feature

Кинезот Ву спаси четири меч топки и го освои турнирот во Далас

Јибинг Ву стана првиот тенисер од Кина кој освоил АТП титула. Ву го освои турнирот во Далас од серијата 250 во Далас.

Кинескиот тенисер ја доби драмата со домашн9от тенисер Џон Изнер. Во мечот немаше ниту еден брејк, Изнер забележа 44 ас сервиси, Ву спаси четири меч топки и на крајт победи со 6:7 (4), 7:6, (3), 7:6 (12).

Во, го освои јуниорскиот Ју-ес опен во сингл и дубл во 2017 година, важеше за голем талент, но поради разни повреди не играше од март 2019 до јануари 2022.


Бентакур сериозно се повреди, го чека долга пауза

Бентакур на мечот со Лестер постигна гол за водство на Тотенхем од 1-0, а потоа неговиот тим прими четири погодоци.

Сепак, тој се повреди во 65. минута и мораше да го напушти теренот.

Денешните детални прегледи покажаа скинати лигаменти. Тој ќе паузира од шест до осум месеци. За него оваа сезона дефинитивно е завршена, а нејасно е ни дали ќе може да ја почне следната.


Крос остави дилеми околу својата иднина во Реал

Иднината на Тони Крос е главна тема во Шпанија бидејќи неговиот договор со Реал Мадрид истекува на крајот на сезоната.

Реал му понуди продолжување на соработката, но Крос се уште не става потпис, а за тоа не се причина финансиите, туку планира да стави крај на кариерата.

Раководството на шпанскиот гигант преговара со Крос, но очигледно не го разубедиле од идејата да замине во пензија.

„Реалноста е дека се уште размислувам. Постојано сум во контакт со клубот и сакаме да ги решиме овие работи. Ќе кажам што сум решил кога одлуката ќе биде конечна. Разгледувам многу работи“, кажа Крос.


Малдини: Не грижете се, работиме на нов договор со Леао

Спортскиот директор на Милан, Паоло Малдини излезе во јавноста со коментар околу судбината на Рафаел Леао кој се ушт ене го има продолжено договорот со клубот.

Португалскиот офанзивец кој е меѓу најдобрите играчи на „росонерите“ има договор со клубот до 2024 година и доколку не го продолжи лесно може да се случи на лето да си замине од „Сан Сиро“ по прифатлива цена за заинтереисраните клубови.

Паоло Малдини потврди дека во моментов не се предвидени средби со претставниците на играчот на кои би се дискутирало продолжување на соработката, иако тие работат на тоа.

„Работиме на нов договор за Леао. Двете страни сме на иста линија, а сега не е вистински момент да мислиме на потпишување на истиот. Во моментов не се закажани никакви средби, но лесно може тоа да се случи преку видеоповик“, изјави Паоло Малдини.


Аргентинец дојде во Струмица, Нахуел Франко потпиша за Академија Пандев

Maкедонскиот вицешампион доведе комплетно нов тим во овој зимски преоден рок и единаесеттото ново име во Струмица е Нахуел Франко кој пристигнува од земјата на светскиот шампион, Аргентина.

Аргентинецот во Академија Пандев пристигнува од Росарио Централ каде што ја помина комплетната младинска школа. Со струмичкиот клуб потпиша договор на две ипол години.

„21-годишниот аргентински интернационалец стави потпис на две и пол годишен договор со Академија Пандев. Доаѓа од аргентинскиот прволигаш Росарио Централ, каде ја има поминато и целата младинска школа. Франко игра на позициите лев бек и лев централен дефанзивец. Со овој трансфер ја завршивме реконструкцијата на тимот за пролетниот дел од првенството. Добредојде Франко!“, објавија од Академија Пандев.


Наби Кеита во јуни се сели во Милан без ниту едно евро

Милан е сериозно заинтересиран да го ангажира играчот од средниот ред на Ливерпул, Наби Кеита и тоа како слободен играч во текот на летото.

„Росонерите“ во Кеита гледаат идеална опција за засилување на средината на теренот. Претходно стана јасно дека играчот од средниот ред на Ливерпул ќе го напушти клубот на крајот на сезоната, кога ќе му истече договорот со „црвените“.

27-годишниот Наби Кеита беше купен од Ливерпул од РБ Лајпциг во летото 2018 година за 60 милиони евра.


Тотенхем нема да го откупи договорот на Ленгле од Барселона

Toтенхем нема да го откупи договорот на Клемент Ленгле од Барселона. Французинот минатото лето пристигна на едногодишна позајмица од Баерн Минхен, но Тотенхем нема да ја искористи опцијата за откуп.

Ленгле не го убедил Конте дека е вистинско решение на позицијата лев стопер, напротив, навивачите се сложни дека Бен Дејвис е подобра опција на тоа место. Барса се надеваше дека Тотенхем ќе го откупи затоа што не е во плановите на Чави.

Чави веќе има четворица квалитетни стопери во ротација, тоа се Роналд Араухо, Жил Кунде, Андреас Кристенсен и Ерик Гарсија, па така Ленгле ќе мора да бара нов клуб. Исто така извесно е дека на Конте примарна цел на лето ќе му биде нов стопер бидејќи нема премногу доверба ниту во Дејвисон Санчез.

Во Барселона Ленгле стигна од Севиља летото 2018 година за 35 милиони евра и беше одличен во првата сезона, но потоа целосно падна во последните две сезони.



Серхи Роберто ќе добие нов договор во Барселона


Тренерот на Барселона, Чави, откри дека клубот е блиску до
потпишување нов договор со играчот од средниот ред Серхи Роберто.
Актуелниот договор со шпанскиот играч истекува на крајот од
сезоната.

„Тој е многу важен за тимот, може да игра на различни позиции.
Многу пати инсистирав да остане. Многу сме блиску до потпишување
на нов договор со Серхи“, изјавил Чави за „Мундо Депортиво“.


Стомачен вирус го покоси ПСЖ баш пред мечот со Баерн

Поголем број од фудбалерите на ПСЖ имаат симптоми на вирусна инфекција, јавија француските медиуми.

Според информациите, на неколку играчи на главниот тим на парижани утрово им била дијагностицирана цревна болест. Симптомите на вирусот се повраќање, абдоминална болка и замор. Во моментов не е познат степенот на заразите, но се забележува дека тренерот на ПСЖ, Кристоф Галтие може да направи неколку промени во тимот со Баерн.

ПСЖ поради повреди од претходно не може да смета на Меси и Мбапе.


Немања Видиќ се кандидира за претседател на Српската фудбалска федерација

Некогашниот српски фудбалер Немања Видиќ ги информира медиумите дека поднел кандидатура за претседател на Фудбалскиот сојуз на Србија.

Видиќ испрати мејл до претставниците на медиумите во кој вели дека неговите мотиви за кандидатура се чисто патриотски и дека се надева оти делегатите кои го поддржале „нема да подлегнат на притисокот со кој се соочуваат“.

„Би сакал да ја искористам оваа прилика да ја информирам јавноста во Србија, пред се фудбалската јавност, дека откако дознав дека се распишани изборите за претседател на Фудбалскиот сојуз на Србија, донесов одлука дека сакам да се кандидирам, со оглед на тоа што го исполнив условот да бидам пратеник во Собранието и имам поддршка од пет делегати, кои се надевам дека нема да подлегнат на притисокот со кој се соочуваат. Верувам во исправноста на моите цели, а тие се јасни, исклучиво патриотски. Сакам да се обединиме, а не да се делиме. Верувам затоа што мислам дека можам на мојата Србија да и ги понудам вредностите што ме красеа како фудбалер“, напиша меѓу другото Видиќ.