feature

Мексико има нов фудбалски селектор

Аргентинскиот тренер Диего Кока е назначен за нов селектор на фудбалската репрезентација на Мексико.

50-годишниот Кока на оваа позиција ќе го замени својот сонародник Тата Мартино на кого после Светското првенство во Катар му заврши договорот со сојузот.

Новиот селектор ќе ја води селекцијата на Мексико до следното Светско првенство во фудбал во 2026 година. Тој претходно беше тренер на мексиканскиот клуб Тигрес, а во Аргентина го има водено Расинг.


Тиаго Силва го продолжи договорот со Челзи до 2024.година

Бразилскиот дефанзивец Тиаго Силва го продолжи договорот со фудбалскиот клуб Челзи до летото 2024.година.

„Среќен сум што ја продолжувам својата кариера во Челзи. Кога го потпишував мојот прв договор овде мислев дека ќе останам само една сезона, а сега веќе стануваат четири. Никогаш не замислував дека ќе останам вака долго на „Стенфорд Бриџ“, и ова е навистина голема чест за мене.

Оваа сезона Силва во дресот на Челзи има остварено 24 настапи, а вкупно Бразилецот има запишано 106 натпревари и постигнато пет гола.

https://twitter.com/ChelseaFC/status/1624161625149415425?s=20&t=u4sABGyZNoSBdALPIHmdxw

Бразилците демантираат дека имаат договор со Анчелоти

Фудбалската конфедерација на Бразил, ја демантира веста дека постигнала договор со тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, за преземање на селекторското место во репрезентацијата.

Во соопштението на бразилската конфедерација се наведува дека ваквата вест е лажна, и дека прашањето за нов селектор се решава на транспарентен начин. Доколку се донесе одлука за избор на селектор, тогаш неговото име ќе биде објавено во јавноста.

Самиот Анчелоти претходно има изјавено дека негова цел е да остане на клупата на Реал Мадрид до истекот на неговиот договор во 2024.година.


Лотито сака преголеми пари за ветеран, Интер со потешкотии да го откупи Ачерби

Интер сака да го откупи дефанзивецот Франческо Ачерби на крајот на сезоната, но претседателот на Лацио ги налути „нероаѕурите“.

Имено, Лотито за откуп на Ачерби бара 4 милиони евра, а Интер смета дека таа сума е превисока за еден 35-годишник. Ачерби влезе во расправија со раководството на Лацио минатото лето и беше исфрлен од тимот, па Интер ја искористи ситуацијата и го доведе на позајмица.

Дефанзивецот игра добра сезона, па Интер сака да го задржи, но Марота смета дека сумата која ја бара Лацио е превисока и е спремен да плати само 1 милион.

Лотито е познат како тежок преговарач, но двата клуба имаат доволно време до крајот на сезоната да најдат заеднички јазик.


Гаљардо можен нов менаџер на Лидс Јунајтед

Лидс ја раскина соработката со Џеси Мараш, а во натпреварот против Јунајтед на клупата беше Скубал и добро се покажа освои бод, Лидс беше дури и пред голема победа.

Сепак, во клубот бараат долгорочно решение, се споменуваше Раул, кој сепак ја одби понудата и не сакаше да го напушти вториот тим на Реал Мадрид. Потоа се појави и името на Покетино, па Биелса…Сега јужноамериканските медиуми се погласно шпекулираат за Марсело Гаљардо.

Аргентинскиот стратег во претходните осум години го водеше Ривер и кон крајот на минатата година стана слободен. Гаљардо се споменуваше како можен нов тренер на Барселона, но Каталонците сепак се одлучија за други решенија.


Луис Алберто најави заминување од Лацио

Фудбалерот на Лацио, Луис Алберто, доби две понуди да се врати во првенството на Шпанија но, реши да остане во најмала рака до крајот на сезоната во Серија А.

„Не сакам на лош начин да си заминам од Лацио. Прво ќе разговарам со претседателот, со спортскиот директор и со тренерот. До последниот ден ќе дадам се за Лацио.

Во Сeрија А има само четири тима кои играат европски фудбал. Наполи, Лацио, Сасуоло и Фиорентина“, кажа како размислува Алберто.


Барса преговара со Алехандро Балде за нов договор

Барселона ги започна преговорите за нов договор на младиот талент, Алехандро Балде, пренесуваат каталонските медиуми.

Договорот на 19-годишниот Балде е приоритет за Каталонците. Левиот бек игра одлична сезона и до сега одигра 22 меча, а беше повикан и на Мундијалот.

Неговиот договор истекува во 2024 година, па на лето ќе влезе во последната година од договорот. Поради тоа Барселона сака што поскоро да ја продолжи соработката, бидејќи за Шпанецот интерес покажуваат мнигу европски клубови.

Каталонците започнале преговори за продолжување на договорот до 2027 година и зголемување на платата на младиот дефанзивец.


Чалоба од Челзи е замената за Шкрињар во Интер

Примарна цел на Интер во летниот преоден рок ќе биде доведување на дефанзивец кој ќе го замени Милан Скриниар.

„Нероаѕурите“ веќе ја почнаа потрагата, а најново име на списокот е дефанзивецот на Челзи, Тревор Чалоба. Чалоба е младински репрезентативец на Англија, може да игра на повеќе позиции во одбраната и поради тоа е голема желба на миланскиот гигат.

Челзи веќе ги доведе Фофана и Бадијачиле, па минутажата на Чалоба значително се намали е поради тоа е спремен да го пушти дефанзивецот.

Интер ќе треба да ја победи конкуренцијата бидејќи за Англичанецот силен интерес покажува и Милан. Цената на Чалоба во моментов изнесува помеѓу 20 и 25 милиони евра.


Се враќаат повредените, Жота и Артур спремни за настап

По серијата разочарувачки резултати, Јирген Клоп доби добри вести. Диого Жота ги продолжи тренинзите со тимот, а Јирген Клоп се надева дека неговото враќање ќе му помогне на тимот да излезе од кризата и дека ќе почне да победува.

Португалскиот репрезентативец нема играно од октомври кога заработи повреда против Манчестер Сити. Повредата го спречи да учествува на Светското првенство во Катар. Сепак, Жота сега е во комбинација и најверојатно ќе му биде на располагање на Клоп за дербито со Евертон во понеделник.

На денешната тренинг сесија учествуваа и Вирџил ван Дијк и Роберто Фирмино, кои пред неколку дена продолжија со тренинзите, но се уште се подготвуваат на индивидуална основа. Артур Мело за прв пат по долго време учествуваше во работата на тимот на цел тренинг.


Кјетил Кнудсен фаворит за тренерското место во Лидс

Тренерот на норвешки Бодо/Глимт, Кјетил Кнутсен е главен фаворит за испразнетото место на клупата на англиски Лидс Јунајтед.

Кјетил Кнутсен е на листата на желби на Англичаните, кои се во потрага по нов тренер откако му врачија отказ на Џеси Марш. 54-годишниот Кнутсен е меѓу имињата на кои клубот моментално се фокусира, откако тренерот на Вест Бромвич Карлос Корберан и тренерот на Рајо Ваљекано Андони Ираола ја одбија работата.

Во комбинација останува и актуелниот тренер на холандски Феенорд, Арне Слот.