feature

Србинот Стевановиќ од Мешков Брест се сели во Еурофарм Пелистер

Еурофарм Пелистер објави дека нов ракометар на битолскиот клуб e српскиот интернационалец, Дарко Стевановиќ.

Станува збор за 26-годишен лев бек, кој доаѓа во Битола од белорускиот шампион Мешков Брест. Стевановиќ е роден во Лазаревац, блесна во Партизан, настапуваше во Балатонфуреди и Егер во Унгарија, Ал-Араби и Ал-Веда во Катар и неполна сезона во Белорусија. 196-сантиметри високиот Стевановиќ запиша и пет настапи за српската репрезентација. Доаѓа во Битола на обострано задоволство, по кое е потпишан договор заклучно со јуни 2024 година.

Ракометарот веднаш ќе ги започне индивидуалните тренинзи, со оглед на тоа што екипата е веќе во Берлин на натпреварот против Фуксе Берлин во ЕХФ Лига Европа, а од четврток ќе се приклучи кон групата.

Неговото официјално претставување пред медиумите е предвидено кон крајот на неделата. Дебито на Стевановиќ ќе биде дуелот меѓу Еурофарм Пелистер 2 и Еурофарм Пелистер следниот викенд.


Маркус Турам одби нов договот, во јуни дефинитивно заминува од Менхенгладбах

Француски „Л“Екип“ потврди дека напаѓачот на Борусија Менхенгладбах, Маркус Турам ќе го напушти германскиот клуб како слободен фудбалер, откако се решил да не го продолжи договорот кој му завршува во јуни.

Спортскиот директор на клубот, Роланд Виркус, го потврди ова во неделата и изјави дека мора „да се помират со фактот дека тој ќе си замине“.

Фабрицио Романо пренесе дека Турам има понуди од Англија, Италија и Шпанија, а пред извесно време се зборуваше дека Турам начелно се договори со Баерн за трансфер на „Алијанц Арена“. Сега во трката за него ќе се вклучи и Челзи, кој веќе контактирал со францускиот репрезентативец.


Клоп: Против Реал мора да одиграме два супер натпревари

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, изјави дека неговиот тим мора да одигра два супер натпревари ако сака да го елиминира Реал Мадрид и да се пласира во четвртфиналето од Лигата на шампионите.

Ливерпул во последните два меча во Премиер лигата оствари победи над Евертон и Њукасл, па така Клоп мисли дека екипата ја поправи својата форма пред дуелот со Реал.

„ Од неодамнешната историја и прилично добрите резултати на двата клуба во Лигата на шампионите, очекувам одлични натпревари. Среќен сум што со Реал играме сега, бидејќи мислам дека како екипа ја подигнавме формата. Мораме да одиграме два супер натпревари, за да се пласираме во четвртфинале, и немам проблем со тоа бидејќи ако не играш најдобро што можеш тогаш немаш шанси против Реал“.

 Реал Мадрид го совлада Ливерпул со резултат 1:0 во минатогодишното финале од Лигата на шампионите кое се одржа во Париз.


Костески: Ќе го дадеме својот максимум против фуксе Берлин

Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер денес го очекува натпревар на гостински терен против екипата на Фуксе Берлин, во рамките на 9.коло од Лига на Европа.

Бундеслигашот од Берлин е изразит фаворит против екипата предводена од тренерот Ларс Валтер, која во претходното коло на домашен терен одигра само нерешено со португалскиот претставник Агуаш Санташ.

Десното крило на битолчани, Ненад Костески, во изјава пред натпреварот најавува борбена игра од својот тим против одличните играчи на Фуксе Берлин.

 „ Знаеме каков противник имаме против себе, нема потреба да трошиме зборови за Фуксе Берлин. Мотивира самата средба против ваква екипа. Ќе се подготвиме најдобро што можеме, па сигурен сум и верувам дека ќе дадеме максимум за што е можно подобар резултат“, вели Костески.


ПСЖ бара само 60 милиони евра за продажба на Нејмар

Веќе е познато дека Челзи започнал преговори со ПСЖ за евентуален трансфер на Нејмар.

Во ПСЖ донеле одлука дека е најдобро Нејмар да го напушти клубот бидејќи внесувал немир во соблекувалната. 

ПСЖ уште минатото лето се обиде да се ослободи од скапиот Бразилец, но ниту еден клуб не беше спремен да ја плати големата отштета. Ал-Келаифи разговарал со претседателот на Челзи, Тод Боели, а наводно било договорено Нејмар да се пресели во лондонскиот клуб за „само“ 60 милиони евра.

Бразилскиот фудбалер пристигна во ПСЖ во 2017 година за 222 милиони евра, но никогаш во целост не ги оправда очекувањата.


Зубименди од Сосиедад најнова желба на Артета и Арсенал

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета го сака играчот за врска на Реал Сосиедад, Мартин Зубименди.

Приоритет на Арсенал во летниот преоден рок ќе биде засилување на средниот ред. „Топџиите“ го доведа Жоржињо во јануари, но не се откажуваат од Субименди, кој е најголема желба на Артета. 23-годишниот Шпанец има договор со Сосиедад до 2025 година, а неговата откупна клаузула изнесува 60 милиони евра.

Субименди игра фантастична сезона, а интерес за него покажува и Барселона, која во него гледа идеаелен наследник на Бускетс.


Меслие изненадувачки избор на Јунајтед за замена на Де Геа

Манчестер Јунајтед наскоро очекува нови сопственици, па на лето сигурно ќе има реконструкција на тимот.

Англиските медиуми пренесуваат дека раководството сака да направи промена на голманската позиција, каде со години прв избор е Давид де Геа. Шпанецот е еден од најплатените фудбалери во тимот со плата од 375.000 фунти неделно, а „црвените ѓаволи“ сакаат да ги намалат трошоците.

Поради тоа Де Геа може да си замине на лето, а Јунајтед веќе нашол замена. Станува збор за голманот на Лидс, Илан Меслие, кој има само 22 години, а е еден од најдобрите години во Премиер лигата.

Французинот на лето би можел да пристигне на „Олд Трафорд“ за 20 милиони фунти.


Бекер: Новак го издржуваше моето семејство додека бев во затвор

Борис Бекер излезе од затвор на крајот на 2022-ра година и се врати во родната Германија, па сега како слободен човек може да ужива во сите погодности кои ги има како поранешен врвен тенисер.

Легендарниот Германец мина низ најтешкиот период во животот и сега се уште се рехабилитира од затворските денови кои ги мина во Англија, а за време на кои добил огромна поддршка од својот пријател.

Бекер открива дека Новак Ѓоковиќ направил нешто што сега прави засекогаш да биде дел од неговото семејство, бидејќи додека тој бил во затвор, Србинот буквално ги издржувал неговите најблиски.

„Ѓоковиќ беше мој пријател, но сега е дел од моето семејство после тоа што го направи. Новак ме поддржа мене додека бев во затвор, тој буквано го издржуваше моето семејство. Плачев во завтор кога го освои Вимблдон и останатите турнири минатата година. Горд сум што еден од најголемите на сите времиња е дел од мене. Сите знаете дека јас и Новак имавме долгогодишна соработка, а прекинавме спогодбено во 2016-та година. Сепак, секогаш останавме блиски, а посебно за време на мојот притвор“, открива Бекер.


Икарди се враќа во Италија по позајмицата во Турција

Мауро Икарди на лето би можел да се врати во Серија А, пренесуваат италијанските медиуми.

Икарди оваа сезона игра во Галатасарај како позајмен фудбалер од ПСЖ и во Турција си ја „оживеа“ кариерата. Аргентинецот е во извонредна форма и на последните 14 меча постигна 9 гола и 6 асистенции.

Икарди на лето ќе се врати во ПСЖ, но јасно е дека за него нема повеќе место во Париз, а интерес за него покажуваат италијанските клубови. Најсилен е интересот на Јувентус, но и Наполи ја следи ситуацијата и ќе сака да го донесе доколку замине Осимен.

29-годишниот напаѓач сака да се врати во Италија и е спремен да прифати помала плата за повторно да игра во Серија А.


Страхиња Павловиќ ќе заврши во Серија А, го бараат двата најтрофејни клуба

Јувентус и Интер се заинтересирани за дефанзивецот на Салцбург и српски репрезентативец, Страхиња Павловиќ.

21-годишниот дефанзивец игра одличо во Салцбург, а на Мундијалот ја доживеа својата целосна афирмација со добрите партии. Примарна цел на Јувентус на лето ќе биде доведување на дефанзивец, а Павловиќ е на врвот на листата желби.

„Старата дама“ веќе работи на трансферот и сака да ја победи конкуренцијата, бидејќи Интер исто така го сака српскиот дефанзивец.

„Нероаѕурите“ бараат замена за Скриниар и веруваат дека Павловиќ ќе биде идеално решение, а Салцбург за неговата слобода бара намалку 25 милиони евра.