feature

Куртоа: Барса е многу блиску до титулата

Фудбалерите на Реал Мадрид доцна синоќа загубија на теренот на Барселона со 2-1 по што заостануваат големи 12 бодови во однос на Каталонците во трката за шампионската титула.  

Математика вели дека Барса речиси сигурно ќе биде шампион на Ла Лига бидејќи е тешко за очекување дека Реал ќе ја надополни негативата во последните 12 кола. Тоа на некој начин го потврдува и изјавата на голманот на „белите“. Мора да сме искрени и реални. Барса има четири меча предност така да тешко дека ќе ја одбраниме титулата. Можеме да ја освоиме Лигата на шампионите и Кралскиот куп“, рече интернационалецот од Белгија.


Јокиќ со историски бројки во НБА, го надмина и легендарниот Чембрлејн

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ  испиша нова страница во историјата на НБА лигата. Играчот на Денвер го надмина и легендарниот Вилт Чембрлејн.

Јокиќ влезе во историјата после остварениот трипл-дабл против Бруклин Нетс, кога постигна 22 поени, 17, скока и 10 асистенции.

Со овај учинок, Јокиќ го надмина Чембрлејн откако постигна 20 трипл-дабл поени во сезоната со најмалку 60 проценти шут од игра.


Тен Хег ќе го менува голманот, Белгиец ќе го замени Де Геа

Манчестер јунајтед игра променливо оваа сезона, но со подобри резултати од претходните сезони, па сега тренерот Ерик Тен Хаг сака дополнително да го засили составот.

Голманот Давид Де Геа е прв чувар на мрежата на „ѓаволите“, но Тен Хаг сака да донесе негов наследник и наводно изборот паднал на голманот на Андерхелхт, Барт Вербруген.

Овој 20-годишен голман стана прв голман на Андерлехт по Светското првенство, а сега „ѓаволите“ ќе се обидат да го купат за само 10 милиони евра.


Одбројани деновите на Конте во Тотенхем

Менаџерот на Тотенхем, Антонио Конте ги разгневил некои од главните играчи на тимот со коментарите после мечот со Саутемптон.

Конте отворено ги нападна фудбалерите дека немаат карактер и дека се себични, а упати критики и до сопственикот на клубот. Конте смета дека токму тоа е причина за недостатокот на титули, па неговите зборови предизвикаа „лавина“ во сите структури на клубот.

Според англиските медиуми фудбалерите знаат дека следната сезона ќе имаат нов менаџер, но некои од ѕвездите сакаат Конте да добие отказ веднаш. Следниот меч Тотенхем го игра на трети април против Евертон, па репрезентативната пауза е идеална за тренерска смена.

Последната одлука секако е на претседателот Даниел Леви, кој треба да одлучи дали да ја заврши сезоната со Конте на кормилото или веднаш да му врачи отказ.

Бордот на директори побарал објаснување од Конте, па во наредните денови ќе биде донесена одлука да неговата иднина.


Чачиќ: Адеми заминува за финансиски да го осигура семејството

Динамо има убедлива предност на табелата како првопласиран тим во Хрватска, но бидејќи влезе во лоша серија од едно реми и два порази во низа, шампионот ќе мора да се докажува утре во големото дерби против Ријека.

Големото дерби кое ќе се игра на „Максимир“ ќе има посебен шмек во Загреб и поради прошталниот меч кој ќе го одигра Аријан Адеми, кој 24 часа по утрешниот меч ќе биде во Кина, каде веќе си договори трансфер за заработка од 1,65 милион евра по сезона.

„Сега ни доаѓа ера без Адеми во тимот и ќе мора да се навикнеме на тоа. Утре ќе го одигра прошталниот меч, ќе стави крај на своите најдобри 13 години. 13 години му посвети на Динамо и сега ние му ја исполнуваме желбата. Сакаше финансиски да ја осигура иднината на своето семејство и сака да се прости од Динамо додека е на врвот.

Не сака да биде товар за клубот за година или две, Аријан е наша легенда, пример за сите соиграчи. Благодарни сме му за се, навистина заслужи од секој аспект да биде испратен онака како што заслужува. Ќе направиме се прошталниот меч да го памети по добро“, изјави тренерот Анте Чачиќ.


Американците не губат надеж дека Новак ќе заигра на УС Опен

Новак Ѓоковиќ втора година по ред не може да влезе во САД затоа што не е вакциниран против ковид-19, па поради тоа ги пропушти Мастерсите во Мајами и Индијан Велс, но сите се надеваат дека тој ќе може да настапи на Ју-Ес Опен.

Американците ќе ги променат правилата за влез на невакцинирани лица во САД во мај, па така Ѓоковиќ би можел да добие дозвола за настап на Мастерсот во Синсинати и гренслем-турнирот Ју-Ес Опен.

Тениската асоцијација на САД се надева дека Ѓоковиќ ќе ја добие дозволата и ќе заигра на турнирите.

„Правилата за влез во САД ги одредува Белата куќа. Се надеваме дека Ѓоковиќ ќе добие шанса да игра на турнирите затоа што САД ќе укине дел од правилата или ќе ги намали мерките“, кажа Крис Видмајер од тениската асоцијација.

Ѓоковиќ минатата година ги пропушти Австралијан опен и Ју-Ес Опен зашто не е вакциниран.


Рибери го советува Баерн да го купи Осимен

Франк Рибери принудно ја заврши својата кариера оваа сезона поради хронична повреда на коленото, потег кој сепак не влијаеше врз неговата иднина во италијанскиот фудбал.

Иако се збогуваше со навивачите на Салернината како играч, Рибери остана во стручниот штаб на овој калчолигаш и сега извршува директорска улога, а како човек кој веќе ги научи вредностите на италијанскиот фудбал, смета дека доволно знае за да дели и совети.

Во ексклузивното интервју кое го направи за „Газета дело Спорт“, легендарното француско крило добива прашање поврзано за Баерн Минхен, односно каде гледа дека би можел да се засили тимот на Јулијан Нагелсман.

Рибери е убеден дека на Баерн му недостасува врвен голгетер како замена за Левандовски, но уште посигурен е дека идеално решение би бил Виктор Осимен.

„Виктор Осимен е играчот кој би го препорачал за Баерн. Тој би бил најдобро решение за Баерн во нападот“, кратко и јасно порачува Рибери.


Севиља му подготви отказ на Сампаоли

Според информациите од медиумите во Шпанија, фудбалскиот клуб Севиља ќе ја прекини соработката со тренерот Сампаоли.

Отказот следува поради лошите резултати кои клубот од Андалузија ги забележува во последниов период. Ова значи дека Аргентинецот нема да ја води екипата на преостанатите 12 натпревари во Примера, како и на четвртфиналето од Лига Европа против Манчестер Јунајтед.

После поразот во првенствениот дуел од Хетафе, Севиља се наоѓа на два бода од зоната на испаѓање  од лигата.


Ибрахимовиќ: Не размислувам за пензија

„Скај Италија“ пренесува дека голгетерот на Милан, Златан Ибрахимовиќ, изјавил оти се уште не размислува за пензија.

Фудбалерите на Милан забележаа првенствен пораз од Удинезе со 3:1, а единствениот гол за популарните „росонери“ го постигна Ибрахимовиќ од пенал. Со овај гол Ибра стана највозрасниот стрелец во историјата на Серија А.

Во изјава после натпреварот, Ибрахимовиќ рече дека е горд што е дел од историјата на гигант како Милан, но сепак жали што голот кој го постигна не беше доволен за поволен резултат на екипата.

“Ако бидам во добра форма, сакам да продолжам да играм. Оние кои одат во пензија а се чувствуваат спремно, најчесто зажалуваат за одлуката. Јас не размислувам за прекин на кариерата и среќен сум во Милано“, потенцира Ибрахимовиќ кој во октомври ќе наполни 42.години.


Баерн Минхен посакува потпис со Лаутаро Мартинез

Според пишувањата на „Калчомеркатовеб“, Баерн Минхен е во потрага по нов напаѓач за тимот, и челниците на клубот посакуваат потпис со Душан Влаховиќ или Лаутаро Мартинез.

Баварците неодамна го продолжија договорот со првиот напаѓач на екипата Ерик Максим Чупо-Мотинг, но тренерот Јулијан Нагелсман посакува доведување на дополнителен напаѓач кој би бил партнер на Камерунецот во нападот.

Лаутаро Мартинез неодамна изјави дека бара ново искуство и нова екипа со која би го заменил Интер, и не се исклучува можноста на лето да ги засили Баварците.