feature

Фил Невил потврди дека Интер Мајами ги сака Бускетс и Меси

Тренерот на Интер Мајами, Фил Невил потврди дека американскиот клуб покажува интерес кон Лионел Меси од ПСЖ и Серхио Бускетс од Барселона.

На двајцата им завршуваат договорите со своите клубови на лето, а Бускетс веќе потврди дека на лето ќе ја напушти Барселона. Се поизвесно е дека Лионел Меси нема да стави потпис на нов договор со ПСЖ, па на лето и тој ќе биде слободен агент.

„Сакаме да ги доведеме најдобрите играчи, а Меси и Бускетс се такви фудбалери. Тие можат да донесат огромен успех не само за нашиот клуб, туку и за МЛС. Ако пристигнат ќе се промени целата лига“, изјави Невил.

Договорот со Бускетс е во завршна фаза, додека Меси ја разгледува и можноста за враќање во Барселона, а Мајами е втора опција.


УЕФА отвори истрага за нападот на голманот Дмитровиќ

Европската фудбалска федерација – УЕФА отвори истрага откако еден навивач на ПСВ во Ајндховен истрча на теренот и го удри голманот на Севиља Марко Дмитровиќ за време на натпреварот во Лига Европа.

Инцидентот се случи за време на второто полувреме кога хулиган втрча на теренот во Ајндховен и го нападна голманот Дмитровиќ, кој успеа да се одбрани и го совлада напаѓачот. Потоа редарите го отстранија хулиганот надвор од стадионот.

Српскиот голман после натпреварот изјави дека никогаш не е убаво да се видат такви сцени и ги повика надлежните да го казнат навивачот.


Даичи Камада од Ајнтрахт се сели во Борусија Дортмунд

Борусија Дортмунд го договори трансферот на јапонскиот репрезетативец и ѕвезда на Ајнтрахт, Даичи Камада, пренесува „Билд“.

26-годишниот фудбалер постигнал договор со раководството на Дортмунд и ќе потпише 5-годишен договор со „милионерите“. Според информациите Камада во Дортмунд ќе добива помеѓу 5,5 и 6 милиони евра.

Камада игра фантастична сезона и до овој момент има 13 гола и 6 асистенции, а на лето ќе биде слободен агент и без обештетување ќе се пресели во Дортмунд.


Клоп најави коренити промени во Ливерпул ова лето

FILE PHOTO: Soccer Football – Premier League – Brighton & Hove Albion v Liverpool – The American Express Community Stadium, Brighton, Britain – January 14, 2023 Liverpool manager Juergen Klopp looks dejected after the match Action Images via Reuters/Andrew Couldridge EDITORIAL USE ONLY. No use with unauthorized audio, video, data, fixture lists, club/league logos or ‘live’ services. Online in-match use limited to 75 images, no video emulation. No use in betting, games or single club /league/player publications. Please contact your account representative for further details./File Photo

Ливерпул игра многу лоша сезона, под сите очекувања, па јасно е дека на тимот му претстојат промени на лето.

„Црвените“ брзо отпаднаа од трката за титулата во Премиер лигата, доживеаа дебакл во ЛШ, а се борат за пласман во Топ 4. Јирген Клоп призна дека ќе има многу промени и му претстои многу работа на лето.

„Знаеме дека мора да напредуваме и да ги менуваме работите и тоа ќе го направиме. Не очекува многу работи на лето, но тоа не можеме сега да го сториме. Сега останува само со сопствени сили да се избориме за целите“, изјави Клоп.

Договорите им истекуваат а крајот на сезоната на Кеита, Милнер, Окслејд-Чембрлен и Роберто Фирмино.

„Се уште не можеме да знаеме кого ќе донесеме и колку играчи додека не знаеме кои сите ќе заминат. Нашите трансфери мора да имаат смисла. Во јануари не беше време за големи промени“, заклучи Клоп.


Касемиро: Понапорно е да се игра во Премиер лигата отколку во Ла Лига

Бразилецот во редовите на Манчестер Јунајтед, Касемиро, направи споредба на играњето за Реал Мадрид во шпанската Ла Лига, и за тимот од Олд Трафорд во Премиерлигата.

„Не сакам да ја потценам Ла Лига, но натпреварите во Премиерлигата се многу потешки и понапорни за играње“, изјави Касемиро.

Бразилецот во Манчестер Јунајтед пристигна ова лето од Реал Мадрид каде повеќе сезони беше еден од главните носители на „кралевите’. После неговото пристигање на Олд Трафорд, Касемиро се снајде одлично и продолжи со извонредната форма.

Касемиро има запишано и 69 настапи за селекцијата на Бразил.


Алмирон го продолжи договорот со Њукасл до 2026.година

Парагвајскиот фудбалер Мигел Алмирон го продолжи договорот со Њукасл и ќе го носи „црно-белиот“ дрес до 2026.година, обjaвуваат од премиерлигашот.

„Му се заблагодарувам на сите во клубот, од соиграчите до персоналот на помошта која ми ја дадоа за време на изминатите четири години. Мислам дека ова е награда за мојата напорна работа и многу сум среќен“, изјави Алмирон.

Репрезентативецот на Парагвај во својата кариера досега има настапувано за Керо Портено, Ланус, Атланта Јунајтед и Њукасл.


Шпанецот Рубен Селес ќе го води Саутемптон до крајот на сезоната

Англискиот премиерлигаш Саутемтон соопшти дека екипата до крајот на сезоната ќе ја води тренерот Рубен Селес.

Саутемптон минатата недела после само 95 дена, поради лоши резултати на екипата  го отпушти тренерот Нејтан Џонс.

После отказот, тимот на натпреварот со Челзи на Стенфорд Бриџ, ја водеше тренерот Селес и успеа да оствари победа над големиот ривал со 1:0.

39-годишниот шпанскиот тренер претходно изјави дека сака да остане во клубот и дека е подготвен да биде прв тренер на екипата. Селес беше помошник тренер во стручниот штаб на Нејтан Џонс и Ралф Хазенхитл.

Неговата задача до крајот на сезоната ќе биди обезбедување на опстанок екипата во Премиер лигата.


Петар Ненадиќ го напушти Веспрем

Поранешниот најдобар светски ракометар, Србинот Патар Ненадиќ го напушти унгарскиот шампион Веспрем.

Клубот преку соопштение информира дека спогодбено го раскина договорот со искусниот ракометар. Ненадиќ претходно изразил незадоволство од тоа што не бил вклучен во тимот на Веспрем за натпреварот од ЛШ против Порто, па поради недисциплина прво беше суспендиран а потоа и дојде до раскин на договорот.

Ненадиќ важеше за еден од најдобрите ракометари на Веспрем, каде пристигна од бундеслигашот Фуксе Берлин.


Марсело е нов играч на Флуминенсе

Бразилскиот фудбалер Марсело во иднина ќе настапува за фудбалскиот клуб Флуминенсе. Во соопштението од клубот се наведува дека 34-годишниот Марсело потпишал договор до 2024.година, со можност за продолжување на договорот до 2025.година.

Бразилскиот фудбалер минатата недела го раскина договорот со грчки Олимпијакос, каде пристигна во септември од Реал Мадрид.

На овај начин Марсело го оствари својот сон да се врати во клубот каде започна со играњето фудбал и од каде на 18 годишна возраст замина за реал Мадрид.


Двата милански клуба го сакаат Јулиан Алварез од Сити

Јулијан Алварез блесна на Светското првенство и беше еден од најзаслужните за освоената титула.

Аргентинецот пристигна минатото лето на „Етихад“ за 18 милиони евра, но не добива голема минутажа. Аргентинецот не може да се избори за место во стартниот тим покрај Халанд, па е спремен да ја промени средината.

Таквата ситуација сакаат да ја искористат миланските гиганти, Милан и Интер и да го донесат во своите редови на лето.

Сепак, Сити нема лесно да се откаже од својот „бисер“, Гвардиола сака да го има во тимот и во моментов не е спремен да го пушти.

Притоа, неговата цена порасна повеќекратно, па миланските клубови тешко дека ќе можат да испратат понуда која ќе ги задоволи апетитите на „граѓаните“.