feature

Балотели пред потпис со шпански третолигаш

Марио Балотели наскоро би можел да игра фудбал во шпанската трета лига.

Балотели во кариерата го носеше дресот на: Милан, Ливерпул, Олимпик Марсеј, а негов последен клуб беше Адана Демирспор од Турција. Според последните информации на „АС“ Италијанецот кој е без клуб преговара со клубот Интереси кој се натпревара во третата шпанска лига.

Преговорите за „АС“ ги поврдиле извори од клубот и наводно тие одат во добра насока. Балотели во претходните денови се поврзуваше и со трансфер во Бугарија во екипата на ЦСКА Софија, но очигледно од тоа нема да има ништо.


Лука Вицке потпиша за Рајн Некар Левен

Германскиот ракометар Лука Вицке, најверојатно својата кариера ќе ја продолжи во редовите на Рајн Некар, пренесуваат германските медиуми.

25-годишниот ракометар е член на Лајпциг, а во редовите на „лавовите“ би бил замена за младиот Јури Кнор, кој од следната сезона ќе игра за Алборг.

За сениорската репрезентација на Германија настапува од 2021 година.


Јовиќ бара уште една шанса за докажување во Милан

Фудбалерот, Лука Јовиќ, нема желба да го напушти тимот на Милан иако неодамна се појавија шпекулации дека напаѓачот може да си замине во јануарскиот трансфер период.  

Реално гледано, 26-годишниот интернационалец од Србија има мала минутажа кај тренерот, Фонсека, кој главно го држи на клупата за резерви.

Во меѓу време се појавија информации дека за потписот на Јовиќ се заинтересирани неколку екипи од Турција.


Ако добие отказ Тен Хаг ќе биде побогат за 17,5 милиони фунти

Раководството на Манчестер Јунајтед ќе треба да исплати отштета од околу 17,5 милиони фунти на менаџерот Ерик тен Хаг доколку одлучи да го отпушти Холанѓанецот.

Интересно, оваа сума е околу половина од она што „црвените ѓаволи“ го заштедиле по отпуштањето на 250 свои вработени во обид да ги намалат непотребните трошоци.

„Отпуштањето на Тен Хаг во јуни ќе ги чинеше Јунајтед околу 10 милиони фунти. Да го направат тоа сега, по едногодишното продолжување на договорот, ќе чини околу 17,5 милиони фунти. Ова е речиси половина од сумата што клубот ја заштеди со отпуштањето на 250 вработени“, објавија медиумите на Островот.

Манчестер Јунајтед доживеа нов понижувачки пораз во неделата, кога загуби од Тотенхем со 0-3 на домашен терен, што предизвика нов бран на шпекулации за иднината на менаџерот.


ФИФА го суспендираше Самуел Ето

Некогашниот камерунски фудбалер Самуел Ето се најде во фокусот на јавноста поради заканите кои им ги испраќаше на селекторите на различни камерунски репрезентации, но сега е казнет од ФИФА поради недолично однесување на Светското првенство за жени до 20 години.

Според објаснувањето на светската Федерација, Ето го прекршил ФИФА кодексот според две точки со своите погрдни зборови за противниците и официјалните лица на натпревар на мундијалот, а во дадениот случај станува збор за осминафиналето меѓу Бразил и Камерун.

Ето ја прелил чашата на толерантност кај ФИФА и со своето некултурно однесување предизвика реакција од дисциплинците, кои денеска соопштија дека Самуел е суспендиран во период од шест месеци.


Дрес на Леброн продаден за 1,3 милиони евра

Дресот на Леброн Џејмс кој го носел како средношколец е продаден за неверојатни 1,3 милиони долари, објавија медиумите во САД.

Станува збор за дресот од „Сент Винсент-Сент Мери“ кој во последните пет години по трет пат е е продаден на аукција.

Со овој дрес Леброн во последната сезона постигна дури 32 поени во натпревар кој беше еден почеток на неговиот пат кон НБА лигата.


Дембеле влезе во конфликт со Луис Енрике

Според последните информации кои пристигнуваат од Франција, Усман Дембеле бил отстранет од тимот на Пари Сен Жермен поради расправија со тренерот Луис Енрике.

Дембеле како што се најавува нема да биде дел од составот на францускиот гигант за утрешниот натпревар во Лигата на шампионите.

Од почетокот на сезоната Дембеле настапи на сите шест натпревари во Лига 1 и во нив оствари учинок од четири гола и четири асистенции. Беше асистент Дембеле и во натпреварот против Рен во петокот навечер (3-1).

Во оваа ситуација за ПСЖ е добра вест што во составот по повредата се враќа Витиња и тој ќе може да настапи во Лондон.


Погачар стана светски првак и ги обедини велосипедските круни

Словенечкиот велосипедист Тадеј Погачар стана светски шампион, откако ја обезбеди титулата на шампионатот што се одржа во Цирих, Швајцарија.

Тој ја комплетираше „тројната круна“, бидејќи покрај оваа титула претходно беше победник на Тур Д’Франс и на Џиро Д’Италија.

Погачар оваа сезона собра вкупно 589 поени, што ја прави најдобра во историјата на велосипедизмот.

Досега најдобрите сезони, дури шест во периодот од 1969 до 1974 година, ги извезе Белгиецот Меркс.


Ограбен тенискиот комплекс „Ролан Гарос“

Во Париз е извршен грабеж на тенискиот комплекс „Ролан Гарос“.

Француските медиуми објавија дека инцидентот се случил ноќта четврток кон петок. Сторителите на делото влегле во комплексот, и упаднале во неколку канцеларии. Украле 11 илјади евра готовина и накит од 20 илјади евра.

Француската тениска федерација соопшти дека полицијата во моментов го истражува грабежот.

Комплексот „Ролан Гарос“ се наоѓа во 16. округ на Париз. Секоја година таму се одржува еден од четирите Грен слема во светот – Отвореното првенство на Франција.


Матија Мирков си замина од Шкупи

Матија Мирков, по денешниот пораз од Работнички, поднесе оставка од позицијата главен тренер на Шкупи, имајќи ги предвид резултатите и сметајќи дека за клубот во овој момент е најдобро да се повлече, објави прволигашот од Чаир.

Управниот одбор на клубот известува дека ја прифатил оставката на тренерот Матија Мирков, благодарејќи му за досегашниот придонес како помошен тренер, но и како главен тренер, и му посакува многу успех во неговата кариера.

Матија Мирков секогаш ќе остане дел од нашето семејство. Ти Благодариме, стои во соопштението на Шкупи.

Тренерот Мирков, во образложението на оставката вели дека дал максимално се залагал за време на тренерската работа во Шкупи и му посака на тимот повеќе успех во понатамошниот дел од сезоната.