feature

Aртета го сака Бразилецот Пепе во Арсенал

Луѓето од Арсенал испратиле скаути да го следат настапот на  бразилското крило Пепе на мечот со Интер во Лигата на шампионите.

26-годишниот фудбалер на Порто дефинитивно влегува во радарот на Микел Артета кој има одредени проблеми по страничните позиции. Пепе по дефиниција е десно крило но, може да игра и на левата страна.

Тој откако пристигна на „Драгао“ во 2021 година, има 84 настапи, 11 голови и 14 асистенции.


Белингам решава за својата иднина до крајот на овој месец

Спортскиот директор на Борусија Дортмунд, Себастијан Кел неодамна изјави дека клубот ќе се обиде да го задржи Џуд Белингам.

Белингам се етаблираше во еден од најголемите европски таленти, па гигантите водат голема битка за неговиот потпис. Германските медиуми пренсуваат дека раководството на Дортмунд ќе има средба со Белингам после паузата за репрезентации и се очекува конечна одука на фудбалерот.

Во Дортмунд веруваат дека шансите за негово останување се 50/50 бидејќи му доставија богата понуда за продолжување на соработката.

Меѓутоа, Белингам има понуди од Реал Мадрид, Манчестер Сити и Ливерпул, па конечната одлука ќе ја донесе на крајот на месецот.


Мајкл Џордан го продава Шарлот Хорнетс

Легендарниот Мајкл Џордан одлучи да го продаде својот мнозински удел во НБА тимот Шарлот Хорнетс.

Според објавите во американските медиуми, Џордан веќе започнал преговори со групацијата која е предводена од малцинскиот сопственик на Шарлот, Гејб Плоткин, неговиот соработник од Атланта Хоукс, Рик Шнал.

Мајкл Џордан кој според многумина е најдобар кошаркар на сите времиња, е единствениот црнец кој е мнозински сопственик на тим од НБА лигата. Тој во 2010 година плати 275 милиони долари за управувачкиот пакет во Шарлот Хорнетс. Проценките се дека моменталната вредност на оваа НБА франшиза изнесува 1,7 милијарди долари.


Бензема добива нов договор, останува во Мадрид најмалку до 2024 година

Еден од најважните играчи на „кралевите“, Карим Бензема наскоро ќе стави потпис на нов договор.

Францускиот напаѓач има право да преговара со други клубови, бидејќи влезе во последните шест месеци од актуелниот договор. Меѓутоа, 35-годишниот Бензема ги одбил сите други понуди и ќе го продолжи договорот со Реал Мадрид.

Шпанските медиуми пренесуваат дека Реал и Бензема постигнале договор и наскоро Французинот ќе стави потпис на договор до 2024 година.

Бензема и следната сезоната ќе ира во „кралскиот“ клуб, а тоа ќе биде негова 15-та сезона на „Сантиаго Бернабеу“.


Саутгејт го повика Ајван Тони за стартот на квалификациите

Селекторот на англиската фудбалска репрезентација Герет Саутгејт го објави составот за претстојните натпревари од квалификациите за ЕП 2024 со селекциите на Италија и Украина.

Голмани: Џордан Пикфорд, Ник Поуп, Арон Рамсдејл.

Одбрана: Бенџамин Чилвел, Ерик Даер, Марк Гехи, Рис Џејмс, Хари Мегваер, Лук Шоу, Џон Стоунс, Киран Трипиер, Кајл Вокер.

Средент ред: Џад Белингем, Конор Галагер, Џордан Хендерсон, Џејмс Медисон, Мејсон Маунт, Калвин Филипс, Деклан Рајс.

Напад: Фил Фоуден, Џек Гралиш, Хари Кејн, Маркус Рашфорд, Букајо Сака, Ајван Тони.


Бешикташ го суспендира Деле Али, Англичанецот нема да игра до крајот на сезоната

Англискиот играч за врска на Евертон Деле Али, кој настапува како позајмен играч во Бешикташ, е суспендиран од учество на натпревари и тренинзи на турскиот тим со одлука на тренерот Шенол Гунеш, објавија медиумите во Турција.

Според истите, Гунеш нема да го вклучи Англичанецот ниту во првиот тим на Бешикташ за ниту еден од преостанатите натпревари до крајот на сезоната. Али ќе ја следи својата екипа од трибините до летото кога треба да се врати во Евертон.

За време на неговата позајмица во Бешикташ, 26-годишниот играч од средниот ред настапи на 15 натпревари во сите натпреварувања, постигнувајќи три гола. Али на теренот мина само 830 минути. Во јуни му завршува договорот за позајмица и ќе треба да с еврати во Евертон.


Дешамп ги повика двата браќа Турам за стартот на квалификациите

Селекторот на Франција, Дидие Дешамп го објави составот за квалификациите за УЕФА ЕП 2024 во Германија. Франција ќе игра со Холандија на 24 март, а со Ирска на 27 март.

Голмани: Алфонс Ареола (Вест Хем), Мик Мејнен (Милан), Брис Самба (Ленс).

Одбрана : Едуардо Камавинга (Реал Мадрид), Весли Фофана (Челзи), Тео Ернандез (Милан), Ибрахим Конате (Ливерпул), Жил Кунде (Барселона), Бенжамин Павард (Баерн), Вилијам Салиба (Арсенал), Дајот Упамекано (Баерн).

Среден ред: Јусуф Фофана (Монако), Адриен Рабио (Јувентус), Аурелиен Чуамени (Реал Мадрид), Кефрен Турам (Ница), Џордан Веретаут (Марсеј).

Напад : Кингсли Коман (Баерн), Муса Диаби (Баер 04), Оливие Жиру (Милан), Антоан Гризман (Атлетико Мадрид), Рандал Коло Муани (Ајнтрахт Франкфурт), Килијан Мбапе (ПСЖ), Маркус Турам (Борусија Менхенгладбах).


Кристал Палас го отпушти тренерот Виера

Премиерлигашот Кристал Палас одлучи да му даде отказ на тренерот Патрик Виера. Одлуката за смена на францускиот стратег доаѓа после серијата на лоши резулати на клубот кој има низа од 12 натпревари без победа.

Кристал Палас се наоѓа на 12 позиција од табелата во Премиер лигата, и има само три бода повеќе од Бурнмаут кој е на границата од зоната за испаѓање.

Патрик Виера го презеде Кристал Палас пред стартот сезоната 2021/22 кога екипата заврши на 12. позиција. Екипата остана без тренер пред неделното гостување против Арсенал.


Сари го крена гласот против турбо-календарот

Маурицио Сари, тренерот на Лацио, не крие дека е крајно разочаран од политиката која владее во европскиот и светскиот фудбал.

„Ние играме на секои три дена од трети јануари поради лудоста која беше направена со Светското првенство. Тоа придонесува да гледаме повреди и лош фудбал“ – вели Сари.

„Треба да бидам среќен што сум блиску до пензионирање“, изјави тренерот на „римските орли“.


Хуан Алварез го продолжи договорот со Манчестер Сити до 2028 година

Шампионот на Премиер лигата, Манчестер Сити, денес објави дека го продолжи договорот со напаѓачот Хулиан Алварез.

Освојувачот на титулата со Аргентина на Мундијалот во Катар, се обврза на едногодишно продолжување на неговиот договор, што значи дека тој ќе остане во Сити до 2028 година.

Од клубот соопштуваат дека се сигурни оти 23-годишниот Алварез во иднина ќе има позначајна улога во нападот на екипата покрај одличниот Ерлинг Халанд.

Алварез во дресот на Манчестер Сити има одиграно 33 натпревари, а постигна 10 гола.

https://twitter.com/ManCity/status/1636448311501545474?s=20