feature

Тотенхем размислува за враќање на Почетино

Како што пренесуваат медиумите од Англија, фудбалскиот клуб Тотенхем размислува за повторно назначување за тренер на Аргентинецот Маурицио Почетино.

Почетино во моментот е без ангажман, откако претходно ја заврши соработката со францускиот шампион Париз Сен Жермен.

Аргентинскиот стручњак на клупата би го наследил сегашниот тренер на Тотенхем, Антонио Конте, на кого на лето му завршува договорот со клубот. Англискиот премиерлигаш вчера го заврши својот настап во Лигата на шампионите, после елиминацијата од Милан. Раководството на клубот во повеќе наврати изрази незадоволство од постигнатите резултати и најверојатно ќе ја заврши соработката со Конте.

Почетино беше тренер на Тотенхем од 2014. до 2019.година, и со клубот има пласман во едно финале од Лигата на шампионите. Тој ужива голема доверба од навивачите на овај лондонски клуб.


Еурофарм Пелистер го претстави новиот стручен штаб

Раководството на македонскиот ракометен вицепрвак, Еурофарм Пелистер, го претстви новиот стручен штаб кој беше назначен после отказот на сега веќе поранешниот тренер, Данецот Ларс Валтер.

Битолскиот клуб до крајот на сезоната од клупата ќе го водат Александар Јовиќ како главен тренер и Звонко Шундовски, кој е поставен за стручен тим-менаџер на тимот.

На своето прво претставување пред играчите на екипата, Јовиќ и Шундовски потенцираа дека цел на клубот е освојување на двојната круна во домашното првенство, и пласман на фајнал-фор од СЕХА лигата.

Свое обраќање пред тренерите и играчите имаше и првиот човек на клубот, Зоран Стерјев.


Асенсио ќе го издаде Реал и ќе потпише за Барса

Марко Асенсио на крајот на сезоната најверојатно ќе го напушти Реал Мадрид, но би можел да направи шокантен трансфер.

„Кралевите“ сакаат да го задржат Асенсио, на кого му истекува договорот на крајот на сезоната, меѓутоа му нудат договор со пониска плата од актуелната. Поради тоа големи се шансите Шпанецот да си замине како слободен агент, а неговиот агент Жорж Мендеш го понудил на Барселона.

Каталонците сакаат да ја искористат шансата и да го доведат без обештетување, а Асенсио е спремен да слушне понуда од големиот ривал.


Јуве го враќа Донарума во Серија А?

Џанлуиџи Донарума на лето би можел да се врати во Серија А, пренесуваат италијанските медиуми.

Донарума пред две години го напушти Милан и се пресели во ПСЖ како слободен агент. Во првата сезона беше резерва, а оваа сезона направи многу киксови. „Газета дело Спорт“ пренесува дека Италијанецот не е задоволен во Париз и би сакал да ја промени средината.

Интерес за него повторно покажува Јувентус и сака на лето да го доведе како замена за Шчешни.

Сепак, Донарума ќе мора да прифати значително намалување на платата, бидејќи моментално заработува 12 милиони евра, а Јувентус е спремен да му понуди 7 милиони плус бонуси.


Грималдо од Бенфика ќе биде замената за Алекс Сандро во Јуве

Приоритет на Јувентус во летниот преоден рок ќе биде да ја засили левата бековска позиција.

„Бјанконерите“ сакаат да донесат наследник на Алекс Сандро, кој на крајот на сезоната сигурно ќе го напушти клубот. Најголема желба на раководстворо на „старата дама“ е Алехандро Грималдо од Бенфика.

Договорот на Грималдо со Бенфика истекува на крајот на сезоната и тој на лето ќе биде слободен агент.

Јувентус веќе стапил во контакт со неговиот агент и сака да го доведе во Торино без обештетување на лето.


Буфон има сон за крај на кариерата: Враќање на Парма во Серија А, па пензија

Џанлуиџи Буфон и понатаму е активен на фудбалските терени, а сега откри кога би бил подготвен да каже „крај“.

Буфон има 45 години и денес брани за Парма каде што и ја започна кариерата, за потоа да премине во Јувентус и да стане легенда на клубот од Торино. Имаше Буфон и кратка авантура во ПСЖ. Парма сега се натпреварува во Серија Б и Буфон порача дека посакува да се пензионира со враќање на Парма во Серија А.

„Во мене се уште има енергија како и претходно. Можеби ќе се повлечам кога Парма ќе се врати во Серија А, тоа е моја голема желба и би било исполнување на сонот“, истакна Буфон.

Во овој момент Парма се наоѓа на седмата позиција со реални шанси да влезе во плеј-офот за место во Серија А.


Дали се случи плагијат во првата формула 1 трка оваа сезона

Луѓето од Ред Бул ќе направат интерна истрага дали протекле информации околу болидите откако Астон Мартин го освои третото место на патеката во Бахреин на премиерната трка во новата сезона во Формула 1.

Првиот човек на Ред Бул, Хелмут Марко, потсети дека неколку инженери кои го напуштија тимот се преселија токму во Астон Мартин.  Станува збор за Ден Фалос поранешен шеф за аеродинамика и Ендрју Алеси, поранешен дизајнер во Ред Бул.

Според ФИА пак, успехот на Астон Мартин воопшто не е спорен и нема што да се истражува.


Виси настапот на Нкунку против Манчестер Сити

Кристофер Нкунку би можел да го пропушти натпреварот против Манчестер Сити.

25-годишниот напаѓач доживеа мало истегнување на бутот против Борусија Дортмунд на 23. натпревар од Бундеслигата и беше заменет во 84. минута. Од РБ Лајпциг објавија дека Французинот ќе помине одредено време во  мирување. Според информациите кои стигнаа денес, учеството на најдобриот стрелец на тимот на натпреварот против Манчестер Сити е доведено во прашање. Реваншот од 1/8 финалето во Лигата на шампионите, екипите ќе го одиграат на 14 март. Првиот дуел заврши нерешено – 1-1.

На 11 март Лајпциг ќе се сретне со Борусија Менхенгладбах во Бундес лигата.

Кристофер Нкунку следното лето ќе се пресели во Челзи. Трансферот го потврди спортскиот директор на РБ Лајпциг.


Њукасл не се откажува од ангажман на Рафиња

Челниците на премиерлигашот Њукасл не се откажуваат од желбата за доведување на Бразилецот Рафиња од Барселона.

Според објавите во некои шпански медиуми, англсикиот клуб е подготвен да понуди 50 милиони евра за 26-годишниот крилен напаѓач на Барса.

Голема е веројатноста, клубот од „Камп Ноу“ да ја прифати евентуалната понуда за Бразилецот, со оглед на фактот дека клубот не е во финансиска добра положба и сака да се ослободи од високите плати на одредени фудбалери.

Доколку Рафиња во наредната сезона заигра за Њукасл, тоа ќе биде негово повторно враќање во Премиер лигата, каде претходно настапуваше за Лидс Јунајтед.


Влаховиќ во јуни заминува од Јуве?

Душан Влаховиќ би можел да ја промени средината. Оваа информација ја објави Марио Контерио, новинарот на РАИ кој објасни зошто тоа би можело да се случи. 

„Тактичка хармонија помеѓу Влаховиќ и Алегри не постои. Поради ова, но и поради проблемите кои ги има Јувентус надвор од теренот можна е разделба на лето“, објави Контеиро.

Според неговите информации Манчестер Јунајтед и Баерн веќе се распрашувале за неговите услуги и во некој од овие два клуба напаѓачот би можел да продолжи.

Сезонава Влаховиќ собра 24 натпревари, постигна 10 голови и подели четири асистенции.