feature

Павард се предмисли, сега сака да остане во Минхен

Францускиот фудбалер на Баерн Минхен Бенжамин Павард најверојатно ќе го продолжи договорот со клубот, ова го пренесува „Скај Спортс“.

Претходно беше објавено дека 24-годишниот Павард, чиј договор со клубот од Минхен истекува во летото 2024 година, сака да се обиде во друг тим. Гласините го поврзуваа светскиот шампион од 2018 година со Манчестер Јунајтед и Барселона. Имаше информации дека претставници на Бенжамин му кажале на шпанскиот клуб дека нивниот клиент има намера да игра во нивниот тим.

Сепак, според „Скај Спортс“, сега претставници на Павард се насочуваат кон опцијата за продолжување на договорот. Се најавува дека двете страни не преговарале, но Баерн е задоволен што играчот се предомислил и најверојатно ќе му понуди нов договор.


Санчез не успеа во ПСЖ, од следното лето се сели во Англија

Ренато Санчез ова лето имаше многу понуди, но на крајот се одлучи за Пари Сент Жермен.

Меѓутоа, Португалецот не добива голема минутажа во Париз и главно ја грее клупата за резерви, па не доби повик и за Мундијалот. Бидејќи не може да се избори со големата конкуренција во ПСЖ, Санчез е спремен да ја промени средината на крајот на сезоната.

Најсилен интерес за него покажуваат неколу клубови од Премиер лигата кои веќе стапиле во контакт со неговиот агент.

ПСЖ за него плати 15 милиони евра минатото лето, па е спремен да го пушти за истата сума, што нема да биде проблем за англиските клубови.


Италија воведува Ф4 на Суперкупот од следната сезона

Серија А го одобри новиот формат за Италијанскиот Суперкуп, во кој од 2024 ќе се игра слично како и во шпанскиот фудбал, односно „фајнaл-фор“.

Италијанската фудбалска федерација решила да го прифати шпанскиот модел, па наместо еден натпревар, ќе биде организиран мини турнир со четири клуба. Покрај шампионот и победникот во Купот, учество ќе обезбедат и второпласираниот тим во Серија А, односно финалистот на Купот.

Интер ќе ја брани титулата, откако со 3-0 го совладаа Милан во Суперкупот во јануари во Ријад, Саудиска Арабија.


Спалети го наполни со комплименти Квича Кварацкелија

Фудбалерот на Наполи, Квича Кварацкелија, направи мајсторија на мечот со Аталанта со што потсети на дриблинзите што на времето ги имаше легендата на клубот, Диего Армандо Марадона.

Потврда за тоа дојде и од тренерот, Лучиано Спалети, кој не крие дека е импресиониран од партиите на Грузиецот.

„Има работи во фудбалот кои ретко се гледаат а Кварацхелија ни презентираше такво нешто во изминатиот викенд. Може да се каже дека тоа беше гол во стилот на Марадона“, потенцираше Спалети.


Арсенал го продолжува договорот со Џака

Според пишувањата во англиските медиуми, фудбалскиот клуб Арсенал е блиску до продолжување на постоечкиот договор со Гранит Џака.

30-годишниот Швајцарец, има важечки договор со лондонскиот клуб до 2024.година, но има клаузула која му овозможува продолжување на истиот на уште една година. Тренерот на Арсенал, Микел Артета се надева дека клубот ќе го награди Џака за неговите одлични игри во досегашната сезона, и во трката за титула во Премеир лигата.

Одлуката за продолжување на договорот со Џака нема да ги поремети плановите на челниците на Арсенал за поднесување понуда од 80 милиони фунти за трансфер на Деклан Рајс од Вест Хем.


Пет клубови од Премиер лигата заинтересирани за Палиња

Англиските медиуми пренесуваат дека фудбалерот на Фулам, Жоао Палиња е трансфер цел на пет клубови од Премиер лигата.

27-годишниот Палиња е член на Фулам од минатото лето кога пристигна за сума од 20 милиони фунти. Тој со неговите одлични игри за тимот од „Крејвен котиџ“, го привлече вниманието од најдобрите тимови во Премиер лигата.

Информациите велат дека Манчестер Јунајтед , Њукасл, Ливерпул, Арсенал и Челзи се заинтересирани за доведување на португалскиот играч од средината на теренот.

Како единствена пречка за трансфер на Палиња во некој од наведените клубови е неговиот актуелен договор со Фулам кој е со важност до 2027.година.


Челзи и Њукасл посакуваат ангажман на Рафиња од Барселона

Клубовите од Премиер лигата, Челзи и Арсенал, се во трка по потписот на крилниот напаѓач на Барселона, Рафиња.

26 годишниот бразилски интернационалец минатото лето направи трансфер од Лидс Јунајтед во Барселона за сума од 55 милиони фунти.

Рафиња има значајна улога во игрите на каталонците оваа сезона, меѓутоа поради пробелмите со финансиите и средување на паричниот баланс, челниците на клубот планираат продажба на Бразилецот.

Според англискиот Дејли Мејл, Челзи и Њукасл во Рафиња гледаат одлична солуција за засилување на нападот на овие тимови, и нахверојатно во летниот трансфер период ќе испратат официјални понуди за купување на фудбалерот.


Најдобриот фудбалер на Атлетик Билбао се сели на „Камп Ноу“

Барселона постигнала договор со дефанзивецот на Атлетик Билбао, Иниго Мартинес, пренесува „Спорт“.

Дефанзивецот беше трансферна цел на Барселона и минатото лето, но трансферот не се реализираше бидејќи Каталонците успеаа да го договорат Жил Кунде. Меѓутоа, Чави не се откажува од Мартинес и сака да го доведе на „Камп Ноу“ по завршување на сезоната.

Мартинес на крајот на сезоната ќе биде слободен агент, а последните информации се дека Барселона постигнала договор со неговиот агент.

Дефанзивецот ќе пристигне на „Камп Ноу“ без обештетување и ќе биде прво засилување за каталонскиот гигант.


Линделоф од Манчестер Јунајтед е замената за Шкрињар во Интер

Приоритет на Интер во летниот преоден рок ќе биде доведување на дефанзивец, пренесуваат италијанските медиуми.

Шкриниар заминува како слободен агент, Де Врај исто така е на излезна врата, па „нероаѕурите“ сакаат да доведат најмалку еден квалитетен дефанзивец. Новинарот Фабрицио Романо пренесува дека на врвот на списокот желби се наоѓа дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Виктор Линделоф.

Јунајтед ги одбил сите понуди за трансфер на 28-годишниот шведски репрезентативец во зимскиот преоден рок, но е спремен да го пушти на лето.

Договорот на Линделоф истекува во јуни 2024 година, а Интер е спремен да понуди 15 милиони евра за неговиот потпис.


Реал ќе го замени Анчелоти со Раул

Поранешниот напаѓач на Реал Мадрид, Раул Гонзалез, кој моментално е на чело на Реал Кастиља, вториот тим на Реал Мадрид, би можел да стане тренер на првиот тим по заминувањето на Карло Анчелоти, објави „АС“.

Според изворот, работата на Раул како главен тренер на Реал Кастиља предизвикала интерес кај екипи од Премиер лигата, Германија, како и Реал Мадрид. Раул е сериозна алтернатива на Анчелоти, чиј договор со Реал Мадрид истекува во 2024 година.

Реал Мадрид го смета Раул како главен кандидат за замена на Анчелоти. Забележано е и дека фактот што Раул го тренира резервниот тим на Реал Мадрид ја смирува управата на клубот во случај Анчелоти да одлучи да ја води бразилската репрезентација.

По 25 кола од шампионатот на Шпанија Реал го зазема второто место на табелата со 56 бодови.