feature

Британскиот боксерски херој заработи двегодишна суспензија

Боксерот, Амир Кан, доби двегодишна суспензија, објави денеска британската анти-допинг агенција.

„На 19 февруари 2022 година, агенцијата зеде примерок од урина од Кан пред борбата со Кел Брук. Примерокот покажа присуство на „остарин““, се вели во соопштението.

Кан кој ќе ја одлежи казната до 5 април во 2024 година, рече дека внесувањето на „остарин“ не било намерно. Тој има 34 победи и пет порази.


Де Лаурентис одбил 2,5 милијарди евра за Наполи

Сопственикот на фудбалскиот клуб Наполи, Аурелио де Лаурентис, во интервју за весникот „Ил Матино“ откри дека минатата година одбил сериозна понуда да го продаде клубот.

Тој изјави дека се работело за понуда во висина од 2,5 милијарди евра, но тоа воопшто не го заинтересирало.

“Не ме интересира ни колку вреди Наполи во моментот, тој е наша семејна играчка и не размислувам да го продадам. Тоа е така и поради фактот што не би знаел што да правам ако не сум во клубот. Дали би требало да купам клуб од Премиер лигата? јас сум Наполитанец и сум среќен тука. не дозволувам никој да ме вознемирува со вакви понуди. Арапски фонд минатата година ми понуди 2,5 милиони евра но ги одбив“.

Наполи е на пат да ја освои својата трета титула во Серија А, прва после 1990.година и ерата на Диего Марадона.


Данецот Хојлунд ќе добие понуда од Баерн

Младиот фудбалер на Аталанта, Расмус Хојлунд, влегува во плановите на Баерн Минхен објавија денеска медиумите во Италија и Германија.  

20-годишниот Данец има одлична сезона во Серија А со што го привлече вниманието на фудбалските гиганти. Според наведеното, за неговите услуги се заинтересирани и Манчестер Јунајтед, Јувентус, Арсенал и Реал Мадрид.

Напаѓачот има одиграно 34 мечеви за екипата од Бергамо. Тој 14-ет пати се запиша во листата на стрелците.


Робертсон: Го знаеме проблемот и треба да се корегираме

Дефанзивецот на фудбалскиот состав Ливерпул, Енди Робертсон, проценува дека лошите партии на гостински терен се главната причина за малиот број на освоени бодови и загубената трка за титулата.

Неговиот тим има одличен eфект на домашен терен додека на гостувањата главно остана со празни раце.

„Го знаеме проблемот и треба да го кореиграме. Мора да се поправиме до крајот на сезоната. Ако сакаме да се бориме за висок пласман мора мора да освоиме бодови и надвор од дома“ – потенцираше левиот бек на „црвените“.


Осимен доби нова маска, откако ја загуби старата

Напаѓачот на Наполи, Виктор Осимен, кој ја загуби маската за лицето што ја носеше од безбедносни причини по тешката повреда на мечот со Милан, сега ќе добие нова.

Имено, Руџеро, која ја направи изгубената маска, на Инстаграм се пофали дека сега подготвил нова  која набрзо ќе ја испорача до ѕвездата на Наполи. На маската се испишани иницијалите на напаѓачот и неговиот број 09.

Претходно навивачите на лидерот почнаа да веруваат дека маската му носи среќа на голгетерот и почнале нашироко да ја практикуваат.


Пау Торес на цена, два европски гиганти го сакаат Шпанецот

ПСЖ и Манчестер Јунајтед покажуваат сериозен инетерес за шпанскиот репрезентативец и дефанзивец на Виљареал, Пау Торес.

ПСЖ сака да ја засили одбраната, а Торес е прв на листата желба бидејќи клубот во него гледа идеален наследник на Серхио Рамос. 25-годишниот Шпанец се етаблираше во еден од најдобрите дефанзивци во Примера и го привлече вниманието на многу европски гиганти.

Манчестер Јунајтед пак бара замена за Мегваер и веќе подолго време ги следи настапите на Пау Торес, па сака да го доведе на „Олд Трафорд“.

Виљареал за неговата слобода бара 50 милиони евра, сума која споменатите клубови нема да имаат проблем да ја платат.


Мончи го сака Џовани Симеоне во Севиља

Шпанската Севиља ја разгледува можноста да го придобие аргентинскиот напаѓач од италијанскиот Наполи, Џовани Симеоне. 

Според изворот, спортскиот директор на Севиља, Мончи, бара опции за засилување на тимот во претстојниот летен преоден рок поради незадоволителните резултати на клубот оваа сезона. Посебно внимание е посветено на Симеоне, кој е син на тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне.

Џовани Симеоне (27) оваа сезона има 26 настапи за Наполи, играјќи само 669 минути на теренот. Аргентинскиот напаѓач постигна осум гола. Договорот на Симеоне со Верона од коде е позајмен во Наполи е до 2026 година.


Клоп: Никогаш во кариерата сум немал ваква сезона

Ливерпул и Челзи го одиграа четвртиот натпревар во низа без голови (два од тие четири претходно беа одлучени на пенали).

Во стартниот состав на Ливерпул не беа Салах, Робертсон, Гакпо и Арнолд, а германскиот стратег по натпреварот појасни дека на одредени фудбалери потребен им е одмор. Клоп од доаѓањето во Ливерпул констатно напредуваше и се бореше за титли. Сезонава првпат не може да се бори за трофеј, а веројатно нема да игра ниту во Европа следната сезона.

Германецот призна дека од кога е тренер на Ливерпул немал ваква сезона.

„Не, му благодарам на Бог. Не би бил тренер на Ливерпул ако имав неколку вакви сезони. Но, мораме да се подигнеме. Таков е животот, морате да се борите да ја промените својата среќа.

Секако дека не очекував тим со шест промени да одигра најдобар натпревар во сезоната. Всушнсот видов два тима без самодоверба. Но, имаше и добри работи. Се боревме и мораме така да продолжиме. Понекогаш и малите чекори се важни“, изјави Клоп.


„Старата дама“ веќе бара замена за Полјакот Шчешни

Јувентус најверојатно ќе се раздели со голманот Војчех Шчешни на лето.

Јувентус има финансиски проблеми и сака да ги намали расходите за плати, а Шчешни е еден од најдоброплатените во тимот. Најголема желба е секако Донарума, но „бјанконерите“ не можат да си ја дозволат неговата висока плата.

Во моментов се разгледуваат две варијатни, првата е Марко Карнезеки од Аталанта, кој игра одлична сезона во Кремонезе. Вториот избор Гилермо Викарио од Емполи, кој исто така игра одлично сезонава.

Матија Перин сигурно ќе остане во Јувентус, но и понатаму ќе ја има улогата на втор голман.


„Шумарите“ го сакаат Патрик Виеира за нов менаџер

Раководството на Нотингем Форест наводно размислува да го отпушти Стив Купер и да го замени со Патрик Виеира како главен тренер на клубот.

Според информациите, раководството на премиерлигашот размислува да го отпушти 43-годишниот Велшанец и да го замени со поранешниот тренер на Кристал Палас.

Нотингем Форест синоќа претрпе пораз од Лидс со 2-1, а клубот моментално е на 17. место во Премиер лигата.