feature

Суарез парафираше нов договор со Интер Мајами

TOKYO, JAPAN – FEBRUARY 07: Luis Suarez of Inter Miami looks on during the preseason friendly match between Vissel Kobe and Inter Miami at National Stadium on February 07, 2024 in Tokyo, Japan. (Photo by Kenta Harada/Getty Images)

Луис Суарез ја продолжи соработката со Интер Мајами до крајот на следната сезона, потврдија од клубот од Флорида.

Тоа значи дека 37-годишниот „Ел Пистолеро“ ќе остане уште една сезона со соиграчите од славниот период на Барселона: Лионел Меси, Серхио Бускетс и Жорди Алба.

Од следната сезона Интер ќе го тренира Хавиер Маскерано, уште еден играч на Барселона (2010 до 2018), кој до неодамна раководеше со младинскиот тим на Аргентина.

Суарез минатата сезона беше најдобар стрелец на тимот со 25 гола.

Сезоната во МЛС лигата ја одбележа доминацијата на Интер со 22 победи, четири нерешени и осум порази за рекордни 74 бода, но тие не се прославија во плеј-офот, каде во првото коло, во три натпревари беа елиминирани од Атланта јунајтед.


Миовски и Џирона паднаа во Австрија, Црвена Звезда го декласира Штутгарт

Црвена звезда и Штурм Грац ги забележаа првите победу оваа сезона во Лигата на шампионите. Џирона со Бојан Миовски доживеа (не)очекуван пораз во Штурм (1-0), а Црвена звезда го декласира Штутгарт во Белград (5-1).

На „Рајко Митиќ“ во Белград 40.000 гледачи видоа рапсодија на црвено-белиот тим. Српскиот првак го декласира германскиот вице-шампион со 5-1.

Не почна добро натпреварот за домашниот тим, Демировиќ му донесе предност на Штутгарт во петтата минута и тоа беше се од „швабите“ на овој натпревар.

Играчот на Штутгарт, на позајмица во Црвена звезда, Силас, во 12.минута по соло акција изедначи. Целосен пресврт домаќинот направи во 31.минута кога Круниќ го совлада Нибел.

Во вториот дел Црвена звезда ги затвори приодите кон својот гол и го уништи Штутгарт од контра напади. Постигнаа три гола, а можеа уште толку.

Иваниќ погоди за 3-1, а точка на мечот стави Радоњиќ со два гола.

Штурм во Грац ја забележа историската прва победа во ЛШ. Австрискиот првак ја победи Џирона со 1-0. Натпреварот го реши Бирет со голот во 59.минута. Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски го започна мечот на теренот беше до 67. минута.


Ван Нистелрој е нов менаџер на Лестер Сити

Руд Ван Нистелрој заврши одлична работа краткото време кое го мина како в.д.менаџер на Манчестер јунајтед. Откако го замени Ерик Тен Хаг, забележа три победи и реми, а потоа му го отстапи местото на Рубен Аморим.

Прославениот напаѓач е на пат да го преземе Лестер, кој неодамна го отпушти менаџерот Стив Купер. Лестер оваа сезона се врати во Премиер лигата, но сега се бори да избори опстанок. Сензационалниот шампион на Англија од 2016 година моментално е на 16-тото место.

Ван Нистелрој стекна светска слава во Јунајтед. Тој одигра 219 натпревари и постигна импресивни 150 гола. Го освои и англискиот шампионат. Подоцна се пресели во Реал Мадрид и продолжи со одличните настапи. Кариера ја заврши во 2012 година во Малага.

Откако ја започна својата тренерска кариера како шеф на вториот тим на ПСВ, тој потоа го предводеше првиот тим до 33 победи и 10 нерешени во 51 натпревар, освојувајќи два трофеи.


Мбапе и Салах промашија пенали, Реал падна на „Енфилд роуд“

Ливерпул и по петата рунда е еденствениот тим со максимален учинок во Лигата на шампионите. Вечерва на „Енфилд“, во апсолутното дерби на оваа рунда Ливерпул го победи Реал со 2-0. Реал остана на шест бода, скор од две победи и три порази.

Карло Анчелоти, кој има многу проблеми со повредени играчи, на „Енфилд“ излезе со јасна цел да не загуби, но не успеа во својата намера. „Црвените“ од стартот ја презедоа контролата, константно напаѓаа не искористија две добри шанси за гол. Колку Реал беше инфериорен во првото полувреме говори податокот дека не упатија ниту еден удар кон голот на Келехер.

Иницијативата на Ливерпул која продолжи и во вториот дел вроди со плод во 52.минута, кога Мекалистер по додавањето од Бредли го совлада извонредниот Куртоа. Инаку десниот бек на Ливерпул Бредли, одигра брилијантен меч, успеа во целост да го запре Килијан Мбапе.

По примениот гол играчите на Реал тргнаа поангажирано кон голот на Ливерпул. Од првата вистинска акција, Лукас Васкез избори пенал во 61.минута. Мбапе ја презеде одговорноста, но неговиот удар го одбрани Келехер.

Двевет минути подоцна пенал доби Ливерпул. Салах ја презеде одговорноста, но неговиот удар заврши во стативата. Точка на натпреварот стави Гакпо, кој по центрашутот на Робертсон остана сам во пететрецот и со глава ја закова топката во голот.


Рекорд на Баерн во ЛШ: Единаесет години без домашен пораз во групна фаза

Баерн синоќа го победи ПСЖ со голот на Ким Мин-јае со глава во 38. минута. Кореецот беше единствениот стрелец на натпреварот кој ПСЖ го заврши со играч помалку. Поради два жолти картони исклучен беше Усман Дембеле во 56. минута.

За Баерн ова беше продолжение на чудесната серија без пораз на домашен терен во групната фаза од Лигата на шампионите. Ова беше нивни 33. натпревар во кој не загубија.

Последен пат беа поразени во декември 2013 година, кога Манчестер сити во Минхен ги победи со 3-2.

Баварскиот клуб го израмни рекордот на Барселона. Серијата на Каталонците се протега од 2009 до 2020 година.

Баерн победи на 31 натпревар, а само на два пати ремизираше.


Белингам: Ја загубив насмевката по Европското првенство

Англискиот репрезентативец и напаѓач на Реал Мадрид, Џуд Белингам изјави дека се чувствува како „жртвено јагне“ откако неговата репрезентација во јули не успеа да го освои Европското првенство.

„Морам да бидам искрен, ја загубив насмевката по Европското првенство. Се чувствував како да ме малтретираат неправедно во однос на она што го дадов. Почувствував остра критика упатена кон мене. Се чувствував малку како „жртвено јагне“. Можеби тоа е самосожалување“, изјави Белингам.

Белингем пред почетокот на Европското првенство со Реал ја освои титулата во Шпанија и Лигата на шампионите, а беше прогласен за играч на сезоната во Шпанија.

„Мислам дека придонесов за репрезентацијата во некои важни моменти, а на крајот како цел свет да ми се сруши, особено три дена по финалето на ЕП. Не се чувствував добро“, заклучи Белингам.


Вирц израмни историски рекорд на Меси во евро-куповите

Играчот од средниот ред на Баер Леверкузен, Флоријан Вирц, постигна 17 гола во Лигата на шампионите и Лигата на Европа, со што се израмни со поранешниот напаѓач на Барселона, а сега играч на Интер Мајами, Лионел Меси за најмногу голови во европското натпреварување до 22 години.

Синоќа, Баер Леверкузен се сретна со Салцбург во натпреварот од 5. коло од групната фаза на Лигата на шампионите за сезоната 2024/2025. Натпреварот се одигра на стадионот БајАрена во Леверкузен (Германија). Натпреварот заврши со резултат 5:0 во корист на домашната екипа.

Двоен стрелец на оваа средба беше 21-годишниот Вирц. Флоријан игра за првиот тим на Баер Леверкузен од 2020 година.


Горецка: Беше исклучително тешко да се победи ПСЖ

Schlussjubel Leon GORETZKA Bayern Muenchen,re: Alphonso DAVIES Bayern Muenchen, Jubel,Freude,Begeisterung,Aktion. Fussball Champions League / Ligaphase, FC Bayern Muenchen – Paris Saint German PSG 1-0 am 26.11.2024, A L L I A N Z A R E N A. *** Final cheer Leon GORETZKA Bayern Muenchen ,re Alphonso DAVIES Bayern Muenchen , Cheers,Joy,Enthusiasm,Action Football Champions League League Phase, FC Bayern Muenchen Paris Saint German PSG 1 0 on 26 11 2024, A L L I A N Z A R E N A

Фудбалерот од средниот ред на Баерн, Леон Горецка ги искажа своите импресии по победата над ПСЖ (1-0) во натпреварот од 5. коло во Лигата на шампионите.

„Тоа беше исклучително тензичен натпревар. Однапред знаевме што да очекуваме. Од нивната формација беше јасно дека со четири играчи од средниот ред противникот ќе се обиде да ја задржи топката и да тестира до каде сме подготвени, но ја постигнавме целта. Убаво е што напорите се наградени со резултати, изјави Горецка.

Баерн Минхен освои девет бода и се искачи на 11. место во поредокот.

Парижаните досега собраа само четири бодови и се на 26. позиција.


Инзаги: Никогаш не е лесно да се победи РБ Лајпциг

Тренерот на Интер, Симоне Инзаги се осврна на синоќешната победа над Лајпциг во 5. коло од Лигата на шампионите.

До трите бода „Нероазурите“ дојдоа со автоголот на Кастело Лукеба во првото полувреме.

„Одигравме одличен натпревар, постојано ја контролиравме ситуацијата, а против Лајпциг не е лесно. Повеќе напаѓаа во завршниот дел од играта, Зомер добро се снајде на голот. Штета што не успеавме да постигнеме втор“, изјави Инзаги.

Интер во поредокот во Лигата на шампионите со 13 бодови, Лајпциг нема бодови и е на претпоследното, 33. место.


Пеп Гвардиола: Игравме добро, но бевме неконстантни и примивме три гола

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола беше разочаран по ремито со Феенорд во Лигата на шампионите. Натпреварот од 5. коло од главната фаза заврши со резултат 3-3. Манчестер Сити прими три гола, иако водеше со 3-0 во 75. минута од натпреварот.

„При 3-0 одигравме добро, но потоа примивме многу голови бидејќи бевме неконстантни. Ги оставивме да го постигнат првиот гол, па вториот, па беше тешко. Во последно време губиме многу, ранливи сме и секако ни требаше победа, а играта ни даде самодоверба. Не знам дали ова има врска со психологија. Првиот гол не требаше да се постигне, ниту вториот. После тоа заборавивме на се што се случи, бевме очајни да победиме“, додаде менаџерот на англискиот шампион.

„Играме добро, но не победуваме. Ситуацијата е таква каква што е. Одигравме добар натпревар, но на ова ниво не можеме да си дозволиме таков настап. Сега не сум подготвен да размислувам за преостанатите три натпревари од ЛШ. Мора да се опоравиме и да се подготвиме за следниот натпревар. Ако не можеме да победуваме како денешните, ќе ни биде тешко“, изјави тренерот на Манчестер Сити.

Манчестер Сити продолжува со падот. Тимот нема победа во 6 последователни натпревари – 5 порази и едно реми. На 1 декември тимот се соочува со Ливерпул на „Енфилд“.