feature

Каварацхелија интересен за Сити, Пеп спремен да понуди сто милиони евра

Пеп Гвардиола ја посочил ѕвездата на Наполи, Квича Кварацхелија како примарна трансфер цел за следното лето.

Кварацхелија со своите партии во дресот на Наполи го воодушеви фудбалскиот свет и покажа дека може да биде нова голема фудбалска ѕвезда. Наполи за неговиот потпис плати 10 милиони евра, а Грузицот до сега постигна 10 гола и 14 асистенции на 22 меча во сите натпреварувања.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Гвардиола нема да жали пари за да го довесе на „Етихад“ и го одредил Кварцхелија како примарна трансфер цел на лето.

Сити е спремен да понуди 100 милиони евра за неговиот потпис, што е десет пати повеќе од сумата која за него ја плати Наполи.


Вртоглав скок на акциите на Манчестер Јунатед на берзата

Акциите на Манчестер Јунајтед пораснаа за цели 17% по веста дека група катарски инвеститори се подготвуваат да поднесат многу сериозна понуда за купување на клубот.

„Дејли Мејл“ утрово ексклузивно откри дека претставници од Катар ќе испратат понуда до Глејзерс во наредните денови и се уверени дека оваа операција ќе успее. Катарците се подготвени да направат сериозни инвестиции во клубот доколку станат сопственици. Освен тоа, ќе се соочат и со еден многу сериозен проект, реновирање на „Олд Трафорд“ или изградба на нов модерен објект. Групацијата од Катар би му обезбедила и сериозни финансии на Ерик Тен Хаг за следниот летен преоден рок.

Очигледно, сите овие вести многу влијаеа за да се зголеми цената на клубот за речиси една петтина за само неколку часа. Сите потенцијални понуди за „црвените ѓаволи“ се очекува да пристигнат во наредните денови, по што ќе започнат преговорите.


Столе Димитриевски на чекор до рекорд во шпанската лига

Столе Димитриевски брани во фантастична форма на голот на Рајо Ваљекано, а со неговите добри настапи на голот и Рајо бележи добри резултати, па се бори дури и за излез во Лигата на шампионите.

Каква е формата на Димитриевски доволно зборува што само Тер Штеген е пред него кога во прашање се „чистите мрежи“ оваа сезона во Ла Лига. Зад Димитриевски се голмани како Тибо Куртао, Унаи Симон, Јан Облак…

Сега Димитриевски е многу блиску и до клупски рекорд на Рајо. Имено, ако македонскиот голман не прими гол на три средби во преостанатите 18 натпревари ќе ги надмине клупските рекордери. Пред него со девет е Рубен Мартинез од сезоната 2013/14, додека на врвот е Контрерас од сезоната 1996/97.

Димитриевски својата мрежа досега во првенството ја сочува. Двапати против Барселона, Еспањол, Гетафе, Севиља, Селта Виго, Ваљадолид, Виљареал и Алмерија.


Баерн не платил ни евро за Кансело, но за откуп мора да издвои 70 милиони евра

Спортскиот директор на Баерн Минхен, Хасан Сачлихамиџиќ потврди дека клубот не платил ништо за трансферот на Жоао Кансело.

Португалскиот дефанзивец во последниот ден од преодниот рок го напушти Манчестер Сити и се пресели во Баерн на позајмица, а Баварците ќе можат да го откупат на лето за 70 милиони евра.

„Фактот дека трансферот на Кансело се случи без да потрошиме никакви пари се должи на добрите односи меѓу двата клуба“, изјави Салихамиџиќ.

Англиските медиуми пренесуваат дека Кансело самиот побарал трансфер после конфликтот со Пеп Гвардиола.


ПСЖ нема да го продолжи договорот со Рамос

Играчот од одбраната на Париз Сен Жермен, Серхио Рамос, следната сезона најверојатно ќе ја напушти екипата, бидејќи челниците на клубот по се изгледа дека нема да му понудат нов договор.

Според објавите од шпанските медиуми, постојат голем број на клубови кои би сакале да го доведат Рамос во своите редови, а меѓу нив како најсериозни се издвојуваат екипите од  американската МЛС лига, но и некои тимови од Саудиска Арабија.

Местото на Рамос во ПСЖ се очекува да го пополни Милан Шкрињар кој наредното лето ќе го засили тимот од Париз.


Мартинез, Боно и Куртоа финалисти за наградата најдобар голман според ФИФА

Меѓународната фудбалска федерација- ФИФА, соопшти дека Аргентинецот Емилијано Мартинез, Мароканецот Јасин Боно и Белгиецот Тибо Куртоа се финалисти за наградата најдобар голман во 2022.година.

Мартинез е освојувач на титулата од СП во Аргентина и беше прогласен за најдобар голман на турнирот.

Боно беше предводник на мароканската репрезентација која на Мундијалот во Катар го направи најголемото изненадување и стана првата афричка репрезентација која стигнала до полуфинале на Светско првенство.

Тибо Куртоа заедно со Реал Мадрид минатата година по 14-ти пат ја освои титулата во Лигата на шампионите, и може да се каже дека голманот беше еден од најзаслужните поединци за освојувањето на трофејот.

Церемонијата за доделување на ФИФА наградата ќе се одржува на 27.февруари во Париз.


Барселона ќе мора да го намали буџетот за 200 милиони евра

Челниците на шпанската Ла Лига ги известиле одговорните во Барселона дека клубот ќе мора да го намали својот буџет за плати за да не дојде во проблеми околу Финансискиот фер-плеј.

Ситуацијата во Барселона налага клубот да мора да го смали својот буџет за 200 милиони евра, а тоа ќе значи дека на лето ќе мора да продаде некои од своите играчи кои примаат високи плати.

Во центарот на вниманието се играчите Френки де Јонг, и Ансу Фати кои минатото лето беа трансфер мети на Манчестер Јунајтед.

Де Јонг има договор со клубот до 2026.година, и за негови плати во наредните сезони клубот ќе треба да идвои околу 88 милиони евра. Вредноста на Ансу Фати клубот ја проценува на 101 милион евра, а фудбалерот има неделна плата од 225 илјади евра.

Барселона ќе се обиде да го намали буџетот за плати и со заминувањето на Бускетс, Џорди Алба, Серхио Роберто и Франк Кеси.


Нкунку после пауза од три месеци повторно тренира со Лајпциг

Фудбалерот на Лајпциг Кристофер Нкунку, после пауза од скоро три месеци поради повреда на коленото, повторно се врати на тренинзите со екипата.

Нкунку се повреди на 15.ноември, поради што го пропушти настапот за Франција на Светското првенство во Катар. Францускиот напаѓач тренираше со своите соиграчи од Лајпциг, но уште не е познато кога точно ќе биде подготвен за натпревари.

Германските медиуми тврдат дека Нкунку би требало да се најде во тимот на Лајпциг за првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампиони со Манчестер Сити.

25-годишниот Нкунку е член на Лајпциг од 2019.година. а претходно играше за Париз Сен Жермен.


Бенитез кандидат за клупата на Лидс

Рафаел Бенитез, поранешниот менаџер на Ливерпул, Челзи, Реал Мадрид, Њукасл и Евертон, е меѓу потенцијалните кандидати за нов менаџер на Лидс.

62-годишниот Шпанец реално гледано, има биографија со која може да се пофали. Тој ја освои Лигата на шампионите на чело на Ливерпул и Лигата на Европа со Челзи.

Медиумите пишуваат дека за тренерската позиција во Лидс може да конкурираат и Карлос Корберан и Андони Ираола.


Бундеслигашот Хофенхајм назначи нов тренер

Германскиот фудбалски клуб Хофенхајм објави дека за нов тренер го постави Американецот Пелегрино Матарацо.

Матарацо кој е роден во Њу Џерси, од 2017. до 2019.година беше помошник тренер и тренер на младинските категории во Хофенхајм, после што го презеде водењето на првиот тим на Штутгарт.

Тој во октомври минатата година доби отказ на позицијата тренер во Штутгарт, а во Хофенхајм ќе го менува Андреа Брајтенрајтен кој беше сменет поради лошите резултати на клубот.

Хофенхајм се наоѓа на 14.место на табелата во Бундеслигата, со совоени 19 бодови.