feature

Челзи го пикира голманот на Брентфорд за нов чувар на мрежата

Голманот на Брентфорд, Давид Раја е уште една трансфер цел на
Челзи. 27-годишниот Шпанец е под договор со неговиот сегашен клуб
до летото 2024 година, откако веќе одби две понуди за повторно
потпишување.

Тоа би го ставило Челзи во доста поволна позиција следното лето,
кога Раја ќе има уште само 12 месеци од договорот. Актуелен стартен
голман на Челзи е Кепа Аризабалага, кој го врати своето стартно
место од Едуард Менди. Иднината на Сенегалецот на „Стемфорд
Бриџ“ изгледа прилично неизвесна, откако тој ја одби понуда да
потпише повторно на шест години во декември, откако не беше
задоволен од условите што му беа понудени.

Според „Фудбал Лондон“, Раја би можел да биде стартен голман во
Челзи. Шпанецот оваа сезона се претстави многу силно и го привлече
интересот на другите врвни клубови во Премиер лигата. Во Англија
тврдат дека е на нишанот на Манчестер Јунајтед и Тотенхем.


Рубен Бараха е наследникот на Гатузо во Валенсија

Oткако Џенаро Гатузо доби отказ во Валенсија раководството на клубот пронајде замена за италијанскиот стратег.

На клупата на шпанскиот клуб ќе седне легендата на клубот, Рубен Бараја. Поранепниот играч за врска во Валенсија помина голем дел од играчката кариера и беше еден од најважните фудбалери во трофејната генерација на почетокот на овој век.

Како капитен го предводеше тимот до две титули во Ла Лига, УЕФА Куп, Суперкуп и Копа Дел Реј.

Во тренерската кариера ги водеше Рајо Ваљекано, Спортинг Хихон, Тенерифе, а последниот ангажман го имаше во Сарагоса. Дебито на клупата на Валенсија ќе го има против Гетафе во Мадрид.


Анчелоти го сака Ричарлисон во Реал Мадрид

Ричарлисон е на списокот на Карло Анчелоти како дел од летните
трансфер цели за да го обнови нападот на Реал Мадрид.

Италијанецот добро го познава бразилскиот репрезентативец бидејќи
двајцата работеа заедно во Евертон. Тотенхем минатото лето го
ангажираа од „Гудисон Парк“ за 60 милиони фунти. Тој досега одигра
14 натпревари за својата нова екипа. Се смета дека лондончани би
биле склони да се разделат со Ричарлисон доколку добијат добра
понуда за него.

Напаѓачот на Јувентус, Душан Влаховиќ е другиот играч на потесниот
круг на Анчелоти. За Србинот за кој се шпекулира дека ќе си замине
на крајот на сезоната по сите проблеми кои ги снајдоа „бјанконерите“
се интересираат и Челзи и Манчестер Јунајтед. Третиот офанзивец
кон кого го сврте вниманието тренерот на Реал Мадрид е Кингсли
Коман од Баерн.


Гвардиола му се извини на Џерард

Медиумите од Англија пренесуваат дека тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, упати извинување до легендата на Ливерпул, Стивен Џерард, поради изјавата која ја даде на негова сметка.

Премиер лигата пред неколку дена го обвини Манчестер Сити за повеќе од 100 случаи на финансиски прекршувања, а Гвардиола во коментарите за обвинувањата во негативен контекст го спомена и поранешниот капитен на Ливерпул, Џерард.

„Не знам дали Сити е крив и за лизгањето на Џерард на мечот со Челзи? Дали можеби и тоа беше наша грешка? Го почитувам Џерард, но таа сезона ние ја освоивме титулата“, изјави Гвардиола пред неколку дена.

После дадената изјава Гвардиола се најде на мета на англиската јавност, поради што му се извини на Џерард.

 „Му се извинувам на Џерард поради моите непотребни и глупави коментари. Тој знае колку го почитувам него и неговата кариера. Се срамам од своите изјави, бидејќи Стивен не го заслужува тоа“, рече Гвардиола.


Дејвис: Агуаш Санташ одигра одлична партија, ремито е реален исход

Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер одигра само нерешено со Агуаш Санташ (27-27) на домашен терен во рамките на осмото коло од Лига Европа. Иако „зелено-белите“ пред почетокот на средбата важеа за фаворити, сепак на крајот изборија само реми.

Свој коментар за текот и исходот од натпреварот, даде средниот бек на Еурофарм Пелистер, португалскиот интернационалец Вилсон Дејвис.

„Агуаш Санташ ни направи многу проблеми денес, одигра одличен натпревар. Ова беше тежок дуел за нас, особено во првиот дел. Потоа во продолжението успеавме да фатиме ритам, а одбраната на крајот го одлучи натпреварот и резултатот е реален“, истакна Дејвис.

Еурофарм Пелистер до крајот на групната фаза го очекуваат уште два дуели, и тоа со Фуксе Берлин на гостински терен, и дома со Мотор Запорожје.


Мбапе верува дека ПСЖ може да се пласира во четвртфинале

Екипата на Париз Сен Жермен доживеа пораз на домашен терен со 1:0 од Баерн Минхен во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите, сепак Килијан Мбапе верува дека неговиот тим може да се пласира во четвртфиналето.

Мбапе не го одигра целиот натпревар, туку во игра влезе во 57.минута, и веднаш направи разлика во играта на домаќините. Францускиот репрезентативец успеа да ја затресе мрежата на Баерн во 82.минута. меѓутоа тој погодок беше поништен поради офсајд. Сепак, и покрај поразот на првиот меч, Мбапе и натаму верува дека ПСЖ може да се пласира во следната фаза на турнирот.

„Способни сме да ги загрозиме и ќе пробаме да се пласираме понатаму. Потребно е сите да бидеме здрави и целосно подготвени. Според она што го видов вечерва, имаме довлно простор за да ги загрозиме во реваншот“, изјави Мбапе.

Реваншот помеѓу двете екипи е закажан за осми март на Алијанц арена во Минхен.


Реал спремен да отпочне преговори со Јуве за Душан Влаховиќ

Шпанските медиуми пренесуваат дека Реал Мадрид ја започнал операцијата за доведување на Душан Влаховиќ на „Сантиаго Бернабеу“.

Приоритет на „кралевите“ на лето ќе биде доведување на врвен напаѓач кој ќе може да биде долгорочна замена за Бензема, а изборот паднал токму на Влаховиќ. Србинот игра одлично во Јувентус, но е спремен да ја промени средината после казната која ја доби италијанскиот клуб, па најверојатно ќе остане без настап во Лигата на шампиони.

Јувентус има финансиски проблеми, па исто така е спремен да слушне понуди, а Реал веќе имал средба со агентот на Србинот.

Реал е спремен за потписот на Влаховиќ да понуди 90 милиони евра, сума која најверојатно ќе ги задоволи апетитите на Јувентус.


Салах сака да го напушти Ливерпул на крајот од сезоната

Мохамед Салах неодамна го продолжи договорот со Ливерпул, но би можел да го напушти клубот на крајот на сезоната.

Ливерпул игра лоша сезона и големи се шансите на крајот да остане без пласман во Топ 4 и играње во Лигата на шампиони. Поради тоа Салах сериозно размислува да ја промени средината на крајот на сезоната. Ливерпул верува дека сега е вистинско време за продажба на 30-годишниот крилен напаѓач.

Најсилен интерес за Египќанецот покажуваат ПСЖ, Јувентус и Милан, а се претпоставува дека Ливерпул ќе се согласи да го пушти за сума од 60 милиони фунти.

Сепак, неговата висока плата би била проблем за италијанските клубови, па поради тоа ПСЖ е фаворит за потписот.


Диого Коста најсериозен кандидат за замена на Де Геа на „Олд Трафорд“

Манчестер Јунајтед, кој преговара за нов договор со голманот Давид де Геа, останува заинтересиран да го повика во тимот голманот на Порто, Диого Коста, објави „А Бола“.

23-годишниот Коста во ноември го продолжи договорот со сегашниот тим до летото 2027 година. Португалскиот голман сега има ослободителна клаузула од 75 милиони евра Коста беше главен голман во португалската репрезентација на Светското првенство во Катар. Диого Коста оваа сезона за Порто прими 19 гола на 26 натпревари и 13 пати ја одржуваше мрежата чиста.

32-годишниот Де Геа е во Манчестер Јунајтед од 2011 година. Неговиот актуелен договор со тимот истекува на крајот од сезоната.


Милан ќе го врати Дест во Барса по едногодишната позајмица

Сержињо Дест готово сигурно на крајот на сезоната ќе го напушти клубот, пренесуваат италијанските медиуми.

Дест е на позајмица во италијанскиот гигант од Барселона, но не ги задоволи барањата од тренерот и на лето ќе се врати на „Камп Ноу“. Дест до сега запиша 14 настапи, а само три пати се најде во стартниот тим. Притоа, тренерот Пиоли не го пријави десниот бек за настапите во Лигата на шампиони.

Милан има опција да го откупи на лето за 20 милиони евра, но веќе донесе одлука да не ја искористи таа опција.