feature

Српски кошаркар доживотно суспендиран заради местење натпревари

Светската кошаркарска федерација ФИБА соопшти дека доживотно го суспендирала српскиот кошаркар Никола Ќирковиќ.

Ќирковиќ доби забрана за професионална кошарка до крајот на животот, a сето тоа поради местење натпревари и обложување

Последниот ангажман на Ќирковиќ беше во Слобода од Ужице, а претходно играше на паркетите во Босна и Херцеговина во Братунац. Играше и за српските прволигаши Напредак, Вршац и Динамик, а кратко време беше и член на шпанскиот третолигаш Биеле.

Ги мина младинските селекции на српската репрезентација и своевремено важеше за многу талентиран кошаркар.

На почетокот на оваа година, ФИБА доживотно го суспендираше и Мирослав Пашајлиќ, уште еден српски кошаркар, наведувајќи го како причина нарушување на интегритетот и етичкиот кодекс на натпреварувањето.


Нандо Лорис обезбеди пол-позиција во Катар

Возачот на Мекларен, Ландо Норис, ја освои пол-позицијата за последната спринтерска трка од овогодинешниот шампионат во Формула 1, која ќе се вози за Големата награда на Катар.

Британецот на половина пат на патеката „Лусаил“ стигна со време од 1:21.012 минути, со 63 илјадитинки предност пред Џорџ Расел во Мерцедес. Двајцата беа следени од возачот на Мекларен, Оскар Пјастри, кој беше десетти зад победникот на минатонеделната трка во Лас Вегас.

Шампионот Макс Ферстапен, кој пред пет дена ја обезбеди четвртата титула, ќе го заземе шестото место во саботниот спринт.


Интер крои планови да го купи Салах

Мохамед Салах, најдобриот фудбалер на Ливерпул, минатата недела, по победата над Саутемптон (3-2) во која постигна два гола, на новинарите им откри дека не добил никаква понуда за продолжување на договорот. На „Сент Мери“ стадионот разочарано им кажа на новинарите дека големи се шансите да го напушти клубот по завршувањето на сезоната.

Изјавата на Салах ги разочара навивачите на Ливерпул и го вклучи алармот кај големите клубови. Салах е еден од најдобрите во светот, плус тој без оштета може да го напушти Ливерпул.

Наводно, интерес за Салах има кај ПСЖ, Барселона и Баерн, а медиумите во Италија тврдат дека челниците на Интер веќе подготвиле конкретни чекори.

За да му понудат финансиски услови кои нема да може да ги одбие, Интер наредното лето ќе стави на продажба тројца напаѓачи, станува збор за Марко Арнаутовиќ, Хоакин Кореа и Мехди Тареми.


Конате се повреди, го чека пауза од 5-8 недели

Сериозен удар за Ливерпул ќе биде отсуството на централниот дефанзивец Ибрахима Конате. Дефанзивецот на социјалните мрежи објави порака во која потврди дека е повреден. Неговата повреда е на коленото и настанала по контакт со играчот на Реал Мадрид, Ендрик.

„Многу е фрустрирачки да се повредите на самиот крај од еден одличен натпревар во средата навечер. Сега го започнуваме процесот на опоравување, но едно нешто што можам да ветам е дека ќе се вратам и повторно ќе бидам најдобар. Ви благодариме за уникатната поддршка на „Енфилд“, стои во дел од пораката на Ибрахима Конате.

Очекувањата се дека дефанзивецот ќе отсуствува цел месец декември, а првичната прогноза е помеѓу 5 и 8 недели.


Москеро заминува од Валенсија, Милан фаворит за неговиот потпис

Валенсија во последните години стана тим од кој младите фудбалери брзо заминуваат, па така нема некој квалитет како што беше некогаш кога шпанскиот тим беше дел од Лигата на шампионите, своевремно играше и финале во ова натпреварување.

Сега клубот за сума од 30 милиони евра би можел да го напушти Кристијан Москеро.

Станува збор за одличен стопер на кого Валенсија се обиде да му даде договор до 2026 година, но шпанскиот стопер веројатно ќе го промени клубот.

Најмногу интерес засега според медиумите покажал Милан кој е спремен да ги плати споменатите 30 милиони евра.

Москеро беше дел од репрезентацијата на Шпанија на Олимписките игри летово каде што го освои златниот медал.


ПСЖ ќе достави понуда за Зинедин Зидан

Зинедин Зидан би можел да го замени Луис Енрике на кормилото на ПСЖ.

ПСЖ има очајни резултати оваа сезона во Лигата на шампиони и раководството е разочарано.

„Светците“ после синоќешниот пораз значително ги намалија шансите за пласман во нокаут фазата.

Поради тоа ПСЖ размислува за тренерска смена, а главна цел е Зинедин Зидан, кој веќе три години е без ангажман.


Ништо од азиската понуда, Пикси останува селектор на Србија

DRAGAN STOJKOVIC PIKSI selektor i trener fudbalera reprezentacije Srbije na prijateljskoj utakmici protiv Belgije na stadionu Den Dref, Leuven 15.11.2023. godine Foto: Marko Metlas Fudbal, Reprezentacija, Srbija, Belgija, Prijateljska utakmica

Драган Стојковиќ ќе остане селектор на фудбалската репрезентација на Србија. Ова го потврди генералниот секретар на Фудбалскиот сојуз на Србија, Бранко Радујко.

„Разговаравме со Драган Стојковиќ и уште еднаш потврдивме дека останува селектор на А репрезентацијата. Согласно овој и важечкиот договор, ја продолжуваме соработката со заеднички интерес. Понудите се составен дел од тренерската работа, исто како што е природно секоја сериозна организација да има навремени и адекватни решенија во случај на промени. Не сакаме да се занимаваме со шпекулации туку со конкретни теми. Не чека ждрепката за Светското првенство, во март има плеј-оф дуели со Австрија, па многу брзо ќе имаме за што да разговараме кога е А репрезентацијата во прашање“, изјави Радујко.

Пред неколку дена се појави информација дека Пикси добил милион доларска понуда од Азија и дека е блиску до заминување од селекторската функција на Србија, како и дека функцијата ќе ја напушти на почетокот на 2025 година.


Лампард е нов менаџер на Ковентри Сити

Англискиот тренер Френк Лампард е новиот менаџер на Ковентри Сити, официјално соопштија од клубот. 46-годишниот тренер потпиша договор на 2,5 години до јуни 2027 година. Негови помошници ќе бидат Џо Едвардс и Крис Џонс.

Поранешниот тренер на Дерби Каунти, Евертон и Челзи ќе дебитира на чело на Ковентри веќе во сабота, кога тимот ќе му гостува на Кардиф.

Ковентри се наоѓа на 17. место во Чемпионшип со само 17 бодови.


Ига Швјонтек падна на допинг тест

Полската тенисерка Ига Швјонтек, која до неодамна беше прв тениски рекет на ВТА листата, имала позитивен допинг тест за триметазидин. Тестот на урина направен на 12 август 2024 година бил позитивен на ниски нивоа на триметазидин.

На 12 септември, Меѓународната тениска агенција за интегритет (ITIA) испрати прелиминарна најава за прекршување на анти-допинг правилата на Швјонтек. Анализата на примерокот Б ги потврди резултатите од примерокот А.

Швјонтек изјави дека позитивниот тест е предизвикан од контаминација на мелатонин, лек кој се продава без рецепт, произведен во Полска.

Таа го земала лекот поради проблеми со спиењето. Швјонтек пропушти три турнири (Сеул, Пекинг, Вухан), што се сметаше за периодот на суспензија и сега и остануваат уште осум дена суспензија, што значи дека таа ќе може да настапува од 4 декември.


Џејмс еден месец надвор од терените

Челзи во наредните месец дена нема да може да смета на услугите на капитенот Рис Џејмс. Десниот бек се повреди, а по деталните прегледи потврдено е дека има истегнување на мускулот и ќе мора да паузира четири недели. Џејмс нема среќа со повредите, а сезонава одигра само четири натпревари.

„Мислам дека е најдобро за неговиот случај да не коментираме многу. Колку повеќе зборуваме за тоа, толку повеќе расте притисокот врз него“, рече тренерот на Челзи, Енцо Мареска.

Челзи сезонава игра добро во Премиер лигата и по 12 кола е на третото место на табелата со 22 бода, само еден помалку од второпласираниот Манчестер сити, додека лидерот Ливерпул има 31 бодови.

Следен ривал на тимот од Лондон е Астон вила, а дуелот ќе се игра на 1 декември на „Стемфорд бриџ“.