feature

Ѓоковиќ го потврди учеството на Мастерсот во Монте Карло

Новак Ѓоковиќ не игра на Мастерсите во Индијан Велс и Мајами
затоа што не доби дозвола за влез во САД, а на терените ќе се врати

дури во април.
Негов следен турнир ќе биде Мастерсот во Монте Карло, кој ќе почне
на 8 април и тоа е турнир кој го освоил само двапати во неговата
кариера.
Ѓоковиќ го освои трофејот во 2013 и 2015 година во Монако, по што
следеше големиот „пост“ и сега ќе се обиде да го прекине.
Засега не е познато дали во Монте Карло ќе настапи Рафаел Надал,
кој е рекордер со 11 титули на турнирот.


Французинот Мењан е потенцијалната замена за Лорис во Тотенхем

Тотенхем е силно заинтересиран за голманот на Милан и француски
репрезентативец , Мајк Мењан.
Уго Лорис е на залез на кариера, па Тотенхем ја почна потрагата по
негов наследник, а прв избор е токму Мењан.
Мењан минатата сезона со Милан ја освои титулата и се етаблираше
во еден од најдобрите голмани во Европа. „Спарси“ се спремни да
понудат 40 милиони евра за неговиот потпис, но Милан тешко дека ќе
прифати да го продаде Французинот.
„Росонерите“ се спремни да ја одбијат секоја понуда која ќе пристигне
за голманот и веќе спремаат нов договор за Мењан.


Педри ја обнови повредата, ќе го прескокне првото пролетно „Ел Класико“

Барселона во недела ја чека „Ел Класико“ против Реал Мадрид, а
непосредно пред натпреварот со големиот ривал, тимот на Чави доби
лоши вести.
Имено, одличниот Педри нема да биде спремен да настапи во овој
дуел. Педри не го издржал денешниот тренинг и тоа значи дека нема
да биде спремен.
Младиот фудбалер е еден од клучните фудбалери на Барселона, па
сигурно дека ова ќе биде удар за Чави и неговиот тим.
Има и Реал свои проблеми затоа што Карим Бензема е неизвесен за
настап.


Гвардиола со неморална понуда сака да го „украде“ Тео Хернандез од Милан

Манчестер Сити е силно заинтересиран за левиот бек на Милан, Тео
Хернандес, пренесуваат медиумите на Островот.
Гвардиола е во потрага по квалитетен лев бек и често импровизира на
таа позиција оваа сезона, па тоа ќе биде приоритет во летниот
преоден рок. Французинот игра фантастично и се етаблираше во еден
од најдобрите леви бекови во Ервопа, па е прва желба на Гвардиола.
„Граѓаните“ се спремни да понудат 60 милиони фунти за неговиот
потпис, но Милан не сака да слушне за негова продажба.
Тео неодамна стави потпис на нов договор до 2026 година и
„росонерите“ се спремни да ја одбијат секоја понуда


Aртета ќе понуди 70 милиони евра за Муса Диаби

Арсенал спрема големо засилување во нападот во летниот преоден
рок.
Англиските медиуми пренесуваат дека прва желба е ѕвездата на Баер
Леверкузен, Муса Диаби, кого Арсенал го сакаше и во зимскиот
преоден рок. 23-годишниот крилен напаѓач игра фантастично и го
привлече вниманието на многу европски гиганти, но Арсенал сака да
ја победи конкуренцијата.
Французинот во досегашниот дел од сезоната има 12 гола и 7
асистенции, но Леверкузен за неговата слобода бара 100 милиони
евра.
Арсенал ја загуби битката за Мудрик, па сега ќе направи се за да го
доведе Дијаби, а за неговиот потпис е спремен да плати 70 милиони
евра.


Мбапе ќе биде капитен на новата француска репрезентација

Селекторот на Франција, Дидие Дешамп проговори за можноста
напаѓачот Килијан Мбапе и играчот од средниот ред Адриен Рабио да
станат нови капитени на националниот тим.
„Кој ќе биде капитен? Имам неколку играчи на кои размислувам.
Килијан е еден од нив. Треба да разговарам за ова со него пред да ја
донесам мојата одлука. Ова е клучен момент. Да се ​​биде капитен
доаѓа со важни обврски, но прво сакам да разговарам со играчот пред
да донесам одлука. Може ли Адриен Рабиот да биде капитен? Има
одредено искуство, добро се познаваме, може да биде лидер, но не
знам дали навистина сака да биде капитен во душата. Ако сè остане
како што е сега, тогаш ова веќе ќе биде доволно. Различни капитени
за различни натпревари? Можеби, но претпочитам да делам помеѓу
капитенот и заменик-капитенот, имајќи јасен избор“, изјави Дидие
Дешамп.


Интер налето го продава Брозовиќ, Хрватот сака да остане во Италија

Интер на лето е спремен да го продаде Марсело Брозовиќ. Хрватот оваа сезона не е во добра форма и поради повреда често е надвор од терените. Тренерот Инзаги на неговата позиција го стави Чалханоглу, кој одлично го замени Брозовиќ.

Хрватот е еден од најплатените фудбалери во тимот, има договор до 2026 година, па Интер е спремен да го продаде на лето.

Италијанските медиуми пренесуваат дека најсилен интерес за него покажува Јувентус, а и самиот Брозовиќ сака да остане во Италија.


Ајакс сака да го врати Хаким Зијеш

Фудбалерот на Челзи, Хаким Зијеш, може да се врати во неговиот претходен состав, Ајакс, велат последните информации од Англија.

„Копјаниците“ и во претходното лето сакаа да го ангажираат Мароканецот но, „сините“ не се согласија со условите за трансфер.

Брзоногиот напаѓач кој не успеа да се наметне на „Стемфорд Бриџ“, претходно имаше одлична кариера во Ајакс. Тој за 4 години забележа 165 мечеви со ефект од 49 гола и 81 асистенција.


Челзи нема да го откупи Денис Закарија од Јувентус

Челзи нема да го откупи Денис Закарија, кој пристигна на „Стенфорд Бриџ“ на позајмица од Јувентус.

26-годишниот играч за врска пристигна на „Стенфорд Бриџ“ од Јувентус во последните денови од летниот преодниот рок. И покрај многуте повредени фудбалери во средниот ред Закарија не добива голема минутажа во Челзи.

Швајцарецот не е во плановите на тренерот, па Челзи нема да ја искористи опцијата за откуп и ќе го врати во Јувентус.

Јасно е дека за него во Јувентус нема место во моментов, па ќе мора на лето да си бара нов клуб.


Конте: Тотенхем сака Кејн да ја заврши кариерата во нашиот клуб

Тренерот на Тотенхем, Антонио Конте изјави дека клубот сака напаѓачот Хари Кејн да ја заврши кариерата во лондонскиот тим.

„Иднината на Хари? Мислам дека ова е прашање за клубот. Сигурен сум дека раководството сака да го задржи Хари Кејн до крајот на неговата кариера. Затоа што кога имате таков играч, напаѓач од светска класа како него, сакате тој да остане тука до крајот на кариерата. Од друга страна, знаете фудбалот понекогаш е непредвидлив, но јас не сум тој што треба да одлучува за ова прашање. Оваа одлука ќе остане кај клубот и самиот Хари“, изјави Конте за „Скај Спортс“.

Актуелниот договор на Хари Кејн со Тотенхем е до летото 2024 година. 29-годишниот напаѓач сезонава забележа 27 настапи во англиската Премиер лига, постигна 20 гола и имаше две асистенции.