feature

Грујиќ има понуди од два гиганти за трансфер налето

Марко Грујиќ игра одлична сезона во Порто и го привлече вниманието на неколку европски гиганти.

Најсилен интерес за играчот за врска покажуваат Манчестер Јунајтед и Милан, кои ќе се борат за неговиот потпис на лето.

Грујиќ пристигна во Ливерпул во 2016 година, но не се снајде на „Енфилд“,  а потоа се пресели во Порто кој го откупи неговиот договор за 12 милиони евра.

После одличната сезона, Порто за неговата слобода бара 35 милиони евра, па останува да видиме дали наведените клубови се спремни да ја платат таа сума.


Компани е прва опција за привремено решение на клупата на Тотенхем

Tренерот на Барнли каде што игра македонскиот репрезентативец, Дарко Чурлинов, Винсент Компани наводно е на мета на Тотенхем.

Како што е познато, Антонио Конте би можел и официјално да добие отказ од Тотенхем во следните два дена, а сопственикот Даниел Леви веќе бара алтернативи.

Претходно во неколку наврати се споменуваа Маурицио Почетино, па дури и Томас Тухел, а сега во приказната одеднаш влезе и Компани.

На Белгиецот му оди одлично во Чемпионшип и неговиот Барнли е пред ваќање во Премиер лигата. Компани има големи амбиции, но засега не е познато дали е подготвен да го напушти Барнли по првата сезона. Сепак, понуда од Тотенхем би можела да биде примамлива опција.

Треба да се напомене и дека Пеп Гвардиола по средбата со Барнли викендот во ФА Купот изјави дека очекува Компани во иднина да стане менаџер на Манчестер Сити, а Тотенхем секако би бил голем чекор напред кон таквата цел.


Барса ризикува да го загуби Гави без обештетување

Барселона потпиша нов договор со Гави, но шпанската Ла Лига одби да го регистрира со објаснување дека немаат доволно место во буџетот за плати за новите примања на фудбалерот.

Лигата одби да го ратификува новиот договор на 18-годишникот поради тешката финансиска состојба на клубот. Шпанскиот интернационалец ќе продолжи да игра со актуелниот договор како јуниор, според кој заработува многу малку пари.

Меѓутоа, најголем проблем за Барселона претставува фактот што на Гави на крајот на сезоната му истекува договорот, па може да си замине како слободен агент.

Ситуацијата будно ја следат клубовите од Премиер лигата, пред се Ливерпул и Манчестер Сити кои сакаат да ја искористат ситуацијата и му нудат многу повисока плата на младиот Шпанец.


Де Лаурентис: Осимен може да го напушти Наполи со обештетување од 170 милиони евра

Италијанските медиуми пренесуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис, соопштил оти напаѓачот Виктор Осимен вреди најмалку 170 милиони евра.

Според Де Лаурентис, ретко кој клуб од Европа во овој момент може да плати 170 милиони евра за Нигериецот, но првиот човек на Наполи вреди за секој цент.

Според медиумите од Италија, Осимен ќе биде еден од најбараните  фудбалери во летниот преоден рок, а најголем интерес за негов ангажман покажуваат Манчестер Јунајтед, Челзи и баерн Минхен.

Нигерискиот напаѓач е член на Наполи од 2020.година, а во Италија пристигна од Лил за 75 милиони евра.


Успешно пресадена ‘рскавица на левото колено на Лонзо Бол

Кошаркарот на Чикаго, Лонзо Бол, беше опериран во понеделникот за да му биде пресадена ‘рскавица на левото колено.

Според главниот тренер на Булс, Били Донован, оваа ретка процедура ќе му даде на Бол добри шанси да ја продолжи кариерата. Ниту еден НБА играч досега немал трансплантација на ‘рскавица.

„Фокусиран сум да се вратам на теренот со моите соиграчи. Тоа беше непријатен процес, но сигурен сум дека следните чекори се најдобриот пат за мене. Поддршката од семејството, пријателите, навивачите и медицинскиот персонал во текот на процесот на опоравување ме одржува да одам напред“, рече Бол.

Бол имаше три операции на коленото во последните 14 месеци.


Рома подготвена да го доведе Лукаку

Новинарски извори од Италија пренесуваат дека фудбалскиот клуб Рома ова лето подготвува продажба на Тами Абрахам, и како негова замена да го доведе Ромелу Лукаку.

Според проценките, од Рома за продажба на англискиот голгетер  во летниот преоден рок ќе побаруваат околу 40 милиони евра. Најзаинтересирани клубови за доведување на 25-годишниот Абрахам се споменуваат Астон Вила и Челзи.

Лукаку оваа сезона настапува за Интер како позајмен фудбалер на Челзи. Тој на крајот од сезонава нема да остане во клубот од Милано, а Челзи не го сака повторно во своите редови. Единствен проблем за Рома во обидот за доведување на Лукаку би била неговата висока плата.


Две понуди од Серија А за македонскиот „бисер“ Бојан Миовски

Бојан Миовски ова лето би можел да направи трансфер од Абердин во некој поголем клуб со оглед на тоа дека констатно се пишува за клубови кои покажече интерес за неговите услги.

Најновите информации од Шкотска на оваа тема се дека два клуба од Серија А покажале интерес за Миовски и неговиот соиграч, Дук. Во прашање биле Болоња и Специја, двата клачолигаши сакаат во пакет да го донесат танмдемот на Абердин.

Дук и Миовски искомбинираа 32 гола сезонава, македонскиот напаѓач постигна 17, додека Дук додаде 15. Медиумот „Абердин Лајв“ и дава предност на Болоња затоа што Специја се уште не е сигурна дека ќе и следната сезона ќе биде во друштво на најдобрите во Италија.

Треба да се спомене и дека Луис Фергсуон во 2020 година од Абердин се пресели токму во Болоња, па така веќе постои комуникација помеѓу двата клуба. Претходно со името на Миовски се поврзуваше и Лацио, но тука беа уште Саутемптон од Англија и Ремс од Франција.


Пропадна долго најавуваната борба Фјури – Усик

Долго најавуваната борба меѓу Тајсон Фјури и Александар Усик по се изгледа нема да се случи. Планирана за 29 април на Вембли, борбата како што сега стојат работите нема шанси да се одржи.

Егис Климас, менаџерот на Александар Усик, истакна дека неговиот тим ги прифатил сите услови, но дека постојано се бара нешто ново од него.

„Колку и да попуштаме, тие бараат повеќе. Се договоривме да ги поделиме парите 70:30 во корист на Фјури, се договоривме дека нема клаузула за реванш, но тоа очигледно не е доволно и Фјури бара начини да ја избегне борбата“, изјави Климас.

Како што истакнува менаџерот на Усик, одложување на терминот нема да има.

Усик е сопственик на појасот во IBF, WBO и WBA верзијата, додека Фјури е шампион во верзијата WBC.


Врсаљко ја заврши кариерата во 31 година од животот

Хрватскиот фудбалер Шиме Врсаљко одлучи да стави крај на својата играчка кариера на 31 година. Врсаљко во својата богата играчка кариера настапуваше за повеќе клубови: Динамо, Локомотива, Џенова, Сасуоло, Атлетико Мадрид, Интер и на крај грчки Олимпијакос.

Тој беше еден од најдобрите хрватски играчи на Светското првенство во Русија 2018 година, каде што „коцкестите“ го освоија среброто. За хрватската репрезентација имаше вкупно 52 настапи, а дебитираше на 9 февруари 2011 година. Минатата година се повлече од настапи во националниот тим.


Дориан Бабунски заради повреда ќе го скокне дуелот со Малта

За денешниот меч со Малта, македонската фудбалска репрезентација ќе биде без еден од напаѓачите кои се во одлична форма во изминатиов период, Доријан Бабунски. Според селекторот Милевски, Доријан поради повреда отпаѓа од комбинација за настап.

„За жал, Доријан има повреда на бутот која ја здобил на последниот првенствен меч и после снимките завчера и вчера, нема да може да се стави во функција за овој меч. Ќе мора да почекаме на следниот собир за да го имаме во тимот. Сите останати се здрави“, рече селекторот Благоја Милевски на денешната прес-конференција.