feature

Луис Алберто најави заминување од Лацио

Фудбалерот на Лацио, Луис Алберто, доби две понуди да се врати во првенството на Шпанија но, реши да остане во најмала рака до крајот на сезоната во Серија А.

„Не сакам на лош начин да си заминам од Лацио. Прво ќе разговарам со претседателот, со спортскиот директор и со тренерот. До последниот ден ќе дадам се за Лацио.

Во Сeрија А има само четири тима кои играат европски фудбал. Наполи, Лацио, Сасуоло и Фиорентина“, кажа како размислува Алберто.


Барса преговара со Алехандро Балде за нов договор

Барселона ги започна преговорите за нов договор на младиот талент, Алехандро Балде, пренесуваат каталонските медиуми.

Договорот на 19-годишниот Балде е приоритет за Каталонците. Левиот бек игра одлична сезона и до сега одигра 22 меча, а беше повикан и на Мундијалот.

Неговиот договор истекува во 2024 година, па на лето ќе влезе во последната година од договорот. Поради тоа Барселона сака што поскоро да ја продолжи соработката, бидејќи за Шпанецот интерес покажуваат мнигу европски клубови.

Каталонците започнале преговори за продолжување на договорот до 2027 година и зголемување на платата на младиот дефанзивец.


Чалоба од Челзи е замената за Шкрињар во Интер

Примарна цел на Интер во летниот преоден рок ќе биде доведување на дефанзивец кој ќе го замени Милан Скриниар.

„Нероаѕурите“ веќе ја почнаа потрагата, а најново име на списокот е дефанзивецот на Челзи, Тревор Чалоба. Чалоба е младински репрезентативец на Англија, може да игра на повеќе позиции во одбраната и поради тоа е голема желба на миланскиот гигат.

Челзи веќе ги доведе Фофана и Бадијачиле, па минутажата на Чалоба значително се намали е поради тоа е спремен да го пушти дефанзивецот.

Интер ќе треба да ја победи конкуренцијата бидејќи за Англичанецот силен интерес покажува и Милан. Цената на Чалоба во моментов изнесува помеѓу 20 и 25 милиони евра.


Се враќаат повредените, Жота и Артур спремни за настап

По серијата разочарувачки резултати, Јирген Клоп доби добри вести. Диого Жота ги продолжи тренинзите со тимот, а Јирген Клоп се надева дека неговото враќање ќе му помогне на тимот да излезе од кризата и дека ќе почне да победува.

Португалскиот репрезентативец нема играно од октомври кога заработи повреда против Манчестер Сити. Повредата го спречи да учествува на Светското првенство во Катар. Сепак, Жота сега е во комбинација и најверојатно ќе му биде на располагање на Клоп за дербито со Евертон во понеделник.

На денешната тренинг сесија учествуваа и Вирџил ван Дијк и Роберто Фирмино, кои пред неколку дена продолжија со тренинзите, но се уште се подготвуваат на индивидуална основа. Артур Мело за прв пат по долго време учествуваше во работата на тимот на цел тренинг.


Кјетил Кнудсен фаворит за тренерското место во Лидс

Тренерот на норвешки Бодо/Глимт, Кјетил Кнутсен е главен фаворит за испразнетото место на клупата на англиски Лидс Јунајтед.

Кјетил Кнутсен е на листата на желби на Англичаните, кои се во потрага по нов тренер откако му врачија отказ на Џеси Марш. 54-годишниот Кнутсен е меѓу имињата на кои клубот моментално се фокусира, откако тренерот на Вест Бромвич Карлос Корберан и тренерот на Рајо Ваљекано Андони Ираола ја одбија работата.

Во комбинација останува и актуелниот тренер на холандски Феенорд, Арне Слот.


Шести пат Сон е азиски фудбалер на годината

Напаѓачот на Тотенхем, Хјун-Мин Сон, ја доби наградата за најдобар азиски фудбалер за 2022 година. Јужнокорејецот зад себе ги остави напаѓачот на Порто, Мехди Тареми и играчот на Ал Хилал, Салем Ал-Даусари.

Сон не ја има својата најдобра сезона, но минатата година стана најдобар стрелец во Премиер лигата заедно со Мохамед Салах.

Напаѓачот се повреди, но успеа да се опорави за да учествува на Светското првенство во Катар, каде Јужна Кореја ја помина групната фаза и испадна во осминафиналето по поразот од Бразил.


Маркињос: Овој пораз боли, да замолкнеме и да продолжиме да работиме

По поразот од Олимпик Марсеј и елиминацијата во Купот на Франција, дефанзивецот на парижани, Маркињос изјави дека сега е време да замолчат и да се фатат за работа.

„Знаевме дека сакаат да не притиснат високо, но не успеавме да се разиграме преку нивните слободни простори. Направивме многу грешки, што скапо не чинеше. Ова е пораз кој навистина боли, бидејќи е Куп натпревар и против еден од нашите големи ривали. Има некои работи кои јасно треба да ги исправиме. Време е да замолчиме и да се собереме ако сакаме да ги постигнеме нашите цели оваа сезона“, вели Маркињос.


Дрес на Коби Брајант продаден за огромни 5.8 милиони долари

Дрес кој му припаѓаше на кошаркарската суперѕвезда Коби Брајант, со потпис од починатиот играч, на аукција е продаден за огромни 5.8 милиони американски долари.

Аукциската куќа која ја организираше продажбата, нагласува дека Брајант дресот со број 24 го носел во сезоната 2007/08, кога тој беше МВП на НБА лигата.

Ова е рекордна продажба на аукциски меморабилии кои му припаѓале на поранешниот играч на ЛА Лејкерс. Претходно, во 2021 година негов дрес со потпис кој кошаркарот го носел во сезоната 1996/97, беше продаден за 3.7 милиони долари.


ФИФА го продолжи преодниот рок во Турција заради земјотресот

ФИФА го прифати барањето на Фудбалскиот сојуз на Турција за продолжување на преодниот рок во земјата поради катастрофата од земјотресот. Вчера требаше да се затвори преодниот рок на Турција, но Фудбалскиот сојуз на земјата во понеделникот поднесе барање до ФИФА за продолжување на истиот поради катастрофата од земјотресот која ги зафати Турција и Сирија.

ФИФА го прифати барањето, откако Фудбалскиот сојуз на Турција истакна дека земјата е во национална жалост и дека во 10 провинции има вонредна состојба.

Сега преодниот рок во Турција ќе се затвори дури на 18 февруари.


Соборен рекордот на зимскиот трансфер период со потрошени 1,57 милијарди долари

ФИФА објави информација дека фудбалските клубови ширум светот во зимскиот преоден рок потрошиле 1,57 милијарди долари, и реализирани се 4.387 трансфери.

Овај потрошен износ е за 230 милиони долари повисок од досегашниот рекорд од јануари 2018.година. Бројот на трансфери во машкиот фудбал порасна за 14,4 одсто во однос на истиот период од 2022.година.

Најмногу пари потрошиле англиските клубови, 898,6 милиони долари, што претставува 57,3 одсто од вкупната потрошувачка.