feature

Хрватски фудбалер виновен за користење допинг

Maрио Вушковиќ, 21-годишниот стопер на германски Хамбург и младата репрезентација на Хрватска е прогласен за виновен за користење допинг, пресуди Фудбалскиот сојуз на Германија во Франкфурт.

Кај поранешниот дефанзивец на Хајдук во септември беше потврдено присуство на еритропоетин (Епо), хормон кој го регулира создавањето на црвените крвни зрнца кои себе можат да носат повеќе кислород и така да ги подобрува неговите можности. Суспендиран е на две години, а казната ја потврди неговиот клуб ХСВ. Младиот фудбалер го чека казна и нема да може да игра фудбал се до 14-ти ноември 2024 година.

Вушковиќ има право на жалба, но ако казната остане на сила под знак прашалник се доведува неговата кариера. Договорот со ХСВ му важи до 2025 и на пазарот би се вратил после долга пауза и со голема дамка.

„Невин сум и заедно со семејството и адвокатскиот тим работам за тоа да го докажам. Никогаш не сум мамел во спортот и никогаш нема тоа да го правам. Ниту на најлошиот непријател не му го посакувам тоа низ што јас и моето семејство поминавме во изминатите неколку месеци. Секој ден се надевам дека овој кошмар ќе заврши“, изјави Вушковиќ.

Сепак, тој тврди дека може да го докаже спротивното.


Луис Енрике: Се гледаме во Премиер лигата, но не во било кој клуб

Луис Енрике е еден од тренерите кои во овој момент се без ангажман и неговото име во јавноста често се поврзува со клубови и репрезентации.

Енрике во својата кариера најголемите успеси ги имаше како тренер на Барселона, а работеше и уште во Рома и Селта, но и како селектор на Шпанија.

Сега како негова следна дестинација се споменува Премиер лигата, па новинарите го запрашаа дали би можеле за брзо време да го видиме во најсилната англиска конкуренција.

„Би сакал да работам во Англија, но не се гледам таму следниот јуни. Сакам да бидам во клуб кој може да направи големи работи и таков е тешко да се најде. Не би одел во било кој клуб од Премиер лигата“, изјави Енрике.


Најплатен играч во Премиер лигата е Кевин де Брујне

Францускиот спортски весник „Лекип“ објавува дека фудбалерот на Манчестер Сити, Кевин де Брујне, е најплатениот играч во Премиер лигата. Белгискиот репрезентативец има месечна заработка од 1,7 милиони фунти.

На второто место по заработка се наоѓа неговиот соиграч од Манчестер Сити, Ерлинг Халанд, кој месечно добива 1,6 милиони фунти, меѓутоа според некои податоци Норвежанецот во својот договор со Сити има голем број на бонуси кои не се официјална заработувачка и тоа го прави можеби и со поплатен и од Де Брујне.

На трето место е голманот на Манчестер Јунајтед Давид де Хеакој заработува 1,6 милиони фунти, а по него следуваат Мохамед Салах од Ливерпул и Џејдон Санчо од Манчестер Јунајтед кои месечно заработуваат 1,495 милиони фунти.


Мурињо ќе остане верен на Рома уште една сезона

Португалскиот фудбалски стратег Жозе Мурињо нема да ја напушти Рома во текот на летото иако за неговите услуги се заинтересирани францускиот Париз Сен Жермен и англискиот состав Њукасл.

60-годишниот тренер одлучил да остане во римскиот клуб барем до летото во 2024 година кога ќе му истече договорот. „Специјалниот“ седна на кормилото на „римската волчица“  во 2021 година и успеа да ја освои Конференциската лига.

Неговиот тим во сезонава во Серија А се наоѓа на петото место на табелата и се бори да обезбеди виза за Лигата на шампионите.



Чави добива нов договор на „Камп Ноу“

Чави Хернандез постигнал договор со Барселона и ќе потпише нов договор со каталонскиот гигант по завршувањето на сезоната. 

Актуелниот договор на Чави истекува во јуни 2024 година, но Барселона е задоволна од неговата работа и сака да го задржи подолго. Клубот веќе подготвил нов договор за 43-годишниот стратег, но Чави сега сака да се фокусира на преостанатите натпревари до крајот на сезоната и ќе го потпише на лето.

Чави е на кормилото на Барселона од 2021 година, а оваа сезона е на чекор да ја врати титулата на „Камп Ноу“.


Пјаниќ го пофали големиот талент на Јуве

Поранешниот фудбалер од средниот ред на Јувентус, Миралем Пјаниќ, зборуваше со пофални зборови за младиот играч, Николо Фаџоли, истовремено изразувајќи ја поддршката за тренерот Масимилијано Алегри кој го тренираше кај „бјанконерите“.

„Дури и кога Фаџоли тренираше со нас во првиот тим на 17 години, можеше да се види дека е подобар од другите младинци. Отсекогаш му се восхитував на Николо и не сум изненаден од тоа што го прави. Мора да продолжи на истиот начин. Го знам менталитетот на клубот и Алегри врши извонредна работа. Јувентус е втор по Наполи и верувам дека може да заврши во топ 4 и покрај казната од 15 бодови. Макс никогаш не се жали, тој е врвен тренер“, вели Пјаниќ.


Луис Енрике: Се гледаме во Премиер лигата, но не во било кој клуб

Луис Енрике е еден од тренерите кои во овој момент се без ангажман и неговото име во јавноста често се поврзува со клубови и репрезентации.

Енрике во својата кариера најголемите успеси ги имаше како тренер на Барселона, а работеше и уште во Рома и Селта, но и како селектор на Шпанија.

Сега како негова следна дестинација се споменува Премиер лигата, па новинарите го запрашаа дали би можеле за брзо време да го видиме во најсилната англиска конкуренција.

„Би сакал да работам во Англија, но не се гледам таму следниот јуни. Сакам да бидам во клуб кој може да направи големи работи и таков е тешко дас е најде. Не би одел во било кој клуб од Премиер лигата“, изјави Енрике.


Пјаниќ го пофали големиот талент на Јуве

Поранешниот фудбалер од средниот ред на Јувентус, Миралем Пјаниќ, зборуваше со пофални зборови за младиот играч, Николо Фаџоли, истовремено изразувајќи ја поддршката за тренерот Масимилијано Алегри кој го тренираше кај „бјанконерите“.

„Дури и кога Фаџоли тренираше со нас во првиот тим на 17 години, можеше да се види дека е подобар од другите младинци. Отсекогаш му се восхитував на Николо и не сум изненаден од тоа што го прави. Мора да продолжи на истиот начин. Го знам менталитетот на клубот и Алегри врши извонредна работа. Јувентус е втор по Наполи и верувам дека може да заврши во топ 4 и покрај казната од 15 бодови. Макс никогаш не се жали, тој е врвен тренер“, вели Пјаниќ.


Тоти: Наполи целосно ја заслужи титулата во Серија А

Alfredo Falcone

Легендарниот фудбалер на Рома, Франческо Тоти, проценува дека Наполи немал сериозен конкурент во трката за титулата во Серија „А“.

Составот предводен од Спалети има големи 19 бодови предност во однос на конкурентите и сигурно ќе биде новиот шампион на Италија.  

 „Наполи е добар тим со одличен тренер и тоа е навистина добра комбинација. Мислам дека имаа и среќа бидејќи немаа вистински конкурент“, изјави „принцот“ на Рим.


Горецка: Едвај чекам да дојдат двата меча на Баерн и Сити

Манчестер Сити и Баерн Минхен на 11 и 19 април ќе ги одиграат двата меча во фазата на елиминации во Лигата на фудбалските шампиони.

Првата средба ќе биде на „Етихад“ додека реваншот ќе се реализира на теренот на Баварците. Фудбалерот од средниот ред на Баерн Минхен, Леон Горецка, вели дека Манчестер Сити е најтешкиот противник со кој можеле да се соочат.

„Тоа е како финале пред финале. Сигурно ќе бидеме подготвени. Халанд? Интересно е како секогаш успева да се постави на вистинското место. Неговата способност за голови е запрепастувачка“, изјави Горецка.