feature

Де Ла Фуенте го враќа Рамос во репрезентацијата

После две години отсуство од националниот тим поради лошите односи со екс-селекторот Луис Енрике, Серхио Рамос повторно би можел да биде дел од „црвената фурија“, најавуваат шпански медиуми.

Луис Де ла Фуенте, доскорешниот селектор на младинската репрезентација го наследи Луис Енрике и наскоро ќе треба да го објави списокот за стартот на евроквалификациите, а според шпанските медиуми, веќе разговарал со Рамос за евентуално враќање на искусниот стопер во националниот тим.

Ова и самиот Де ла Фуенте го признал меѓу редови, посочувајќи дека ќе го избира најдоброто и секој што е во најдобра форма за да помогне, без притоа да ги дели фудбалерите, на стари или млади.


Париз Сен Жермен на лето го продава Нејмар

Францускиот весник „Паризијен“ пренесува дека челниците на Париз Сен Жермен донеле одлука на крајот од сезоната да го продадат Бразилецот Нејмар.

Оваа одлука била донесена поради бројните проблеми кои Нејмар ги правел со соиграчите, но и со спортскиот директор Луис Кампос.

Имено, бразилскиот напаѓач после поразот на ПСЖ од Монако направил хаос во соблекувалната, бидејќи прво имал расправија со соиграчите, а потоа вербално го нападнал и директорот Кампос.

Француските медиуми потсетуваат дека ова не е прв инцидент на Нејмар, но овај пат расправиите нема да му се простат.

Нејмар во ПСЖ е веќе шест години, каде пристигна од Барселона за рекордни 222 милиони евра. За популарните „светци“ има постигнато 117 голови на 171 натпревар.


Ѓоковиќ на една недела до апсолутниот рекорд на Штефи Граф

Новак Ѓоковиќ денес ја започна својата 376-та недела на врвот на АТП листата. Ѓоковиќ продолжи да го зголемува сопствениот рекорд во машкиот тенис по бројот на недели поминати на врвот на светскиот тенис.

Тој се врати на првото место пред две недели, откако ја освои десеттата титула на Австралија опен и во исто време стигна до својот 22. Грен слем трофеј.

Новак следниот понеделник ќе го израмни апсолутниот рекорд по број на недели на првото место, кој го држи поранешната германска тенисерка Штефи Граф со 377 недели на чело на ВТА листата. Јасно е и дека Србинот за две недели ќе стане апсолутен рекордер, бидејќи нема шанси некој да го престигне. На првото место Новак има 7070 бодови што е за 340 повеќе од младиот Шпанец Карлос Алкараз кој ќе игра на АТП турнирот во Буенос Аирес. Тој турнир е од серијата 250, па и да го освои, првото место на Новак нема да биде загрозено.


Хатебур сериозно се повреди и предвреме ја заврши сезоната

Фудбалерот на Аталанта, Ханс Хатебур, поради повреда на коленото ја заврши сезоната. Хатебур се повреди во сабоата, во победата на Аталаната над Лацио во Рим од 2-0.

Аталанта објави дека Хатебур ги скинал предните вкрстени лигаменти во десното колено. Фудбалерот ќе биде опериран денеск во Рима.

„Кога предниот вкрстен лигамент ќе ја уништи одличната вечер во Рим“, напиша 29-годишниот холандски фудбалер на Инстаграм.

Хатебур постигна два гола и забележа една асистенција на 19 настапи во сите натпреварувања оваа сезона.


Вармерен од Антверпен на мета на Тен Хаг и Јунајтед

Артур Вармерен е некој од кого во иднина се очекуваат големи работи, а играчот за врска на Антверпен е на мета и на големите клубови во Европа.

Засега Манчестер Јунајтед е тимот кој најмногу покажа интерес за него и кој наводно на лето е спремен да плати околу 20 милиони евра. Белгиецот докажа дека се работи за голем потенцијал кој одлично игра како последен играч за врска. Во Антверпен го тренериа легендарниот играч за врска Марк Ван Бомел.

Вармерен кај Ван Бомел е стартер на секој натпревар од завршувањето на Мундијалот и јасна е е намерата на клубот дополнително да му ја подигне цената.

Треба да се напомене дека Антверпен има одлична соработка со Манчестер Јунајтед кога го водеше Сер Алекс Фергусон, неколку фудбалери беа на позајмица во тој клуб, меѓу кои се Џон Ошеј и и Џони Еванс.


Се повреди Тиаго, нови грижи за Јирген Клоп

На проблемите во Ливерпул им нема крај, бидејќи тимот најверојатно ќе остане и без Тиаго Алкантара неколку недели. Шпанецот се повреди на тренинг и според „Телеграф“ нема да игра околу еден месец. Играчот од средниот ред ќе го пропушти дербито против Евертон денеск и неколку натпревари потоа.

Тиаго се мачеше со повреди во текот на целата сезона, пропуштајќи 6 натпревари на почетокот. „Црвените“, пак, генерално имаат потешкотии на средината на теренот, а сега губат важна фигура токму на овој простор.

Шпанецот им се придружи на Вирџил ван Дијк, Луис Дијаз, Диого Жота, Ибрахима Конате и Роберто Фирмино кои веќе некое време се опоравуваат од повреди.


Работнички го врза талентот Фетаи на уште четири години договор

Големиот талент Фета Фетаи потпиша професионален договор со македонскиот прволигаш Работнички.

Тинејџерот е во првата екипа од почетокот на сезоната, веќе дебитираше за „романтичарите“ кои во него гледаат светла иднина, па поради тоа беше официјализиран договор за наредните четири сезони.

Фетаи кој е играч од средината на теренот е уште еден од плејадата талентирани фудбалери кои потекнуваат од школата на клубот и добиваат свое место во сениорскиот тим.

Работнички вториот дел од шампионатот во Првата лига ќе го започне на 19 февруари со гостување во Прилеп кај Победа.


Вилфред Бони потпиша за клуб од Боливија

Вилфред Бони пронајде нов ангажман и ќе игра во Боливија, во прволигашот Олвејс Реди.

Свонси во Европа настапуваше за Спарта, Витесе, Свонси, Манчестер Сити и Стоук, а откако започна падот во неговата кариера продолжи да игра во Азија во Ал Араби и Ал Атихад.

Се врати во Европа во холандскиот Нец Нијмеген во 2022 година, меѓутоа не играше поради многу повреди.Еден период беше на проба и во пониските лиги во Англија.

Откако го раскина договорот со НЕЦ како 33-годишник потпиша за боливискиот клуб кој е трикратен шампион на оваа земја.


Кинезот Ву спаси четири меч топки и го освои турнирот во Далас

Јибинг Ву стана првиот тенисер од Кина кој освоил АТП титула. Ву го освои турнирот во Далас од серијата 250 во Далас.

Кинескиот тенисер ја доби драмата со домашн9от тенисер Џон Изнер. Во мечот немаше ниту еден брејк, Изнер забележа 44 ас сервиси, Ву спаси четири меч топки и на крајт победи со 6:7 (4), 7:6, (3), 7:6 (12).

Во, го освои јуниорскиот Ју-ес опен во сингл и дубл во 2017 година, важеше за голем талент, но поради разни повреди не играше од март 2019 до јануари 2022.


Бентакур сериозно се повреди, го чека долга пауза

Бентакур на мечот со Лестер постигна гол за водство на Тотенхем од 1-0, а потоа неговиот тим прими четири погодоци.

Сепак, тој се повреди во 65. минута и мораше да го напушти теренот.

Денешните детални прегледи покажаа скинати лигаменти. Тој ќе паузира од шест до осум месеци. За него оваа сезона дефинитивно е завршена, а нејасно е ни дали ќе може да ја почне следната.