feature

Куман може да смета на Де Лихт и Вербруген за дуелот со Гибралтар

Дефанзивецот Матијас де Лихт и голманот, Барт Вербруген, се вратија во кампот на Холандија откако се опоравија од вирусната инфекција.

Тие беа во групата од пет играчи кои мораа да го пропуштат воведниот меч од евро-квалификациите против Франција. Засега нема информации за состојбата на дефанзивецот Свен Ботман, напаѓачот Коди Гакпо и играчот од средниот ред Џои Ферман кој исто така има симптоми слични на грип.

Холандија вториот квалификациски меч ќе го одигра в понеделник на домашен терен со Гибралтар.


Дејвис: Јас сум познат губитник, осамен сум во Минхен

Алфонсо Дејвис даде загрижувачка изјава и изјави дека се чуствува многу осамено во Минхен.

Дејвис се етаблираше во еден од најдобрите леви бекови во Европа,  но очигледно не е задоволен од приватниот живот.

„Животот на професионален фудбалер е одличен за да се опуштите и уживате, но вистината е дека сум осамен. После тренинзите, немам што да правам во останатиот дел од денот. Бидејќи семејството и мојата девојка не се тука, навистина се чувствувам осамено. Најверојатно имам само пет вистински пријатели, јас сум познат и популарен губитник“, изјави Дејвис.

„Навистина е малку загрижувачки тоа што немам што да правам после тренинзите и натпреварите. Сите пријатели си имаат работа и се чувствувам осамено“, додаде Дејвис.


Тотенхем го бара Нагелсман за тренер

Според објавите на Скај Спортс, поранешниот тренер на Баерн Минхен, Јулијан Нагелсман, на крајот од сезоната би можел да седне на клупата на Тотенхем.

 Челниците на тимот од Минхен, пред неколку дена го сменаа Нагелсман и за нов тренер на екипата го назначија Томас Тухел.

Тотенхем, од друга страна го отпушти тренерот Антонио Конте, и клубот до крајот на сезоната ќе го води неговиот досегашен асистент, Кристијан Стелини.

Информациите на Скај Спорт велат дека претседателот на Тотенхем Даниел Леви, посакува за нов тренер да го доведе Нагелсман кој и порано беше споменуван како можен тренер на лондончани.

Тотенхем во моментот се наоѓа на четвртото место од премиерлигашката табела.


Тухел ќе пазари играчи од Челзи

Новиот тренер на Баерн Минхен, Томас Тухел, е подготвен да ангажира двајца фудбалери од својот поранешен клуб Челзи.

49-годишниот Тухел, во петокот на клупата на гигантот од Минхен го замени Јулијан Нагелсман. Претходно германскиот стручњак беше тренер на Челзи со кого стигна до трофеј во Лигата на шампионите, но потоа беше отпуштен поради лошите резултати на екипата.

Според „Калчомеркато“, Тухел е заинтересиран за двајца фудбалери на Челзи, за кои мисли дека ќе бидат одлични засилувања за Баерн. Според информациите се  работи за Едуард Менди и Матео Ковачиќ кои ова лето ќе бидат слободни играчи.

Сенегалскиот голман Менди, оваа сезона го загуби статусот на прв голман во Челзи од Кепа Аризабалага, додека Матео Ковачиќ не е повеќе во прв план кај тренерот Греам Потер. Вкупната цена за ангажман на двајцата играчи изнесува околу 45 милиони фунти.


Франческо Бањаја е победник на првата трка од новата сезона во Мото ГП

Актуелниот светски првак во Мото ГП шампионатот, возачот на Дукати, Франческо Бањаја, е победник на првата трка сезонава која се возеше во Алгавре, Португалија.

Шпанецот Бањаја на целта пристигна пред неговиот сонародник Маверик Вињалес кој беше втор, а како трет на победничкиот подиум се искачи Марко Бецекио од Италија.

Следната трка во Мото ГП шампионатот на програмата е втори април, а ќе се вози за Големата награда на Аргентина.


Сити му нуди на Халанд нов договор кој тешко се одбива

Англискиот весник „Сан“ пренесува дека раководството на фудбалскиот клуб Манчестер Сити е подготвено да му понуди нов договор на норвешкиот напаѓач Ерлинг Халанд.

Според информациите, платата која клубот ќе ја понуди со новиот договор ќе изнесува околу половина милион фунти неделно.

22-годишниот Халанд, во Манчестер Сити пристигна минатата година од Борусија Дортмунд за сума од 60 милиони евра, а во моментот неделно заработува околу 426 илјади евра. Голгетерот од Норвешка оваа сезона има постигнато 42 гола на 37 натпревари.

Актуелниот договор на Халанд со Манчестер Сити важи до 30.јуни 2027.година.


Тотетенхем ја прекина соработката со Конте

Италијанскиот тренер Антонио Конте, не е повеќе тренер на Тотенхем. Двете страни спогодбено ја прекинаа соработката која траеше 16 месеци.

Од клубот соопштија дека екипата до крајот на сезоната ќе ја води асистентот на Конте, Кристијан Стелини, а помошник ќе му биде поранешниот фудбалер Рајан Мејсон.

Тотенхем во моментот е на четвртата позиција во Премиер лигата, а веќе отпадна од сите куп натпреварувања за оваа сезона.

 Според некои информации, клубот во летниот период за нов тренер на екипата ќе избира помеѓу Аргентинецот Маурицио Почетино и Германецот Јулијан Нагелсман.


Мурињо сака три засилувања за да остане во Рома

Жозе Мурињо сака што поскоро да одржи состанок со сопствениците на Рома за да се реши неговата иднина, пишува „Кориере дело Спорт“. Актуелниот договор на Мурињо со Рома е до јуни 2024 година, но неговото име често се поврзува со други клубови како ПСЖ, Реал Мадрид, Челзи и други.

Италијанскиот весник тврди дека Мурињо сака што поскоро да го реши прашањето за својата иднина и тоа ќе зависи од амбициите на Рома. Португалскиот фудбалски стручњак сака да остане во римскиот клуб, но сака и клубот да покаже поголема амбиција кога се во прашање трансферите.

Ултиматумот на Мурињо е да се донесат три засилувања. Централен бек, играч за врска и напаѓач на местото на Абрахам, кој најверојатно ќе си замине во летниот преоден рок.

Финансискиот фер плеј е проблем за Рома и затоа е нејасно дали клубот ќе успее да ги исполни желбите на Португалецот.


Дончиќ казнет со 35.000 долари заради некоректниот гест кон судиите

Лука Дончиќ е казнет со 35.000 долари поради „грубо и непрофесионално однесување“ за гестот кон судиите во натпреварот против Голден Стејт.

На една секунда до крајот, Словенецот промаши шут за израмнување на дуелот со Дрејмонд Грин под обрачот.

Дончиќ очекуваше дека требаше да се досуди прекршок, но судиите не мислеа така. Словенечкиот кошаркар тогаш кон судиите направи гестикулација за пари, алудирајќи дека се потплатени против нив.

Ваквиот потег се смета за навреда за целата НБА лига, па затоа и Дончиќ доби казна. Во Далас можат да бидат среќни што не беше казнети и со одредена суспензија.


Модриќ: Сите ја знаат мојата желба, сакам да останам во Мадрид

Играчот од средниот ред на Реал, Лука Модриќ изјави дека сака да го продолжи договорот со клубот од Мадрид. Сите знаат дека мојата желба е да останам во Реал Мадрид. Верувам и се надевам дека тоа ќе биде така. Сè друго се гласини и шпекулации, изјави Модриќ.

Модриќ е во Реал Мадрид од 2012 година. Во сезоната 2022/23 тој постигна шест гола и пет асистенции на 37 натпревари во сите натпреварувања.

Договорот на 37-годишниот Хрват со клубот е со важност до крајот на јуни 2023 година.