирани сме

Екипата на Бенфика не успеа да направи сензација со пласман во полуфиналето на Лигата на шампионите. Португалците се елиминирани од Интер, но годинава резултатски беа еден од најдобрите тимови во најсилното европско натпреварување. Имено момците на Роџер Шмит на 14 натпревари во ЛШ имаа само еден пораз и тоа оној од Интер на домашен терен.

„На овој турнир се претставивме одлично, загубивме само еднаш во 14 натпревари. За жал, тоа беше многу важен натпревар. Не можевме да играме со иста концентрација и интензитет на домашен терен. Ми се допадна она што го видов денеска. Тимот веруваше во себе и не се предаваше, дури и кога имавме големо заостанување“, изјави главниот тренер на Бенфика.


Халанд продолжува да руши рекорди и во Лигата на шампионите

Постигнувајќи гол синоќа на реваншот од четвртфиналето на Лигата на шампионите во Минхен против Баерн (1-1), напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд стигна до бројката од 35 гола во елитното натпреварување на стариот континент.

Норвешкиот гогетер на тој начин стана најмладиот играч кој постигнал 35 гола, а воедно и најбрзиот според бројот на одиграни натпревари. Халанд со 22 години и 272 дена стигна до бројката од 35 гола во ЛШ, соборувајќи го досегашниот рекорд на Килијан Мбапе, кој до оваа бројка стигна со 23 години и 260 дена.

Уште поимпресивен е податокот дека Норвежанецот на само 27 настапи во ЛШ постигна 35 гола. Претходниот рекорд го држеше Руд ван Нистелрој, кој постигна 35 гола во најсилното клупско натпреварување со 42 настапи. На Мбапе му беа потребни 54 настапи, на Меси 55, а на Нејмар 57 за оваа бројка на погодоци.


Барселона подготвена да се задолжи со 200 милиони евра за враќање на Меси

Весникот „Марка“ пренесува дека фудбалскиот клуб Барселона ќе бара од шпанската Ла Лига дозвола и гаранција за да може да обезбеди 200 милиони евра за да го убеди Аргентинецот Лионел Меси да се врати во екипата од “Камп Ноу“.

Челниците на Барселона на чело со претседателот Жоан Лапорта, разгледуваат можности како да дојдат до потребните пари за плата на Меси. Информациите од „Марка“ велат дека Барселона е подготвена да продаде дел од маркетинг правата и дел од имотот на клубот за да ги обезбеди средства за договор со Меси.

Лионел Меси беше член на Барса од 2000.до 2021.година која поради лошата финансиска состојба во клубот реши да замине во ПСЖ. Тој со клубот од Париз има договор до крајот на сезоната и досега неколку пати ги одби понудите за продолжување на сорабoтката со францускиот шампион.

Меси во неколку свои интервјуа изјави дека својата одлука за тоа каде ќе ја продолжи кариерата ќе ја донесе на крајот од сезоната.