feature

Линдстром од Ајнтрахт на врвот на листата желби на Милан

Милан наводно тргна во поход на потписот на Данецот Јеспер Линдстром, кој го носи дреот на германски Ајнтрахт Франкфурт.

Спортскиот директор на Милан, Паоло Малдини внимателно го следи Линдстром на настапите во Лигата на шампионите и во него гледа голем потенцијал за Милан следната сезона.

Медиумите пишуваат и дека клубот ги истражува можностите летово да го ангажира Линдстром, но преговорите би почнале по завршувањето на сезоната.


Ливерпул го нуди Луис Диаз за Рафаел Лeао

Ливерпул размислува да му понуди на италијанскиот шампион Милан сензационална трампа, пренесуваат медиумите на Островот.

Имено, „црвените“ се силно заинтересирани за ѕвездата на Милан и најдобар фудбалер во Серија А за минатата година, Рафаел Леао. Милан не сака да го продаде Португалецот, но доколку не стави потпис на нов договор на лето ќе мора да разгледува понуди.

Клоп е голем симпатизер на играта на Леао и е спремен да го „жртвува“ Луис Диаз за да го донесе на „Енфилд“. Милан пак во Колумбиецот гледа идеална замена за Леао, но бара доплата од најмалку 30 милиони евра.


Турски клуб се приклучи во трката по Миовски

Бојан Миовски со своите одлични настапи во дресот на Абердин во Шкотска привлекува се поголемо внимание.

Вчера се пишуваше дека интерес за Миовски покажал актуелниот премиерлигаш Саутемптон, а денес пристигнува вест за понуда од Турција. Очигледно настапите на Миовски и тоа како се следат, а има и зошто.

Турските медиуми објавија дека Бешикташ одредено време го следел Миовски и испратил понуда во износ од 1.8 милиониу евра со тоа шкотскиот тим би добил процент од следниот трансфер. Сепак, ваквата понуда Абердин веднаш ја одбил и ја оценил како „смешна“:

Миовски игра фантастична прва сезона за Абердин и во овој момент е трет стрелец во најсилната конкуренција во Шкотска со 15 постигнати голови на 27 натпревари.


Кризниот штаб на Интер дискутира за иднината на Симоне Инзаги

Директорите на Интер ќе имаат кризна средба со тренерот Симоне Инзаги утре, пренесуваат италијанските медиуми.

Тимот претрпе непријатен пораз од Болоња, а после мечот директорите на Интер не се појавија пред медиумите. Единствено тренерот Инзаги и Лаутрао Мартинез беа единствени кои дадоа изјава и јавно го кажаа разочарувањето.

Раководството сака да проведе разговори со тренерот за што побрзо надминување на негативните резултати. Интер загуби бодови со Монца, Емполи, Сампдорија и Болоња, па тоа ги загриѓува директорите.

Од витално значење за клубот е пласман во Топ 4 на крајот на сезоната, како и пласман во четвртфиналето од ЛШ.


Тотенхем ќе биде новиот клуб на Франк Кеси

Франк Кеси ова лето пристигна во Барселона како големо засилување, но само после една сезона ќе го напушти „Камп Ноу“.

Кеси не е задоволен од третманот што го има во Барселона каде добива мала минутажа и главно е на клупата за резерви. Поради тоа репрезентативецот на Брегот на слоновата коста сака да ја промени средината, а иако се шпекулираше дека може да се врати во Серија А, сепак е најблиску до Премиер лигата.

Имено, силен интерес за него покажува Антонио Конте, а Тотенхем веќе стапил во контакт со неговиот агент и е спремен да понуди 25 милиони евра.

Италијанските клубови го сакаат Кеси само на позајмица, а Барселона е спремна да ја прифати понудата на Тотенхем.


Кин Мин од Наполи интересен за одбраната на Тен Хаг во Јунајтед

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Наполи, Кин Мин, пренесуваат италијанските медиуми.

Ким Мин пристигна минатото лето во Наполи и се покажа како одличен трансфер на италијанскиот клуб. Наполи за неговиот потпис му плати на Фенербахче 18 милиони, а Ким Мин одлично го замени Кулибали и се покажа во одлично светло.

Кореецот го привлече вниманието на Манчестер Јунајтед кој сака да го доведе на „Олд Трафорд“ на лето. „Црвените ѓаволи“ се спремни да ја платат откупната клаузула во неговиот договор која изнедува 50 милиони евра.

Наполи не сака да се раздели со дефанзивецот и веќе му понуди нов договор со повисока плата и повисока откупна клаузула.


Ашраф Хакими обвинет за силување на непозната девојка

Мароканскиот репрезентативец и член на ПСЖ, Ашраф Хакими, вчера беше избран за дел од најдобриот тим на годината според ФИФА, но на церемонијата на доделување на наградите пристигна под сериозни обвинувања за силување.

Минатиот викенд во полициска станица пристигнала непозната девојка која го пријавила Хакими за силување. Тој ја повикал девојката во станот бидејќи неговата сопруга и децата биле на одмор во Дубаи, а работите наводно брзо излегле од контрола.

Хакими почнал да ја бакнува и соблекува девојката, а потоа ја силувал, тврди таа. Откако некако успеала да се извлече, со нозете го оттурнала фудбалерот и побегнала. Таа повикала пријател, кој дошол да ја земе и ја однел во полициска станица, пишува „Ле Паризиен“.


Леброн Џејмс поради повреда ќе паузира неколку недели

Најдобриот кошаркар на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс, поради повреда на десното стапало неколку недели ќе биде надвор од теренот.

Џејмс повредата ја заработи на натпреварот со Далас кој Лејкерси го добија после резултатски пресврт. Првично се очекуваше Леброн да отсуствува само на наредниот меч за својот тим, но според информациите од медиумите во САД неговата повреда е посериозна и ќе мора да паузира неколку недели. Неговата повреда доаѓа во многу битен момент за екипата, која се бори за влез во плеј-офот.

38-годишниот Џејмс е најдобар стрелец на екипата од Лос Анџелес, со просек од 29,5 поени по натпревар.


Познати сите учесници на СП во кошарка во септември

По завршените квалификации, синоќа и официјално се потврдени сите учесници на следното Светско кошаркарско првенство кое ќе се одржи оваа година во периодот од 25 август до 10 септември во Јапонија, Индонезија и Филипините. На завршниот турнир ќе учествуваат 32 селекции од кои: 12 од Европа, 8 од Азија, 7 од Северна и Јужна Америка и 5 од Африка.

Европа: Грција, Латвија, Финска, Германија, Словенија, Литванија, Франција, Шпанија, Италија, Грузија, Црна Гора, Србија.

Азија: Австралија, Кина, Јапонија, Иран, Либан, Нов Зеланд, Филипини, Јордан.

Америка: Канада, САД, Доминиканска Република, Порторико, Бразил, Венецуела, Мексико.

Африка: Брегот на Слоновата Коска, Ангола, Јужен Судан, Египет, Зеленортските Острови.


Салах нема намера да го напушти Ливерпул

Менаџерот на Мохамед Салах, Абас Иса, во изјава за англиските медиуми вели дека египетскиот репрезентативец нема намера да го напушти Ливерпул.

Одговорот од менаџерот на Салах доаѓа после многубројните шпекулации, посебно од медиумите во Шпанија кои тврдеа дека тој сигурно ќе го напушти клубот од „Енфилд“, доколку тимот не обезбеди учество во Лигата на шампионите наредната сезона.

30-годишниот Салах е член на Ливерпул од 2017.година, и со клубот има договор до 30.јуни 2025.година.