feature

Потер најлош менаџер на Челзи во последните триесет години

На Грем Потер не му оди во Челси и тимот никако не успева да дојде до добри резултати, па поради тоа се погласно се шпекулира за негово заминување од клупата на „сините“.

Голем дел од навивачите сакаат промена и се во право затоа што бројките покажуваат дека Потер е најлошиот менаџер кој го имал Челси во последните 30 години. Со поразот од Борусија Дортмунд во Лигата на шампионите тој е дното по процентот на остварени победи.

Неговата епизода во Челси не започна лошо, го победи Милан со 2:0 и Потер беше пофален за петте воведни натпревари во кои „сините“ имаа четири победи и едно реми. Тогаш само Сари, Анчелоти и Гус Хидинк имаа подобар почеток. Сега четири месеци подоцна бројките се поинакви.

Потер го водел Челси на 24 натпревари и сега може на поизбалансиран начин да се споредува со другите. Во овој момент тој има девет победи и проценетот на добиени натпревари му е само на 38%.

Со тој процент подобри од Потер се Клаудио Раниери кој го водеше тимот од 2000 до 2004, потоа Џанлука Вијали (1998-2000), Руд Гулит (1995-1998). Во овој момент Потер е подобар само од Глен Ходл забележа пет победи на првите 24 натпревари.


Дарвин Нуњез го повреди рамото непосредно пред дуелот со Реал

Ливерпул победи против Њукасл во натпревар кој може да има сериозно значење во битката за излез во Европа, но „црвените“ и овој пат мораа да се соочат со еден негативен момент.

Стрелецот на првиот гол, Дарвин Нуњез заработи повреда за време на гостувањето кај Њукасл и сега е неизвесен за настап во Лигата на шампионите.

Уругваецот доживеа незгоден пад по кој се пожали на болка во рамото, а Јирген Клоп потврдил дека ситуацијта не е најдобра.

„Дарвин има некој проблем со рамото и затоа го повлеков од игра. Не знам дали ќе може да игра против Реал Мадрид. Засега е сигурна неговата болка од повредата, но прегледите ќе потврдат што се случило“, изјавил менаџерот на Ливерпул.


Кузмановски дебитираше со пораз и еден гол во Бундеслигата

Викендов во германската ракометна Бундеслига се одигра натпреварот помеѓу Фуксе Берлин и Вецлар, а на крајот победата им припадна на домаќините со резултат 26-23. На овој натпревар во редовите на Вецлар каде што тренер е Филип Миркуловски дебитираше македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски кој средбата ја заврши со еден постигнат гол. Кузмановски единствениот гол на натпреварот го постигна во 52-минута.

Србинот Николиќ беше најефикасен кај Вецлар со пет гола, додека во победничкиот табор Црногорецот Вујовиќ беше стрелец на седум гола.

На табелата Фуксе Берлин е лидер по 19 одиграни натпревари со 33 освоени бодови, Вецлар е во долниот дел на 16-тата поизиција (од 18 тимови) со само девет бодови и четири победи.


Синот на Предраг Стојаковиќ ќе настапува за грчката репрезентација

Андреј Стојаковиќ, синот на легендарниот Предраг Стојаковиќ, ќе учествува на „Ол-Американ“ натпревар, а претходно изјави дека ќе ги претставува Грција и Сакраменто.

Оваа изјава нема да ѝ се допадне на српската јавност бидејќи Стојаковиќ очигледно не планира да игра за државата на неговиот татко, туку ќе го облече дресот на нашиот јужен сосед од каде што потекнува мајка му.

„Возбуден сум што ќе ги претставувам Сакраменто и Грција“, порача младиот Стојаковиќ.

Андреј е роден во Солун, Грција, а порасна во Америка. Тој е висок 201 сантиметар и може да игра на позициите бек и крило.


Мане по три месеци се враќа на групни тренинзи во Минхен

Садио Мане започна групни тренинзи со тимот три месеци откако се здоби со повреда на фибулата.

„Враќањето на тренинг во екипата е нешто фантастично“, изјави Мане на официјалниот Твитер на клубот.

Доколку распоредот за опоравување на Мане оди според планот, тој ќе може да учествува на реваншот од Лигата на шампионите против ПСЖ на 8 март.

Да потсетиме дека првиот натпревар, одржан во Париз, заврши со минимална победа на клубот од Минхен со 1-0.

Садио Мане се повреди во средината на ноември на мечот од Бундеслигата со Вердер Бремен, по што беше опериран и го пропушти настапот на Сенегал на Светското првенство во Катар. Играчот се пресели во Баерн од Ливерпул во летото 2022 година како слободен играч.


Краузер го собори светскиот рекорд во фрлање ѓуле

Двократниот олимписки шампион Рајан Краузер го собори сопствениот светски рекорд во фрлање ѓуле откако успеа да го фрли ѓулето на далечина од 23,38 метри за време на турнирот во сала во Покатело, Ајдахо, објави Меѓународната асоцијација на атлетски федерации (IIAF).

30-годишниот Американец го надмина и рекордот на отворено што сам си го постави со 23,37 метри на Олимписките квалификации во 2021 година во Јуџин.

Рекордот во затворен простор беше 22,82 метри, што Краузер го постигна претходно оваа година. Краузер, кој е актуелен светски шампион, по седми пат во кариерата ја надмина границата од 23 метри.


Наполи бара 100 милиони евра за продажба на Кварацхелија

Наполи ја одреди цената за грузискиот напаѓач Хвича Кварацхелија, кој е интересен за Реал Мадрид. Италијанскиот клуб ќе се раздели со 22-годишниот играч доколку добие понуди над 100 милиони евра, пренесува „АС“.

Хвича Кварацхелија му се приклучи на Наполи во летото 2022 година, откако се пресели од Динамо Батуми за 10 милиони евра. Оваа сезона напаѓачот има 12 гола и 14 асистенции на 24 натпревари во сите натпреварувања.

Договорот меѓу Кварацхелија и Наполи истекува во летото 2027 година.

Наполи на 23 натпревари во италијанскиот шампионат освои 62 бода и го зазема првото место на табелата пред второпласираниот Интер кој заостанува 15 бода.


Њукасл фаворит за потписот на Пауло Дибала

Се погласни се шпекулациите дека Пауло Дибала на крајот на сезоната ќе ја напушти Рома и кариерата ќе ја продолжи во Премиер лигата.

Вкупниот број на починати во двете земји надминува 43 илјади луѓе, а на уште милиони им е итна потреба од помош. Голем дел од нив останаа без домови. Од ФИФА објаснија дека парите ги поделиле по консултација со фудбалските федерации на Турција (ТФФ) и Сирија (СФА), како и со меѓународните невладини организации.

„Донациите ќе бидат искористени за купување и дистрибуција на основните хуманитарни производи и предмети, како и за обезбедување привремено засолниште. ФИФА ќе продолжи да соработува со ТФФ и СФА додека ги разгледува следните чекори“, објави светската централа.

Минатата недела и англиската Премиер лига објави дека ќе донира 1 милион фунти. Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) даде првичен итен придонес од 200.000 евра.

Њукасл фаворит за потписот на Пауло Дибала

Се погласни се шпекулациите дека Пауло Дибала на крајот на сезоната ќе ја напушти Рома и кариерата ќе ја продолжи во Премиер лигата.

29-годишниот Дибала ова лето пристигна во Рома без обештетување, игра одлична сезона и е најдобар поединец во тимот. Во договорот на Дибала има откупна клаузула, ако Рома не игра во Лигата на шампиони, Аргентинецот ќе може да си замине за само 12 милиони евра.

Ситуацијата будно ја следи Њукасл кој сака на лето да го доведе во своите редови. „Чавките“ нема да ја чекаат клаузулата и се спремни да понудат триесет милиони евра за неговиот потпис.


ФИФА донираше еден милион долари за погодените од земјотресот во Турција и Сирија

Меѓународната фудбалска асоцијација (ФИФА) донираше милион долари преку својата добротворна фондација за набавка на хуманитарна помош за луѓето погодени од земјотресите во Турција и Сирија, соопшти денеска организацијата.

Вкупниот број на починати во двете земји надминува 43 илјади луѓе, а на уште милиони им е итна потреба од помош. Голем дел од нив останаа без домови. Од ФИФА објаснија дека парите ги поделиле по консултација со фудбалските федерации на Турција (ТФФ) и Сирија (СФА), како и со меѓународните невладини организации.

„Донациите ќе бидат искористени за купување и дистрибуција на основните хуманитарни производи и предмети, како и за обезбедување привремено засолниште. ФИФА ќе продолжи да соработува со ТФФ и СФА додека ги разгледува следните чекори“, објави светската централа.

Минатата недела и англиската Премиер лига објави дека ќе донира 1 милион фунти. Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) даде првичен итен придонес од 200.000 евра.


Мурињо изненадувачки кандидат за клупата на ПСЖ

Тренерот на Рома, Жозе Мурињо ќе го преземе Пари Сен Жермен, ова го пренесува изданието „Footmercato“.

Според изворот, фудбалскиот советник на ПСЖ, Луис Кампос веќе разговарал со Мурињо за можноста португалскиот стручњак да се пресели на работа во парискиот тим. Забележано е дека на желбата на Мурињо да премине во ПСЖ може да влијае добриот однос со функционерот, како и тоа што поранешен помошник на Португалецот работи во стручниот штаб на парижаните.

Контактите меѓу ПСЖ и Рома за Мурињо се уште не се остварени, но трансферот на Португалецот во парискиот клуб е можен поради добрите односи меѓу сопствениците на тимовите. Договорот на тренерот со италијанскиот клуб е до 2024 година.